Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ова се симптоми на климактериум. Менопауза се нарекува последната менструација. За да биде официјално последна менструација, треба да помине период од една година без никакво крварење. Значи моментално мајка ти се наоѓа во предменопауза која се одликува со неправилности во крварењето. Тука може да се очекуваат обилни крварења, нередовни крварења во смисол доаѓа порано, многу да и доцни итн. Сепак мора да оди на гинеколог, за случајно крварењето да е од некоја друга етиологија, која може да остане скриена поради климактериумот. Има некои фитохормонални препарати (растителни) кои се препорачуваат во климактериум, но искрено не знам ни колку се ефикасни, а што е побитно незнам какви нус ефекти имаат. На гинеколог даваат хормонска терапија само во исклучителни случаи кога жената има многу климактерични тегоби. Не се препорачуваат поради тоа што се додека ги пие хормоните, ќе има циклус, така да нема да може да се открие вистинската менопауза т.е кога настанало последното крварење, што е прилично битен анамнестички податок за секоја жена.
     
    На maca99 и girl.23 им се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не знаев каде, па ајде овде ќе го сместам `проблемов`.
    Пред добивање, секогаш ме болат градите и му се зголемуваат.
    По 2-3 дена од добивањето се враќаат на `старо`.
    Но, овој месец (ми заврши пред 2 недели), а еве 2-3 дена ме болат градите и ми се зголемени како пред добивање.
    Зошто?
    Имам редовна менструација и никогаш не сум имала некои проблеми.
    Пс. Поприлично сум под стрер, ако и тоа е фактор... :?:
     
  3. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Неможам да ти кажам од мединцински аспект но можам од прихолошки...жените под стрес,несоница,големи психофизички напори целиот стрес што го концентрираат то втиснуваат во телотот што значи дека телото страда од надворешните влијанија и стресот што како што велиш го доживуваш...болката во градите не е со сигурна точност дека ќе добиеш но сметам дека тоа не значи дека имаш некоја болест или нешто слично...само имаш пореметувања во редот на системот...се тоа ќе се среди...само по опуштено :*
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Синоќа додека сум спиела ме каснало нешто на уста. Кога се разбудив бев бетер од Боки 13 кога се видов во огледало. Ме боли малку. Ставав мраз-не се намали потеченоста. Глупаво ми е на лекар да одам само за ова :( а страв ме фаќа. Да се напијам нешто ?
     
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа е баш нормално, пошто си токму на средина од циклусот (2 недели), тогаш настанува овулација и хормоните работат :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    тоа е нормално кај жените пред циклус и по циклус не е страшно и не се нервирај
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски

    Нешто ако имаш од типот на Камагел, или пак Синопен (мислам дека такво нешто се мачкаше :?:). Би требало да го намали отокот.
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Последниве неколку дена,кога и да се измочкам,имам чувство дека не сум убаво измочкана,и имам непријатно чувство таму доле,сите сте го почувствувале барем еднаш. :worried:
    После 15 минути,пак ми се мочка,многу,а кога ќе седнам ,многу малку мочкам,а сепак чувството е како којзнае колку вода имам собрано во мочниот меур. :worried:

    Може да сум преладена или? И што да се напијам? :worried:
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Сигурно си преладена или имаш некоја инфекција. Пиј увин чај, некои др лекарства не би ти препорачала без да направиш анализа на мокраќа.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Преска ме вакцинираа, онаа последна вакцина што ја примаме, па сега ме боле главата, имам малку покачена температура и се осеќам малаксано. Ова е реакција кон вакцината или..?
     
  11. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Да, реакција на вакцината е. И на некои мои соученици им се имаше случено. Мислам дека не е ништо страшно ама сепак консултирај се со матичниот :)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Реакција на вакцината. Нормална очекувана реакција. Знак дека добро ти функционира имуниот систем. Црвенило, чешање на местото на вакцината (гледај помалце да го чешаш), оток на местото, болка, малаксаност, покачена телесна температура до 38 степени. Нема потреба од лекар, но ако има претерана рекација со многу висока температура, огромен оток на местото на вакцинација кој се шири нагоре и надолу на раката, трески тогаш треба да се побара лекарска помош.

    Од овулација, значи после 14 ден од првиот ден на менструалното крварење кога најчесто настанува овулација, започнува да се лачи прогестерон, а да опаѓа естрогенот. Од тогаш можат да се јават симптоми индивидуално, кај некои жени се поизразени, кај некои послаби кои го дефинираат поимот ПМС. Оток и болки во градите, раздразнетост, емотивна нестабилност се само едни од овие симптоми. Траат се до почетокот на наредното крварење, кога почнува пак да се лачи естроген кој како што кажав се лачи до овулација, а потоа опаѓа. Ова е нормален циклус, а симптомите што ги имаш како што кажав се предменструален синдром.
     
    На girl.23 и starbucks им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ти ме караш, јас да те посоветувам. На мајка ми и се случуваше истото и ги има истите години и и најдоа тумор. Пред две недели ја оперираа. Под ХИТНО на гинеколог, да направи ехо, испитување на крв. На мајка ми се и одстранија, матка, стомачна покривка, нека не се зеза на време нека заврши прегледи..
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Луѓе кажувајте некаков лек за кашлица затоа што ова веќе станува неподносливо. :x Инаку имам сува кашлица и грлото ми е надразнето, црвено и ме гребе. Ќе одам на лекар деновиве, ама додека да најдам време ве молам за помош. :worried:
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.946
    Допаѓања:
    123.534
    Леле и на мајка ми еднаш ....ама појдовме на лекар испита крв,ехо ја гледаа и таа и рече дека најверојатно е од што влага во климактериум па демек нормално било,бевме на гинеколог направи пап ,се беше ок,ама гинекологот рече ако се повторува повеќе пати пак да се јави...Ќе морам и јас да ја натерам мајка ми пак да оди ,сега се исплашив иако еднаш и се деси....

    Сакам да ве прашам ме стега кај градите веќе 3 дена од надворешна страна како по должината на градите и ми треба да земам воздух,се нервирав доста во последно време па дали е од тоа ?Или......
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски

    Земи сируп за сува кашлица, хербион се добри :) ама сепак додека не се излечи грлото, пак ќе биде исто, затоа тркни на лекар утре, за здравје се работи, особено ако кашлаш како што се вели "длабоко". А за сега да ти се смири грлото прегори шеќер, и од тоа направи си чај, и стави малце маргарин ( обично кристал се става) ама може и друг, ќе ти го омекне грлото малце. :)
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    леле и кај мене е исто, се пробав, фервекс, некој си сируп од доктор тајс, 200 ден за џабе фрлени никако не ми поминува, цело време кашлам и дури имам чувство дека ке се задавам на моменти :(
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.189
    Допаѓања:
    84.060
    Пол:
    Женски
    за кашлање само да вариш чај од лист од капинка јас сум многу задоволна го пиеше ќерка ми и стварно имаше резултати поздрав
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ај да видам ако можам утре да најдам некаде па да пробам уште тоа, затоа што не се издржува....
    на инт најдов некој чај од кромид ама само што го сварив се откажав мн мирисаше :puke:
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Чај од кромид со ореви, многу помага ;) и не мириса ништо после тоа откако ќе се свари :)