Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    дојдов да прашам за истово. Имам доста честа главоболка горе лево дијагонално ама од челото до кај горната вилица болката го зафаќа и окото и слепоочниците.
    За да се види дали се синусите што и како треба да се испита?
     
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    14.509
    Пол:
    Женски
    Тоа не е на копче па ај ќе бидам анорексична. Тоа е болест, не знам како може ова да си го посакаш... При толку голема достапност на интернет за храна, вежби....
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    Јас одев кај доктор за уво, нос и грло, тој ме гледаше, прегледот е краток. Ми прегледа носните ноздри, местото до носот и ушите со апарат, најверојатно нешто како ехо.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.316
    Допаѓања:
    76.417
    Пол:
    Женски
    Лелее па тоа е дефинитивно, не поврзав воопшто. Минатата недела бев катастрофа воспалена цела зошто не пиев терапија 2,3 дена за алергијата (мислев да пробам да видам како ќе бидам ако не пијам лоратадин и не прскам флексоназе)... Знаат периодов да ми се воспалат зошто сум со алергија на цветање на зимзелените растенија... 3 недели сум на терапија веќе, ама пак си кивам, мрсули, секрет, итн... Сабајлево имав и малку крв во носот... Може да се синусите.. Фала:hug:
     
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    Од синусите и крв може да има, јас пукнав еве и денес сум катастрофа, затната, секрет во грло, а најмногу ме нервира главоболката.
    Прв пат се соочувам со синуси, изгледа ќе биде со здравје да си ги носам (facepalm)
    Прави си инхалации со чај, ако одеш на преглед ќе ти дадат може и спреј за нос и апчиња. Јас бев со серапептазе и калменте, има подобрување, ја испив терапијата ама уште имам оток :envy:
    А може ли од алергија оваа пролетната и глава да боли?
     
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.316
    Допаѓања:
    76.417
    Пол:
    Женски
    Јас не сум алергична на пролетната (бар не бев), а 3 години сум алергична на зимзелените што цветаат (од крај на Февруари ми почнува) и примам терапија и спреј и апчиња за алергија, а антибиотици не пиев минатата недела за синусите зошто веќе имав скоро пиено за друго... Имам баш елки во двор едно 7,8 големи и моментално пукаат, цели коли, двор, прозори, тераси, се ни е прав :|
    1647950580116.jpg 1647950613703.jpg 1647950638887.jpg

    Инаку можно е главата плус да боли од синусите... Мене и очи ме печат, вилица ме чеша... Се надевам не сум станала алергична и на други работи, зошто ова со зимзелените пред 3г од нигде никаде ми се појави. Додека дознавме дека е алергија матичната ме отру со антибиотици, а јас пак катастрофа бев, отечена цела. На крај кортико во носот флексоназе и лоратадин ме спаси. Само што сум шашава и не пијам и тоа редовно (пијам 10дена, 2,3 прекини правам), експерименти си правам да не случајно не сум алергична оваа година, ама ништо, сеуште сум :D
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    Од алергијата дали ти се јавува главоболка? Јас како во нос да си чувствувам промена, па незнам од синуси ли е од алергија ли е? Немој и синуси и алергија да си имам :D
     
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.316
    Допаѓања:
    76.417
    Пол:
    Женски
    Дааа :D Па воспалени синуси можеш да имаш од алергија, како мене... Јас првата година од алергија готова бев и опструкции на плуќа да направам од што бев катастрофа... Од алергијата ми се воспалија тогаш и синуси и уши, се...
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    Цк, Цк а мене никој ништо не ми кажува од докторите. Матичната дури 2,3 недели ми велеше дека не се синуси да седам само дома на топло а јас глава од ѕид од болка уште да акнам|( Јас прво паниката си ја покажувам па потоа кажувам што ме боли, и така уствари сите мислат дека ништо не ми е само сум малце,, дрмнана" на психа , а ја стварно си имам мака :D
    Каде проверуваше за алергии? Денес буквално цела глава ми пулсира и готово паника на највисоко ќе се,, умира", дури се мислам и на невролог да идам уште тој не ме има сослушано (facepalm), оти у глава триста филма си направам тумори и триста глупости :@
     
