Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    16.554
    Пол:
    Женски
    Треба да направиш ОГТТ тест. Над границите ти е, не знам како долго време да ти е покачен а матичната да не ти каже ништо.
     
    На Angie1432 и fana им се допаѓа ова.
  2. Zokiccc

    Zokiccc Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2021
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Фала Ви на одговорот. Матичната ми рече сок, благо, бел леб, брза храна никако, повеќе здрава храна и приготвена домашно. Тоа беше пред две недели. Искрена да бидам не си сфатив сериозно и си продолжив со благото и соковите, но еве овие 3 4 дена веќе ниту пијам сок, ниту благо јадам, а бел леб посекако 3 месеци не јадам.
     
  3. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    45.287
    Пол:
    Женски
    Најверојатно имам уринарна инфекција. Треба да однесам урина за проверка утре.
    Малку глупаво прашање, дали е важно да е „првата“ утринска урина или не?
    Доколку имате некој совет исто така, ве молам споделете, прв пат се соочувам со ова.
     
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.961
    Допаѓања:
    4.841
    Пол:
    Женски
    Најдобро е првата утринска.
     
    На Luminary и pikabu5 им се допаѓа ова.
  5. Lavender4

    Lavender4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2021
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.317
    Пол:
    Женски
    Да прва утринска, ако носиш за уринокултура среден млаз од урина, ако носиш за проверка на урина првиот млаз
     
    На Luminary и Waverly Raven им се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.007
    Допаѓања:
    16.112
    Вака, грло ме боли, поткашлувам.
    Немам температура.
    Сакам да појдам до кај матичната.
    Како е протоколот за кај нив.
    Дали прво треба да направам тест за корона па да одам?
     
  7. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Дечки дали некако може да се купат апчињата Апаурин(диазепам) без рецепта? Или ќе морам да идам на матичен и да се објаснувам зашто ми се? |(
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    80.020
    Пол:
    Женски
    Само ќе ставиш маска, ќе се дезинфицираш и ќе отидеш. Ако има други пациенти пред тебе, треба да си на дистанца. Матичната ќе ти каже дали да направиш тест.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    7.620
    Пол:
    Женски
    Нормално првата утринска,
    Нема шанси Диазепамот без рецепта да го земеш, ќе мора матичен да ти препише.
     
  10. katica2001

    katica2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до некој што се разбира во овие работи. Дете на моја пријателка има страшни главоболки. Правеле магнетна и триста чуда .Детето има пречки во школо да учи од главоболките. Неврологот не дава конкретно мислење вика се е уредно. Детето имало во текот на животот два пати паднато на глава и било малце во несвестица некој мал потрес. Дали можеби тоа е причината и дали се оштетува мозокот од тоа? Жената е загрижена па ми текна да прашам и тука ако некој знае. Поздрав :)
     
