Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Јас на вечер не спијам никако, а па дремки преку ден па ич.
    Ептен се поремети се, а не сум ни човек што пие кафе па да е од тоа, пијам 1 и толку.
    Нешто треба да се смени а нз што.
    Имам пробано и така да не гледам во тел, компјутер пред спиење и 2 саати дремам така и па не заспивам .....лошо.
     
    На prominent му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    5.642
    Пробај некој период да не пиеш ич кафе, ќе приметиш одма разлика навечер.
     
  3. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Во врска со кафето... Јас на пример немам проблеми со пиење кафе навечер, ми се случило да испијам и саат пред легнување, па сум спиела добро.

    Да ти дадам уште еден совет, од искуство.
    Ако забележиш дека не можеш да спиеш, стани од креветот и прави нешто друго, што било. Само не се обидувај да заспиеш со сила затоа што ќе се фрустрираш и уште толку ќе лежиш будна.

    Оттргни ги мислите од тоа дека не можеш да спиеш.
    Мислам дека кај тебе и психолошкиот фактор игра улога...
     
  4. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Вежбај по дома, излези обавезно во текот на денот на воздух, пропешачи некој километар. Гледај да си поставиш и некоја рамка со храната, вечерата нека ти е лесна и порано, намали внес на шеќери.

    Мене ми се изместува цел биоритам кога не сум физички активна. Работам од дома, немам никакви обврски надвор од дома, па енергијата немам каде да ја потрошам. Затоа вежби, барем пола час, избалансирана исхрана и намален внес на шеќери и кофеин.
     
  5. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски

    И покрај се ја немам волја да учам, да правам нешто корисно, баш нишо.
    На моменти сум амбициозна ама...џабе.
    И како што кажа членката погоре.
    Мислам дека е психолошко све ова.
    Фала ви девојки.
     
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Јас имав трнење и на нога и рака од стоење на промаја. Исто така ногата ја осеќав отечена дури како и модра. После една недела помина.
     
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Можеби подолго време ја чуваш во иста положба. Пробај од време на време несвесно да ги мрдаш.
    Ме разбираш..
     
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    не знаев во која тема да напишам па префрлете ме доколку е за друг. Итно ми требаат мислења за доктори специјалист -абдоменални хирурзи. Најдобрите во државата без оглед дали се работи прифатен или државен. Мој близок е упатен на итна операција поради некаков израсток што му е најдем сосем случајно при друг преглед и викаат дека докторот што ќе ја изведува операцијата освен што треба да е стручен треба да е и многу прецизен зашто на многу лошо место се наоѓа, во близина на вена...
    Ми требаат мислења од некои луѓе што можат да споделат макар да наведат и доколку имале лошо искуство со кој хирург?
    Плус ако може мислење за д-р Караџовски и д-р Александар Шумковски?
    Итно ми е!
    Фала Ви. Господ на помош на сите нас. ❤️
     
  9. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Со таков проблем кој не може да го реши дури и со таблети.
    Некој ќе го промени душекот т.е нов и нова перница дотолку не се помогни и тоа, некој и на црква одаат и попот ке и пее молитва ,другиот дента се е подобра.
    И плус ако те боли вратот,рбет тоа значи да си искривена.
    И не седи мн на екран поради светлото, помалку да читаш на книга и воопшто да не се нервираш и исто така со мислите.
    Убаво ќе ти дојде да се прошеташ покрај планина или на езеро..
    А што се однесува со храната, помалку благо а повеќе вода. Имам слушано на вечер ако пиеш кафе и неможеш да заспиеш но не секој..
    Се надевам дека ти помогнав
     
