Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Makeup12

    Makeup12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2017
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Имам еден голем здравствен проблем
    Три години се мачам со бактеријата Staphylococcus aureus на белите дробови. Нон стоп кашлам, имам премногу густ секрет. На оваа бактерија е резистентен само амоксицилин антибиотик, сите други не делуваат. Проблемот е што повторно и повторно се враќа. Кога докторот ми препише од антибиотикот еден месец сум добра, но потоа повторно исто. Понекогаш искашлувам и големи количини на крв и имам страшни болки во градите. Ми правеа компјутерска томографија и ми кажаа нема ништо опасно, бронхиите ми се прошириле поради бактеријата. Ете помина 3 месеци од снимањето но јас повторно понекогаш искашлувам крв, воопшто не сум добра, ноќе се будам и кашлам, имам краток здив, останувам без воздух. Се плашам немам повеќе сила. Редовна контрола имам крајот на септември. Ѕвонев за порано но нема шанси. Исплашена сум воопшто не сум добра и тоа се гледа. Дали некој има искуство со оваа лоша бактерија и дали се соочил со нешто слично?
     
  2. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Девојки на кожата ми излегуваат ситни, темни како израстоци ама многу мали како точки, се чувствуваат на допир, јас ги викам како "мевца" се, најмногу имам по вратот и под градите, не знам што се и како се викаат и од која причина излегуваат, дали знае некој нешто? Инаку не растат, така си стојат.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ке ве замолам да споделите искуства, ако некој има правено гастроскопија да ми каже дали има опција за со анестрзија, дали е болно, гадно? Колку време од прилика трае процедурата?
     
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.045
    Допаѓања:
    16.151
    Дали можи да ми се повраќа од нервоза?
    Треба да одам на снимање на заб а утре на заболекар и се возбудувам.
    Имам болки во забот.
     
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    13.102
    Пол:
    Женски
    Од што може да ми излегуваат како виолетови кратки линии на нозете?
     
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Болат на допир?
     
  7. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    13.102
    Пол:
    Женски
    Не ме болат, само онака естетски не ми изгледаат убаво и не знам дали се индикација на некој здравствен проблем бидејќи сега почнаа да ми се појавуваат а имам само 20 години.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Смири се малку.
     
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    Moжеби станува збор за проширени вени, особено ако ги имаат повеќето во фамилија.
     
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Не знам вака без слика, види по нет да не се случајнo spider veins? :)
     
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.045
    Допаѓања:
    16.151
    Повратив веќе.
    Имам ужасна главоболка.
    Треба да одам заб да снимам, а не можам не сум споспбна
    Страв ми е да се напијам аналгин и апче за смирување, да не повратам
     
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Да не имаш и мигрена ти?
    Инаку купи апче некое против повраќање испиј го и појди :D
    Не комплицирај за се.
     
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.606
    Допаѓања:
    13.102
    Пол:
    Женски
    По сликите како што гледам тоа е.
     
  14. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.045
    Допаѓања:
    16.151
    А бе, кошмари имам.
    Ноќе не спијам ко шо треба.

    Желудникот не ми е во ред.
    Сега почна стомак да ме фаќа. Дијареа.
    Заб ме боли во меѓувреме.
    Цела сум......
    Сега за смирување апче ќе земам, фаќам такси и одам,иако ми е блиску
     
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тррба да престанеш одма за седатив да се фаќаш, еве викаш дијареа, земи некое апче за тоа, смени храна. Направи нешто да го отргнеш умот ако мислиш дека од стрес ти е. Плус што е толку страшно дијарра и болка на заб, ќе појдеш ќе средиш. Не преувеличувај секој проблем, нас кога ќе ни го пишеш повеќе обрнуваш внимание. Не ти мислам ништо лошо, напротив многу сакам да ти е добро и со анксот и се ама немој до толку животот да го раскажуваш на форум. Еве од ова што се пожали, што доби?
     
    На Sahlene му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Остави ја, аκо и се трошат пари неκа троши. :|
     
  17. Dahliaa

    Dahliaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, добив резултати од тест за интолеранција на лактоза и фруктоза. Некој да ми потврди што точно значат, да ги пратам во лп?
    Не сум во можност да исконтактирам наскоро со матичната, а нестрплива сум да си ги решам дилемите.
     
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Породена сум пред 3 месеци со царски рез. После 40 дена бев нс преглед, гинекологот ме врати, рече кога ќе прекине крварењето да одам. Следниот месец раната ми поцрвене и лош мирис имаше. Отидов за тоа и спомнав дека се уште крварам, рече не било ништо да сум почекала уште малку ќе прекинело. И така еве 3 месеци терам, крварам прекинува, 2-3 дена нема ништо потоа пак крварам, се намалува крварењето и пак почнува, па престанува и се така. Денес повторно отидов и ме виде и на ехо и рече не знаел што може да е причината. Ми даде таблети алматекс и рече да го испијам цело пакување. Ми рече ако не прекине крварењето да му се јавам да ми објасни како да пијам други апчиња, даде рецепт за оргаметрил и рече да не ги пијам на своја рака туку да му се јавам. Сега не ми е јасно зошто ми даде 2 сосема различни лека. Го прашав на што се сомнева, рече хормонски дисбаланс, а во исто време и ме искритикува зошто сум се пораѓала таму кај што се породив,зошто не сум го послушала кога ме упатувал на друго место. И сеа сум збунета, пијам алматекс и не знам што ќе биде...Ако има овде некој што би знаел да ми објасни што всушност се случува?
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Во приватна некоја те праќаше?
    Смени гинеколог, одма барај мислење од друг. Ако те праќал во приватна, не му легнале пари од твоето породување па сега не му е ни гајле за тебе.
     
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Не не, не ме праќаше на приватно. Многу стручен и познат доктор е. Едвај успеав да го натерам да ми стане матичен. Не знам само дали си пробува терапии на мене или што ...