Форумџика на годината

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Земи си упат за на Орл направи една ларингоскопија да се зирнат гласните жици. Во меѓувреме лажичка мед со сок од еден лимон. Од кисело се пуштаат гласните жици. Плус многу течности. Можно е да се работи за послаби, субклинички ларингити. Сепак добро е да се видат гласните жици, па потоа да се даде било каква терапија. Има таблети шумливи едни баш за гласните жици, ама не ми текнува сега како се викаа. Кога ќе ми текни ќе ти пишам ЛП. Не е опасно.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    дали знае некој како се третира циста во града ??? зосто док. велат дека треба само да се следи и нисто друго ни лекови ни третман нисто ама мене ме загрижува по малку !
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Бидејќи се бенигни формации полни со течност. Се ствараат хормонално. Најчесто се поголеми и поболни пред да добиеш. Ако имаш неподносливи болки тогаш се размислува за нивна дренажа или биопсија. Но најчесто спонтано се празнат. Тоа што имаш циста во града, не го зголемува ризикот од карцином на градата.
     
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ај ве молам за помош :( два три дена многу ме боли главата и тоа особено над десното око, а осекам како да ме стега и позади, плус си го измерив притисокот мие 120 со 80, 110 со 90, што за мене е тоа висок, затоа што обично мие 60 со 80, 90... можно е да ме боли од тоа што мие покачен притисокот?и што да се напијам?а ке заборавев сношти дури од толку голема болка повракав, :(
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Кетонал, аспирин, ибупрофен било што за болки, но никако на гладно. Можно е да се работи за синуси, особено ако си била настината овој период. Сепак ако не ти се смирува болката и пак е проследена со повраќање, добро би било да одиш на лекар.
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    фала многу, секако дека ке одам на лекар, ако продолжи болката и утре,инаку не сум настината .
    се напив само бедоксин, се мислев да не пијам нешто друго, затоа што со мажето се обидуваме да имаме бебенце некој месец наназад, па ми беше став ;)
     
  7. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    мене ме зачуди дека и матичната и тој на ехо т.е. кај двајца отидов на ехо што ме гледаше ми рекоа лист од зелка источен да редам и ништо друго .Навистина е поголема болката пред да добијам и јас не знаев дека одма после завршување на менструаација се одела за на мамо граф да се прегледа и ме врати за други пат ! И сега ЈАС се мислам за листот од зелка ?!?! што мислите вие ??? Керка ми читаше на интернет дека можно било цистите сами да се повлечат ! Инаку исто ми препорачаа да направам хормонско испитување за тироидна !
     
  8. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Пробај со лист од зелка, многу пациенти користеле и даваат податоци за подобрување. Поради фактот дека не можиш дополнително да наштетиш, можиш да пробаш.
     
  9. Sanela94

    Sanela94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    Не сум многу активна на форумов, незнаев точно кај да поставам прашање и затоа тука прашувам...Имам кожна инфекција, испив една доза вибрамицин, а сега пијам еритромицин. Од еритромицин ми препиша докторката две дози. Не ја имам допијано првата доза, ама имам пролив и ме стега кај желудникот цел ден, а тоа како несакани дејства е наведено во упатството. Незнам сега дали да почнувам воопшто со другата доза или да ги прекинам пошто знам дека се многу јаки антибиотици, а на контрола сум дури в петок неможам да ќекам дотогаш. Дали има некој користено такви и некоја информација за нив да ми кажи ако можи.позз
     
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ајде помош, нека ме посоветува некој жити се.
    Значи синоќа зборував 5 часа на моб, сабајле станав и грлото ме гребеше страшно, бев кај матичниот со мајка ми, и таа нешо кашла, и нормално не кажав дека 5 часа на моб дрндорев, и матичниот ми рече ништо немаш на грлото.

    Е, сега еве пола час зборував, и грлото не да ме гребе, како да имам нешто на крајниците или ждрелото и не можам да го голтнам, значи нешто како да ми шета, може малку смешно звуче, али и тешко дишам, а па да не кажам дека не можев да го продолжам разговорот :@
    Како некоја пајажина да ми е исплетена низ цело грло!!

    Ениуан?
    :(
     
  11. Sanela94

    Sanela94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    29
    напи се нешто топло,чај..или мед со прополис ако имаш..многу си се разборала на телефон :)
     
  12. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.351
    Пол:
    Женски
    Девојки,најверојатно сум настината,од играорна испотена и накај дома се средив убаво.Ме болат ушиве,цела глава како да ми е тешка од нив,кажете ми што да направам,со топло,нешто да ставам на памукче па во ушите?Секоја помош е добродојдена,не можам веќе,вчера едвај заспав.
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Отол Х капки за во уши, само тоа ти е спасот. ОК се и топли облоги и евентуално капки Дексаметазон за во уши. (евентуално ако е некоја инфекција ќе мора и антибиотик да пиеш)
     
  14. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Луѓе, утре ќе одам на гинеколог да направам микробиолошки испитувања.
    Освен за кламидија, за што друго се испитува? Колку се вкупно? :?: Ај нека објасни некој.
    Да си се проверам сѐ за сваки случај. :D
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Да не имаш синуси???
    Кај нив знае така да боли само едната страна...
     
  16. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Девојки, сакам да ве прашам, зошто јас многу се исплашив. Летово почна да ми се јавува еден вида на гушење. Неможам да земам воздух до крај. Нормално, не ми се случува секој ден, но ме плаши. И сега последниве денови ми се случува истото. Имам 13 години. Треба ли да бидам загрижена или?
     
  17. Rise-Shine

    Rise-Shine Активен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Имам еден проблем веке некое време,да речеме последниве три месеци ми се случува ова.Порано бев толку силна и издржлива,за некој да ме изнервира или расплаче е не знам што треба да направи.Во наведениов период како да не сум јас...страшно се нервирам за ситници,од такт ме вади све живо и диво,за ситница се доведувам на работ на плаченје.Почнав да се мразам самата себеси за тоа каква сум денес.Мислам дека солзите едноставно ми се нон стоп во очите.Аман,што се случи и како стигнав до овде.Едноставно ова не сум јас.Би била благодарна ако некој може да ми даде некој совет во врска со мојава ситуација.
     
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    не , и за срека денес не ме боли ич главата а и притисокот ми се да речеме нормализира :rofl:
    се надевам нема да ме боли повеке толку многу ;)
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е возможна астма кај тебе,но тоа треба на лекар да ти го потврдат,а и ќе можат да ти препишат апчиња или спреј.А можно е и од инфекции на горните дишни патишта,незнам дали си боледувала.Сепак еве една статија,види дали ти се покриваат симптомите.И да одиш кај матичен за да те прегледа и ако треба да ти даде упут.
    http://www.zazdravje.com.mk/upload/showthread.php?126-%D0%90%D1%81%D1%82%D0%BC%D0%B0

    Љубица мислам дека било само некоја настинка и покачен притисок,ама добро што се нормализирало. :)
     
  20. smajliX

    smajliX Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    29
    Јас сум цел живот таква што и да ми каже некој после го мислам со саати, а недајбоже некој несто да ми замери мислам дека у секој момент ќе заплачам :worried: . Во принцип сум многу позитивна личност, ама се си земам при срце. Пред некое време читав во едно списание дека тоа било болест некаква наречена пречуствителност :| Не знам што да ти кажам научи како да живееш со тоа, јас вака функционирам веќе 22 години. ;)