Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    На државно бев, со картони. Платив само 250 денари :) За среќа, адвокатката на тато е од Штип и таа ни помогна да закажеме брзо, инаку многу се чекало, па моите сакаа на приватно да ме носат ако не успееше таа да ми закажи. ;)
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Значи како што кажав, аерофагија (голтање на воздух) при јадење, пиење - доведува до ждригање, така се исфрла вишокот воздух. Но ако има и други проблеми, можеби тоа зависи од храната што ја јаде. На секој организам не му одговара секаква храна - можеби киселините и болките му се јавуваат после јадење на потешко сварлива храна (зелка, грав и други мешункасти растенија, потоа месени и сукани јадења и слично), можеби има интолеранција на лактоза или глутен (макар што тоа се открива уште во рана возраст), а многу, многу ретко може се работи за некаква инфекција. Јас би ти препорачала да внимава малку на храната што ја внесува, т.е да забележува кога му е тешко, а кога не (бидејќи велиш дека на периоди има киселини и болки во желудникот). А што се однесува до ждригањето, претпоставувам дека многу брзо јаде, скоро и да не ја џвака храната, и за пет минути е готов дури и со најобилната порција - сите што јадат вака имаат проблем со гасови.

    И мило ми е што резултатите од КТ ти се добри. Не се нервирај многу, ок? Не ти требаат главоболки уште од сега ;)




    Штрумфетке, извини, не сум го видела твоево прашање :$
    Не верувам дека ти е нешто сериозно, посебно затоа што немаш други симптоми. Не прејадувај се, јади побавно (џвакај), имај почести и помали оброци во денот, и јади полесна храна, јогурт со пробиотик, и ленено семе (по една лажичка секој ден) ако имаш проблем со одењето во wc. А ако се јават и други симптоми, тогаш оди на лекар, да се види конкретно од што е.
     
    На Strumfeta93 и Mygirl им се допаѓа ова.
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Девојки последниот пат кога имав секс значи воопшто не бев влажна. Сува, што дури не можеше ни да влезе во мене. Значи не ми се случило ова, не знам што е работата.
    Што би можела да е причината што бев толку сува? Од што се пореметува?
    Се надевам нема вака да остане. |( |(
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Нмеа шанси така да остане :lol:

    Сигурно си била изморена или паметот ти бил на друго место ... Или едноставно не ти било дојдено до тоа.
    Или не ти се допаѓал типот. Сепак не е нешто страшно. :* :* :*
     
  5. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Може да се случи, не е пријатно, ама обично не е ништо страшно. Мене ми се има случено после користење тампони (не знам дали беше коинциденција, ама на двапати ми се случи, па баталив тампони, колку што можев). Може да биде моментален пад на нивото на естроген, некогаш се случува и ако е иритирана слузокожата во интимниот дел, некогаш и од инфекции. Пробај она што е најлесно -без тампони (ако користиш), без танга, купи си кантарионово масло и убаво нанеси после миење, (ама без специјални интимни шампони и гелови), без синтетичка долна облека... Ако продолжи, на гинеколог :)
     
  6. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    И јас имам едно проблемче кое ме прати целиот свој живот :^)
    Не е страшно но воопшто не ми е пријатно.
    Уште како бебе не сум ждригала, па со храната не знаеле кога ми е доста и секојпат од прејаденост сум повраќала.
    Еве сега имам 24 години и сеуште не ждригам, незнам ни со сила да го сторам тоа.
    Имам ждригнато спонтано едно 10 пати до сега благодарение на некој газиран сок.
    Многу ми е тешко кога убаво ќе се најадам а не ми доаѓа да ждригнам.
    Е сега не е ни тоа толку голем проблем колку следново: Незнам точно која е причината понекогаш мислам дека во текот на јадењето или пиењето земам поголемо количество воздух па поради тоа што не ждригам воздухот го испуштам малку по малку.. АМА со самото испуштање на воздухот се слушаат тивки но доволно гласни да ги чуе оној што е до мене звуци. (како да крека некоја жаба)
    Се срамам кога се наоѓам во некоја тивка просторија во која има луѓе да не ми се случи ова. Оние кои ме знаат и знаат за ова велат дека дури им е симпатично, ама оние што незнаат? :worried:
    Некој сличен на мене? Некој совет? :worried:
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Може да се случи ако си немала секс подолго време, и тоа е сосема нормална реакција и на твои години.

