Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.254
    Не можам да земам здраво за готово она што ќе ми биде одговорено,но со оглед на фактот дека е речиси 2 по полноќ и сум прилично исплашена,морам да прашам.
    Се бањав и стандардно,си ги чистам ушињата со стапче за уши и од десното,имаше мала количина на крв.Избезумена сум! Да ги будам моите,само паника ќе направам,да фатам да одам сама на дежурен,па не ми стиска ич.Добро од што може да биде?! Јас колку што знам...не е најдобра работава. Дали е возможно од воспалени крајници да биде ова?!И не беше крв ко крв од нос да ти тече,чешма,туку немало ни да забележам ако не ги чистев ушињата.
    Е значи искрено,стварно многу сум исплашена!
     
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.298
    како прво остани смирена, стом не Чуствувас болка и не теЧе као Чесма како сто реЧе, мозеби има поедноставно објаснување.
    кај мене се има слуЧено да имам внатресна мозолка или сл. во уво за која не ни знаев дека постои(имав болка и го утврдија постоењето преку преглед), тие се доста осетливи и мозеби со Чепкалката си ја разранила и пукнала, и како последица на тоа мало колиЧество на крв останало на памукЧето.
    гледај некако сон да те фати веЧерва, и утре поново преиспитај каква ти е состојбата
    ај хопе ол бест
     
  3. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Лилит, можеби си имала некое брунченце минијатурно па со чепкалката си го скинала.
    За некое време чепни пак и види дали ќе има крв.
    Не верувам да е нешто страшно.
     
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Лилит ако е малку,може само да си го изгребала тапанчето,ама ако тече можно е да е пукнато,тогаш мора одма да одиш на лекар (абе испаѓа јас само дека ве плашам со одговорите,ама сепак,на своја рака не се леши секогаш) Ако имаш и голема болка,можно е да си го повредила тапанчето.Ако немаш болка,почекај до утре и провери го пак.Може да е само гребнатинка ако си натиснала повеќе со чепкалчето. А и подобро,ако веќе ти тече крв да ја разбудиш мајка ти и да и кажиш.
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Прво, не паничи. Второ, ако немаш болка, намалување на слухот, вртоглавица не е итна работата. Ако е крвта свежа светло црвена тогаш е нова повреда, ако е потемна скоро и коагулирана тогаш е постара. Можи да се работи за повреда на надворешниот канал или па тапанчето. Можеби е од мала гребнатинка или па некое мозолче внатре кое прснало додека си ги чепкала. Како што кажав ако ги немаш горенаведените симптоми болка, редукција на слух и вртоглавица, тогаш легнувај мирно да си спиеш, и утре пак полека види дали има нешто со стапче за уши, ама многу полека и нежно. Ако има пак крв, добро е да одиш до ОРЛ да се зирни увото, да не се работи за некоја мала почетна инфекција на тапанчето, сепак и тоа не е за паничење. Ако е нешто посериозно има подраматични симптоми, 2 капки крв не е за паника кревање. :)
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.254
    Па не е внатрешна сигурно,затоа што пред две недели некаде ми се случи истото со левото уше и бев на лекар.Докторката као абе ништо не ти е,исто изговор,сигурно е внатрешна мозолка.И јас не обрнав внимание,нешто не бев присутна тука,бев зафатена,не обрнав внимание,пиев антибиотик за настинката,кој не ми ни помогна многу и еве го сега пак...
    Ок,фала ви,утре сака-не сакала одам на ушно,па шо сака нека биде.
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Lilit ова со настинкава ми ги меша брзините мене малку. Многу често се случува настинката/инфекцијата да се префрли на средно уво. Но тоа е прилично болна состојба, а ти не спомна болка. Сепак пред 2 недели ти се случило истото на левото, па сега на десното уво. Вака како што кажуваш не верувам дека се работи за инфекција, но сепак поради настинкава тркни до ушно за секој случај утре. Но за да трчаш по дежурни не е работата, мирно спиј вечерва. :)
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.254
    Не,не,прво ќе одам да се искарам квалитетно,а после ќе одам на ушно.Па добро,ме болеа ушите,ме боли и сега,ко тиштење некое,ама не многу ко што знаело и друг пат да ме боли.На левото и тоа и нагласив,жено не слушам добро,ми шушти од утрово навака,таа не,слушај ме сто посто ти е внатрешна. Абе ај да сум некоја што џмие кај неа у ординација секоја недела.Не сакам доктори да ме прегледуваат,се ужаснувам,одбегнувам да одам за секоја глупост ко некои,оваа мене така! Значи тешко можам да се испаничам дека е нешто страшно.
    Туку ај да не давам цела анамнеза за ситуацијава,зошто имам и други причини зошто да се плашам.Ама у секој случај фала.Ќе се молам за ушна инфекција која се лечи со капки и антибиотик. :?:
    Леле у вакви ситуации го пцијам цел здравствен систем и сите неспособни доктори!!! Доктори у подем,не бидете вакви еден ден кои моите доктори!!!Значи ова те боли,тап упатче,тоа те боли,тап упатче,а не вака!!!
     