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    8.896
    Пол:
    Женски
    Модераторите нека ме корегираат ако мислат. Може е подобро да се префрли прашањево во некоја друга тема, соодветна за возраста на детето да видат и други што имаат толкави деца за темава, ама не кажавте колкаво е детето. Машко или женско е детето? Магнетната што покажала? Ако е уреден наодот од неа, тогаш нема зошто да се плашат од траумата на главата што ја имало како мало, секако ќе се видело на снимката.
    Јас имав таков проблем со синот, сега е 13 години. Му почнаа главоболките отприлика пред 2 години. Истотака, напорни за детето, некогаш ако го фатеа наутро и во школо неможеше да отиде, некогаш и повраќаше од нив, ама тоа ретко. Мораше да пие секој втор ден апчиња за глава и тоа појаки, зошто од парацетамол и аналгин не му проаѓаше, што истотака не ми се допаѓаше. Спортуваше и после тренинг му се јавуваше главоболка. Решивме да провериме се, зошто многу му беше мачно и многу не загрижуваше. Направивме крвна слика општа и крвна слика на детска клиника на одделението за хематологија, ЕЕГ, магнет на глава, кардиолошки преглед (со ехо), преглед на спортска медицина и преглед на невролог (бевме на невролог за возрасни, зошто за деца реално имаше само во систина приватно). Сите наоди му беа чисти. Има повремено низок хемоглобин, но тоа хематологот рече дека не е причина за главоболка (слабокрвноста има други симптоми). Не најдоа ниту една физичка причина зошто толку да го боли. Конечно, сите доктори се сложија дека се работи најверојатно за мигренозна главоболка. Причините се еден куп и може да бидат сите или една од нив да биде услов за главоболка во даден момент. Прво самиот пубертет - промената во хормоните но и промената во висината (израсна нагло за тие 2 години). Наглото растење повлекува и промена во циркулацијата, односно циркулаторниот систем мора да се прилагоди на новата висина. Мускулоскелетниот систем нагло расте и тоа бара дополнителна енергија од телото која мора да ја добие преку храна, сон, спорт и здрав стил на живот. Второ промената во секојдневниот ритам исто е тригер. Значи не советуваа да си води дневник кога му се јавува главоболка и да си го следи секој ден ритамот кој му го бара телото. Забележавме дека скокањето оброк па дури и доцнењето на еден оброк макар и за еден час од кога ќе осети глад е најчест тригер кај него. Исто и квалитетот на исхраната имаше врска. Благо, грицки, брза храна или мала количина храна му беа исто ко да не јадел. Значи имаше потреба од многу протеини (месо, млеко, јајца), ама најбитно од се беше да јаде доволно свежа храна, овошје и зеленчук, цедени сокови. Најново што приметивме е дека кога не јаде свежа храна доволно неколку дена по ред, одма му се враќа проблемот. Од суплементи неврологот му даде само б-комплекс, оној од пивски квасец, трипати на ден. Хидратацијата е исто фактор. Ако не пиел цел ден во школо вода имаше попладнето главоболка. Потоа исто битно - спиење ноќе и тоа доволно саати спиење - по 8 ч. минимум. Нема седење до ниедно време пред мобилен или пред тв. Според најновите студии (ова од хематологот го дознавме) децата кога растат интензивно, всушност растат додека спијат. Хормонот на раст се лачи најмногу во ноќните саати додека спие детето. Затоа денскиот сон не може да го замени ноќниот, колку и да трае. Третата причина е стресот. Син ми е таков тип што се секира многу за школото и за оценките. Пред писмена, испрашување е напнат и потоа може да го боли главата. А спортот, без разлика што му беше напорен и имаше главоболка после тренинг од кошарка, сите му советуваа да продолжи да спортува и дека напротив мора да вежба. Сега вежба други вежби, блиску до фитнес, дури и со мали тегови и со некои реквизити, што се исто напорни, ама нема проблем со главоболка. И четвртата причина се гените, рекоа дека ако има во семејството мигрени, во пубертет обично и детето ги добива. Тоа го има син ми од двете страни како предиспозиција.
    Се надевам дека ќе им помогнат советиве.
     
    На Luminary, Askopje, Asja и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.781
    Допаѓања:
    16.554
    Пол:
    Женски
    Многу убаво опфати се. Само сакам да додадам нешто, го имаш спомнато, но многу малку се обрнува внимание на ова. Мигренозни главоболки во модерно време се многу често причинети од секојдневното 24-часовно користење и седење пред екрани, лаптоп, таблет, мобилен. Како и да е треба да се направи евалуација на пациентот и да се види од што е, затоа што главоболката е само еден симптом кој може да биде причинет од многу фактори.
     
    На Askopje, katica2001 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    8.896
    Пол:
    Женски
    Да, да, и тоа како. Секое замарање на очите и мозокот со саати, во иста положба со свиткан врат е катастрофа. Син ми стварно многу малку саати е на мобилен и пред компјутер. Така да најчесто можев да кажам скоро сигурно дека не му беше главоболката од тоа. Ама седат во клупа, на часови се концентрира, дома домашни свиткан над биро, и тоа е замор, и мора да компензира со спорт и со избегнување мобилен и екрани. Тој самиот веќе си знае кога му е доволно, маката го научи да внимава.
     
