Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Пред неколку месеци ми се случи истото, на десната рака се јави оток на средниот и домалиот прст. Бев на лекар и после направените испитувања едниот лекар ми постави дијагноза ревматоиден артритис,а другиот мислеше дека е Рејнов синдром оти имав и промена на бојата. Сепак примав терапија за ревматоиден артритис еден месец. Отокот се повлече и не појдов на контрола. Сега деновиве кога фати ладното пак ми се случува истото
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Скоро цела недела едвај заспивам ноќеска.
    Кога дојде вечерта ми се затнува носот и осеќам дека имам секрет на грлото што не можам да го искашлам, не можам да дишам, како некој да ме даве,се гушам. Ова само ноќеска, преку ден не.
    Знае некој што да се напијам, а тоа да не биде апче?
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.209
    Девојки имам силни болки во увото, односно кога ќе го притиснам оној надворешен долен дел од увото ме боли многу, а периодично имам болки и без да го допирам. Внатре ми е црвено, кај делот кој го објаснив, а чуствувам дека е потечен малку. Болките се големи.
    Од вчера почнав да чусвтувам прво дека има оток, а денес се појави и болката.
    Не знам што да правам, неработен ден е да одам на болница, а не се трпи.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Отол Х капки за болка земи си колку да преспиеш вечер и утре право на лекар (сигурно и некој антибиотик ќе ти препишат). Најверојатно е некое воспаление, инфекција....
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Можеби ти се воспалени крајниците или синусите, па те боли увото....
    Појди в аптека, ќе ти препорачаат некои капки, ќе ти се смири острата болка за брзо... ;)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ете Славица одговорила,а јас ќе ги кажам и капките Тобрадекс,тие се за очи,ама еднаш дека баш нив ми ги препишаа ко ме болеше увото,па помогнаа,сепак си се со антибиотик :) А можи и аналгинче да се напиеш или ибупрофен за да не те боли додека одиш на болница.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.209
    Фала девојки ќе пробам со капките, одам сега во аптека, а утре на доктор.
     
  8. BBojana

    BBojana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    5
    Може ке ви звучи глчупо ама јас морам да прашам. Значи во послениве 2 месеца од корпа D јас се вратив на корпа B (зборувам за градите) и сум стварно загрижена затоа што не сум ослабната да ми е од тоа, напротив се е ок само горе ми се изгубија градите, па ве молам за совет ако некој имал сличен проблем или слушнал нешто секоја информација е добтредојдена.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Освен ако не си ослабната (на пр. јас кога ослабнувам ослабнувам прво во цицки и половина а бутовите малку потешко) др. причина е ако си сменила марка на прслуче па тие броеви и корпи врска немаат. Јас на пр. од Лиска носам Б корпа а од др. марка Ц корпа. Тука ти е можда збунка.
    Ако ептен те јаде сугестија направи си едно ехо на гради иако што мислам дека нема потреба од нервоза.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Барав, не најдов, тука ќе прашам.
    Додека бев на одмор дали од солената вода, од што ли, ама едното уво почна да црвенее и ги извадив обетките. Ова обично се случува ако носам сребро или аксесорис, но прв пат вака со златни. После месец дена, бев ги заборавила и не ми фалеа, решив вчера да пробам да ги ставам обетките повторно. Малку тешко ги протнав, ама денеска ушите многу ме болеа. Ги извадив и ушите ми се чини денес ми се мушени. Можно ли е да ми зараснат дупките толку бргу, кога носам обетки уште од бебе, или ова ми се случува оти со овие обетки не се погаѓаме?
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Нема шанси да ти зараснале толку брзо, нешто друго е проблем сигурно ;)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    Десната страна од долната уста ми е подуена и кога зборувам ме затега, гледам ми е модро а нема бубулица или нешто слично и кораво е местото, ставам вазелин редовно, устата е хидратизирана но само тој дел стои кора и ме затега имам чувство како да имам нешто внатре. Некој ми кажа дека е можеби од загриз, за колку време поминува раната? можно ли е да е внатрешен херпес? :worried:
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.492
    Допаѓања:
    251.209
    Пак ја со увото, ама сега другото.
    До вчера ме болеше десното уво, бев на лекар, не ме ни прегледа туку ме испрати на ОРЛ на клиника, ама немав време да одам и оставив во понеделник.
    Синоќа имав болки на моменти,но силни, како нож да ме пресекува се до крајниците.
    До таму ја чуствував болката.
    Денес не ме боли десното уво.
    Ама сега зедов да си го чистам левото уво и наеднаш почна да ме боли, а нормално внимавав, не го повредив, а ме боли, од само што го чистев.
    Не знам што да правам , од искуство на ОРЛ не ми се оде на дежурство. Не обраќаат внимание ниту пак ќе ме прегледат како што треба.
    Од увото и главата почна да ме боли.
    Отприлика дали знае некој за што се работи, за да знам што да правам.
     
  14. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    22.876
    Пол:
    Женски
    Девојки, многу сум исплашена. Вчера одев по патот, и наеднаш почнаа да ме болат градите, како од измрзнато и не можев да дишам убаво. После пола саат околу срцето се ме болеше, а болката се префрли и на левата плешка пзоади. Не можев да дишам ниту да ја мрдам левата рака од што премногу ме болеше плешката. Испаничив, бев на Итна помош, ми направија ЕКГ, се ми било во ред, мускулна болка сум имала само. Дома мајка ми ме масираше со една маст, ама еве сега станувам и пак ме боли. Не толку ко вчера, но пак не можам убаво да си земам воздух. Сега повеќе ме боли позади отколку околу срцето. Што е работата? До кога вака?
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.808
    Пол:
    Женски
    Хепи срцето не боли. Болат мускулите околу него. Штом ЕКГ-то ти било нормално, најверојатно се работи за прелада, па мускулите се вкочанети. Од маста би требало да ти помине.
     
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Истите симпотоми и јас сум ги имала. Од студ, ама и од стрес. Ништо страшно, ми помина за некој ден...
    Не плаши се. ;)
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Хепигрл, убаво кажаа девојките, срцето не боли.
    Веројатно си шеткала поразголена и си се преладила.
    Некој антибиотик да ти ги опушти мускулите и масажа.
    За некој ден ќе помине.
    :)
     
  18. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    И мене ми се случува ова многу често...Најверојатно е прехлада :!:
    Сега е зима...Треба повеќе да се облечеме,ама на кој зборувам јас кога ни самата не се слушам :D
     
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    22.876
    Пол:
    Женски
    Знам дека срцето не боли, туку мускулна бока е во прашање. Пијам Наклофен, против телесна болка. Се надевам дека брзо ќе ми помине. Онака се чувствувам малаксана, и преморена, а плус од утре ми почнува колоквиумска, стрес и сл. Фала девојки :)
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала и ехо да си направиш, ама сепак ништо страшно не е, ми се има случено мал милион пати да ме боли градниот кош, или пак плешката позади. Ќе се напијам бедоксин или дијазепам и ќе ми поминело :) Ако продолжи болката најубаво едно ехо да се направи, и да си бидеш мирна :)