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.316
    Допаѓања:
    76.417
    Пол:
    Женски
    Јас бев на преглед за уво, нос, грло за синусите дека ептен ми отече и слузницата на носот, докторот исклучи дека не е нешто опасно, рече дека ми отекуваат од алергија, ама алерго тестови не сум направила. Секоја година еве 3та по ред, јас истиот период почнувам со кивање прво, па секрет, па очи чешање, па вилицата горна ме чеша, глава боли, па мислам дека и како температура да дигам и да оглувувам во моментот ако ми е јака алергијата... Истата алергија ја има татко ми и одма или јас му јавувам да го прашам дали почна и кај него или он мене ми јавува :D Таа година кога прв пат бев цела воспалена ти викам матичната ме лечеше со антибиотици, а јас подобро не бев додека не отеков како бумбар и ми рече леле ова ти е алергија и ми даде Лоратадин да пијам и да прскам Флексоназе во нос... За 5,6 дена бев како нова со таа терапија (а пред тоа 2 дози антибиотици не ми помогнаа). Треба да си закажам кај специјалист да ми се установи дека е точно на тоа и тоа алергија, за да зимам лекови преку фонд, ама ете никако да отидам и си ги зимам приватно :?:
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    Лоратадин колку можеше дневно и јас ги пиев, да си почнам пак, два пати ли беше дневно за нас возрасни?
     
  12. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Ми касни 6ти ден значи градите ме болат и денес како подуен стомакот да ми е. Значи според мене 95% сум сигурна дека бремена не можи да сум, бидејќи имавме два пати само односи во месецов што значи нема шанси да се повеќе па да не памтам дали се случило нешто. Плус кондом користевме и двата пати си го проверив со стегање дали ќе истечи спермата од внатре и се беше во ред. Од што можи толку да ми касни значи премногу паника ме фаќа. Бев настината до пред два дена пиев антибиотик. И градите почнаа да ме болат дента кога требаше да добијам.
     
  13. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Ако си немала незаштитен однос нема од што да се плашиш. Од стресот, настинката, па и од антибиотикот може да ти касни. Опушти се, ќе ти дојде.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    12.209
    Пол:
    Женски
    Чим си била настината и пиела антибиотик голема е веројатноста да ти е од тоа, ќе ти дојди не се грижи
     
  15. Anastasia9228

    Anastasia9228 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2020
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Да ама еве утре 7ми ден веќе, чудно ми е многу... и страв ми е.
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.075
    Пол:
    Женски
    Се прави ендоскопски преглед кај оториноларинголог.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.316
    Допаѓања:
    76.417
    Пол:
    Женски
    Само по едно се пие, навечер, зошто успиваат... Има и други кои може да се пијат во било кој период од денот, Аеирус пример.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    Мене па никогаш не ме успивале, прееска во 17 h испив едно, мака си немам, изгледа ептен наопаку сум. Јас скоро секоја година април, мај ги пијам имам чешање на очи и оток, ама сега и на грло ми се јави. Фала ти :f:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.316
    Допаѓања:
    76.417
    Пол:
    Женски
    Овој период од годината многу знае да се случи да ми доцни, мене па ми се случи на 2 пати во 2 недели да ми истече кафено, крваво... Денес, утре треба да добијам и осеќам дека ќе ми доцни, нешто од времето ми се поремети... Или од антибиотик и кај мене (пиев скоро). Со толку доцнење ќе покаже на тест, направи си...
     
  20. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.809
    Допаѓања:
    11.273
    Пол:
    Женски
    Дали има некој одено кај доктор Александар Гацов за уво, нос и грло од Штип?
    Дали има задоволни?