    Последна измена: 28 јануари 2021
  10. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    11.450
    Пол:
    Женски
    @1209 Мислам тебе те читав како мојот проблем, извини ако сум грешка :$
    Пред добивање јас сум со растечен нос, затната, благо покачена телесна температура, буквално како настинка, само што не кашлам, еве сега станав со мачнини и дијареа. Буквално секој месец и тоа ми почнува две недели пред да добијам, ми трае
    ,, настинката" 3,4 дена. Знам дека испитуваше, може ли да ми кажеш што точно испитуваше и каде, претпоставувам во Скопје, и дали сега се смени нешто, дали доби терапија, витамини..? Претходно вака не ми било никогаш, последната година пред да добијам сум :sweat:
    Ајде во овулација болките ќе ги издржам ама ова е досадно секој месец "настинка" а редовна сум со витамини пиење.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    11.450
    Пол:
    Женски
    Не можам да го спојам со другото мислење се извинувам...
    Имам мачнини и дијареа од сабајле, не сум повратила ама ептен мачно ми е и на два пати од сабајле ептен се изпразнив, до колку се смета на ден столици за нормално да земам нешто за пиење против ова, и што би можела освен пробиотик, јас со моите 50 кг ме малаксува :sweat:
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.559
    Допаѓања:
    114.396
    Пол:
    Женски
    Aктивен јаглен 5 апчиња здробени се раствораат во чаша вода и го пиеш.
    Напиј се и витамин б6.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.721
    Допаѓања:
    43.781
    Пол:
    Женски
    @anggell јас испитував хормони комплет и само тероксинот не ми е во ред, пијам терапија за тоа, а имам и Хашимото ама не знам дали проблемот се поврзува со тоа, мене ми е веќе 6-7 год, цело време си викам од скоро ми е, ама кога си враќам филм сфаќам дека и на факс ми беше најизразено, а завршив пред 6 години, мене скоро ми се чини оно лета времето:D Прочитај нс интернет за период флу, мислам дека тоа е тоа, мене не ми се случува секој месец ама од 13 циклуси у 10 ми се случува, не ја најдов причината жал, ако откриеш нешто пиши ми ти. Мене ми трае еден ден обично 12 ден пред добивање и втор ден откако ќе добијам, цела година водев ред да видам шема и обично е вака.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    227
    Здраво

    Знам не е нешто голема работа ова, али веќе почна да ме нервира така повеќе.
    Пред недела дена ми излезе бубулица на уста. Не е херпес, бубулица е. Али е баш воочлива и веќе недела дена не мрда. Пробав да ја мачкам со клиндамицин лосион, со салицилна киселина пробав, а и со здраве кремчето со цинк, и пак е исто.
    Што можам да направам за да убрзам процес да ја снема?
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    11.450
    Пол:
    Женски
    Капак на се ми се јави денес јака дијареа, ако не е корона, значи хормоните ептен знаат да пореметат. Да видам со ова што ќе биде се слушнав со матичната, сега седам дома, како и цела година што седев ама ако е вирусот морам да седам не смеам за хормони сега, инаку да ми помине ќе одам кај Органџиски, и кај него хормони испитуват, да се проверам.
    Ако е настинка супер :D, ако е вирусот малце ми прпа ама ќе помине :tmi:, е ако се хормоните и вака секој месец да се мачам со стомак па јас буквално тој ден од дома не смеам да излезам, ужасс (facepalm)
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со дишидроза/дихидроза/ или дишидротична егзема (dyshidrotic eczema/ dyshidrosis) на прстите како алергиска реакција од гел лак? Непосредно по третманот ми се појавија минијатурни топчиња како плускавчиња што се длабоко во кожата. Премногу се ситни и тешко ми е да ги сликнам па немам слика од мене ама изгледа идентично како на сликиве што ги најдов на интернет. Прво ми се појавија на едниот палец а сега и на другата рака почнува. Совет или искуство? 9q0h9aaizhr21.jpg lossy-page1-1200px-Finger_Pompholyx_1.tif.jpg
     
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Мене ми се појавија такви ситни, како на првата слика.
    Самите по себе ми поминаа.
    Ако сакаш оди на кожно.
     
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.702
    Пол:
    Женски
    Сама ќе ти помине.
    Пробај исцеди ја.
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Phoenix 1618

    Phoenix 1618 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2019
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Машки
    Ако може да ми дадете некој совет

    Веќе неколку години, на секои два-три месеци имам страшни вртоглавици кои ми траат најмалку еден ден, а некогаш и повеќе. Бев на неколку тестирања; и на очно, и на ушно и уште неколку. Докторите ми велат дека нема ништо, дека најверојатно ми се случува ова од преголемо уморување на очите. Но почнав помалку да седам пред компјутер и телефон и пак ми се случува. Дали треба да одам на дополнителни тестирања на снимање на мозокот на пример? Дали на некој друг му се има случено ова? Навистина во последно почнав многу да се загрижувам.
     
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.559
    Допаѓања:
    114.396
    Пол:
    Женски
    Да
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.