    На katica2001 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  14. katica2001

    katica2001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам многу на сите за одговорите :) Они се секираат да не е од падот пред многу години кога имал потрес ама не би требало.l бидејќи повеќе повреди имал од паѓање и сл. Инаки неврологот рекол мигрена е.
    https://en.m.wikipedia.org/wiki/Chronic_traumatic_encephalopathy
     
    Последна измена: 2 ноември 2021
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. $ophia

    $ophia Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.172
    Пол:
    Женски
    Доста отпорна бактерија... Е сега, за лекување на сите стафилококози лекот е пеницилинот... Ако си пречувствителна на него, тогаш еритромицин, тетрациклин или канамицин. Можеш и клоксацилин.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Девојки, мајка ми поради стегање во градите направи испитувања на срцето и испадна дека има некое запушување и ке треба да и стават стент. Инаку редовно оди на контроли и прегледи и ова е "ново". На последниот преглед пред година, година ипол се било ок. Многу се плашам, не сум запознаена, што може да се случи? Има ли некаква опасност, знам дека тоа доктор кажува , но јас сакам совети од лични искуства, ве молам ;(
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.326
    Пол:
    Женски
    Има ли некој алергичен на медицински ракавици т.е latex allergy?
    Вчера носев на полагање ракавици, и откако си дојдов дома цели раце ми се исфрлени и ме чешаат, ужасна алергиска реакција имам.
    Иначе периодично на моменти ми се појавува така на прстите чешање и црвенило некое, веќе 2г скоро, но најчесто е кога сум имала полагања и препишував на тоа дека е од стрес пошо се губеше кога бев баш релаксирана и без обврски :rofl:, a и на дерматолог ми рекоа сигурно на нервна база е, ништо страшно.
    Сега кога поврзав коцките уствари кога ми се полагања носам ракавици и плус на вежби носам, а ми се појави ова откако студирам така да најверојатно можеби уствари не ми било на нервна база туку алергија од ракавициве...
    Има некој ваков проблем? :sweat:
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.132
    Пол:
    Женски
    Еве ме. Поточно ми се сушат рацете од латекс со талк, и ми се јавува чешање, егзем и рани. Имав и неуродерматитис на едната рака, ама тоа не беше од ракавиците, туку тој период бев под голем стрес.
    Ракавици со латекс без талк ми се чаре, а може и нитрилни, ама тие не се толку квалитетни. Купи си од аптека кутија нитрилни ракавици и носи си со тебе секогаш ако немаат такви за вежбите.
    И крем за раце Антикорт на Фрезидерм, спас ми е за сувата кожа и чешањето.
     
    На simoncelicius, H.VAGA, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.326
    Пол:
    Женски
    Фала ти за советите, ќе побарам за следно носење ракавици такви во аптека, да видам дали ќе има разлика.
    И кремава ќе ја побарам, кај можам неа да ја најдам? :)
     
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.264
    Допаѓања:
    8.896
    Пол:
    Женски
    Не се плаши, се ќе биде во ред. Добро е што го воочила проблемот и што ќе стават стент. Процедурата се прави веќе рутински кај нас. Татко ми пред години стави, и тоа на клиниката за кардиологија во Скопје. Не бара ниту целосна анестезија зафатот. Татко ми гледал на монитор додека му го ставале стентот. Полежа во болница после зафатот минимално нешто, уште еден ден или два, како беше не се сеќавам...После повеќе од една декада на контрола му рекоа дека не се ни приметува веќе каде е ставен стентот, зошто се вградил/абсорбирал во крвниот сад. Поголем напор беше стилот на живот што требаше да го смени после дијагнозата - и преминот од нездрави на здрави навики, здрава исхрана и редовно движење.
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.