    На Divinebutterfly, Offspring и Zlatusko им се допаѓа ова.
  9. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36

    Безбојниот лак ја спречува бизутеријата да рѓоса и да пушта црно ,а често е причина за инфекција на ушите :)
     
  10. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    Како бе лак! :o Немој така! :o
    Ако не премачкај си го увото со лак. :shake: Повеќе ќе ти се воспали, најдобро е обетките да ги дезинфецираш со алкохол, а можеш и пред ставање на обетките и по нивното вадење да ги премачкуваш учите со алкохол.
    Инаку тоа не можеш комплетно да го спречиш, еве и мајка ми има таков проблем, ушето не и прима ништо друго освен злато и сребро, за бижутериа да не чуе - ептен ретко и тоа кога носи ја болат после тоа.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Феминки пак јас. :tmi: Ама исплашена сум.
    Од што може да дојде до слабеење, а апетитот ми е сосема нормален, се си јадам и не пребирам (дури и благо и мрсна храна) Ослабев околу 5 кг во последно време, а не сум држела диети, ниту пак спортувам...
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    123.533
    Kрејзи да не си под стрес? Јас имам периоди кога јадам многу ,а се нервирам,под стрес,мислам дека ќе станам буре од сета храна а јас пак слабеам,а напротив кога сакам да ослабам и не јадам -не мрдам ни кг....
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Можеби си под стрес, од нервоза, брз метаболизам, или несакајќи ги комбинираш состојките во храната кои доведуваат до слабеење. :D
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Периодов сум навистина под стрес, а јас во принцип сум таква личност, константно се нервирам за се и сешто. А имам и ептен брз метаболизам...така што сега малку ме утешивте дека не е нешто опасно. :)
     
  15. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    хмм....е баш ке пробам сега оваа недела што иди ке почнам да пијам таков чај па ке ти кажам ако има ефект..!!! сепак ти благодарам за советот... :*
     
  16. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    162
    Здраво дами и девојќи :) Имам два здраствени проблеми за кои би сакала да слушнам ваше мислење или уште подобро - совет :) Најпрво сакам да прашам: зошто кога водата ми оди на очи, тие почнуваат да ме печат, ми црвенеат и ме тера да ги чешам?? Поради ова никогаш не успеав да пливам правилно бидејќи обавезно водата во морето/езерото ми влегува во очи и јас немам од што да се избришам(секогаш ми треба околу 4-5 мин. за да ги отворам, а пред тоа малку ги тријам со рацете), а исто така кога си го мијам лицето секое утро..без претходно да ги избришам со крпа, не можам да ги отворам? Па дури и кога очите ми се затворени а сум ги измила -(без претходно да ги отворам), водата што останала почнува да ми ги чини горенаведените болки. :( Навистина е неиздржливо и не знам веќе што да правам...
    И второ...имам грчеви (знаете од оние грчеви како нешто да ве стега и ви трепери) во: дланките, стомакот а понекогаш и на вилицата. Имам забележано дека ова ми се случува секогаш кога ми е многу топло и кога многу се смееам (кога нешто ептен ви е смешно и не можете да се контролирате па пукате од смеа покажувајќи ги сите заби :)) ) Во тие моменти, рацете ми се парализираат - едноставно не ги чувствувам и морам цело време да си ги тријам за грчот целосно да не ме обземе. Ете, некни бев да давам крв во крводарителска акција. Кога докторот ми ја стави иглата во вена, веднаш ме фати грчот, но сега мислам дека беше на цела рака (од боцнатото место па надолу) и ме држеше околу 4 мин. Моите родители ми велат дека е можеби бидејќи имам страв од нешто, но не е точно. Имам добар живот, со малку другарки - но вистински, од неодамна момче кое го обожавам и најубавото семејство на цел свет според што не верувам дека ова е нешто што ми се случува на нервна база.
    Ете доволно беше. Фала за вниманието, имајте убава вечер :) :hai:
     
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    пишав во соодветната тема ама некако слабо е посетена, а потребен ми е одговор,па еве овде копирав

    мене ми течеше крв од носот од левата ноздра едно 2 недели секој ден некаде во мај месец, потоа цело лето не ми претече, еве сега кога почна пд 16 септември секој ден до ден денес ми тече носот некогаш пообилно некогаш малку, во минатите две недели правам анализи и немам ниту стафилокока ниту стрептокока во носот,синуси немам, крвна слика добра, само намалени тромбоцити (130), пиам апчиња против крварење ц витамин и екомер! ништо не помага во петок закажав кај доктор Нетков, па да видам што ќе ми каже, но пред тоа некое мислење ваше, искуство??
    фала ви однапред!
     
  18. xheki

    xheki Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    zdravo na site ,sum nova na forumov i sakam da kazam deka e prekrasna stranica ,i normalno da ja kazam mojata maka haha,vaka:najden mi e polip na desnata glasna zica,sum zaripnata,i cudno posledno vreme osecam kako da me peci vo vratot,inace bev pusac ama ima eden mesec sto sum prestanala da pusam,moe prasanje e dali imal nekoj vakov problem,sto se prevzema drugo osven operacija,i dali e strasno?Fala mnogu odnapred se nadevam ce dobijam odgovor zasto navistin ovaa situacija me panici
    [mod-kirilica:3hbvedmy][/mod-kirilica:3hbvedmy]
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Јас сакам да прашам некој за мајка ми.
    Има 49 години ама уште ја нема фатено менопаузата.
    И доаѓа менструација на 2,3 недели.
    Последните 2 пати,и течеше толку многу што ништо не и помагаше.Стануваше утоп,не можам да ви опиишам колку многу!
    И велам да пие нешто на растителна база за менопауза ама не се разбира :worried:
    Совет?
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    А, бе, Мацо, јас мислам дека освен посета на гинеколог, не може нешто многу да направи. Тоа ти иде како да пиеш нешто на природна база, за да ја добиеш првата менструација... Не бива така. Јас би ја однела на гинеколог, знам како е кога некој не се разбира од нешто (мајка ми, на пример). Речи и дека ќе ја носиш на кафе и цап, цуп нека ја ѕирне доктор.

    И не се нервирај ти. :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.