    Bitter-sweet, можеби ти мислиш дека се слуша, затоа што ти го чувствуваш тоа. Инаку, не верувам дека некој друг може да те слушне, посебно ако има многу луѓе во просторијата. Инаку, не е проблем тоа што не ждригаш, гасовите секако ќе се исфрлат ;)
     
  8. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    Во последно време имам болки во карлицава. После пешачење ако стојам на нозе левава страна од карлицата ме боли. Осеќам како вкочанета да ми е и понекогаш кога ќе направам поголем расчекор дури и ми крцка - само од левата страна. Страв ме фаќа :(
     
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Посети си ортопед, и јас имав многу одамна слична ситуација ко твојата, бев на ортопед и ми даде некоја маст и се среди болката.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Можно е да е нешто од зглобот, коските или мускулите на карлицата, ама вака е многу општо - оди на ортопед, види што ќе ти каже, може и да нема ништо.
     
  11. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Што значи ALT(GPT) што се испитува во крвта? Нормално е 31, а мене ми е покачено на 47...Ке ми објасни некој што се разбира? :)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Мислиш на ALT (SGPT)?
    Мислам дека се однесуваше на аланин аминотрансфераза, ензим кој нормално е присутен во клетките на црниот дроб. Во крвта го има во поголеми количини кога постои некој проблем со црниот дроб. Не знам во кои граници конкретно е нормално да го има, а ти наведуваш само една вредност - 31.
    А дали матичниот лекар ти ги виде резултатите од крвта и ти кажа нешто конкретно?
     
  13. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69

    Епа една вредност е дадена само, дека за женски е нормално до 31 U/L, а јас имам 47 U/L...и тоа значи дека имам некој проблем со црниот дроб штом ми е толку многу покачено?И каков проблем би можел да се јави на пр.?
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Па така покачени нивоа на ензими укажуваат на нешто, но не мора да значи дека се работи за нешто страшно. Може да биде било што, ама да не нагаѓам, види со матичниот лекар, па нека ти даде упат за дополнителни испитувања. И не се секирај, ќе се среди, може не е ништо.
     
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    не знаев кај да го напишам прашањево..
    прееска земав да си ги белам забите со сода бикербона.. и кога почнав да ги четкам забите, почна многу да ми тече крв од непцата.. и одма ја исплакнав устата..
    ама сега некако непцето ми е како разрането.. како да си го излечам? што да му ставам?
     
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Ништо не ставај,од плунката само посебе ќе заздрави.Можеш да ја исплакнеш устата со чај од жалфија,и друс пат немој солку силно да четкаш.
     
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472

    не ги четкав силно, а и плус користам мека четка..за чувствителни заби и непца..
     
  18. Busavka.93

    Busavka.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас сум слушнала дека од многу белење на забите со Сода Бикарбона, може со текот на време да се добие контраефект, т.е забите да ти станат жолти. Е сега,не знам колку е ова точно. И јас исто така понекогаш ги мијам забите со Сода, ама сега поретко.
     
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    јас прв пат го правам ова, и никогаш повеке..
     
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    ALT е хепатален ензим, во случајот ако е само тој покачен не е загрижувачки, сепак не се зема во обзир само еден параметар туку се гледа цела крвна слика во целина. Ако некој од хепалните ензими е зголемен малку ( како во овој случај ), не се работи за хепатално оштетување, при било кое хепатално страдање овие параметри се значително зголемени дури до 10 пати повеќе од горна граница. Во овој случај зголемувањето може да се должи на зголемена мускулна активност или непосредна конзумација на алкохол 2-3 дена пред тестот.