Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.694
    Допаѓања:
    8.755
    Пол:
    Женски
    Луѓе ве молам помогнете,вријам од температура од болки,уста не ми се отвара. :(
    Уште пред некој ден ми испришти цела уста,ама имам огромна рана на левиот агол и ненормално ме боли и самата рана и целата лева половина од лицето и главата.Не можам да опишам зошто и како,важно рикам како магарица некоја од болови. :(
    Го мачкам местото со хидроциклин,мед и чај од камилица ама ништо не ми помага.Што да се напијам,било каков враг што бар привремено ќе ја намали болештинава...Не ми е јасно како може од рана на усната да ме боли целиот тој предел како со чекан да ме маваат кај левата слепоочница. :@
     
  2. ikim

    ikim Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не знам на кого да се обратам, но имам проблем. При мокрење многу ме пече, а често и потоа продолжува. Понекогаш не е издржливо. Ми се случувало и порано, но по ден-два, престанувало... Сега веќе една недела ме пече, еднаш се разбудив среде ноќ. Дали сте имале вакво искуство? Навистина не знам што да правам.
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Baguf4e најубаво да одиш на лекар,да проверат дали е настинка,некогаш се засегаат и ушето и грлото(па и крајниците) со инфекција,па да те боли таа страна или е некој херпес,па да го има засегнато нервот(или да е воспален нервот,ако била изложена таа страна на студ) А оток дали има? Или со некој заб проблеми?(можно е и од проблеми со забите да се јават тави симптоми)
    Затоа кога можиш да одиш,да не се плашиш ако те пратат на некое одделение.


    A кај тебе можно е да имаш инфекција на уринарниот тракт или се работи за камче во бубрегот.Болка што се засилува,повраќање,крв во урината? Ако е инфекција треба на матичен да ти препиши некој антибиотик,а и многу чајчиња и др. течности.Сепак бидејќи не кажа др. симптоми,ти ќе прецениш.Во секој случај,треба на лекар.За камчињата е посложено лечењето,а и требаат во двата случаја испитувања,особено на урина и крв,за да се знае кој антибиотик да се препиши,на своја рака не би препорачала.
     
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Би ти препорачала побрзо да одиш на лекар бидејќи можно е да е воспаление на нервот (н.тригеминус) кога веќе имаш до толку неподносливи болки во слепоочница и цела страна на лицето, а симптоми се баш тие приштови на уста. Да не те плашам, се надевам не е тоа, ама ништо лошо од проверка нели.

    Него јас имам проблем, се разболев којзнае од каде, отечено ми е грлово ужасно ме боли, носот ми е затнат и кивам на секое второ.
    Дома апче никакво немам ко за бељата, сега нашле да ги испијат сите, единствено што користам е капки Нафазол за носот. Ми треба лек некој на природна база за побрзо да се оттарасам од болкава во грло зошто цела вечер непроспана ми помина од тоа проклето отечено суво грло. Дома имам мед, млеко,некои видови чај и по некое овошје. Ни прополис немам ко за беља. Секаква помош е добредојдена, ама дајте ми и подетално објаснување зошто врска немам ништо како се приготвува, секогаш со апчиња сум се лечела.
     
  5. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Земи во едно гезве или во тенџерче мало стави шекер (2-3 лажици) и стави го на рингла. Кога шекерот ке се стопи и ке добие како карамел боја стави млеко и нека се стопли. Потоа во чаша и пиј. :)
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.585
    Пол:
    Женски
    Мораш на лекар, мене два пати ме фати грло и без доза амоксиклав тешко ќе помине а ги даваат само на рецепта, затоа оди кај матичен лекар. Пиј чаеви со неколку капки прополис.
    Јас цела ноќ не заспав од болки на заб, умников што ми го вадеа пред неколку месеци, се будев сто пати и во 5 се симнав долу ја разбудив мајка ми да ми најде кетонал форте, само од тоа ми помина,сега пак ме заболува,а покрај тоа ме боли од време на време зглобот на лавата рака, како реума да имам не ми е изместена и сл.
    Како стари баби сме станале само се жалиме на некоја болка, па и промениве во времево се за никаде, секоја промена почнав да ја осеќам.
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.032
    Допаѓања:
    11.809
    Пол:
    Женски
    И на крај додади малку маргарин ;) . Ќе видиш како ќе лизга. Можеш да земеш и септолете форте или стрепсилс. Таблети за лижење се и помагаат доста.
    Доколку немаш температура, не си омалаксана, грлото не ти е загноено, не пиј антибиотици. Вака ќе ти помине.
    И многу течности пиј.
     
  8. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Мојава мака е малку чудна , не знам ни како да ја опишам, па ако има некој слично искуство или нешто што би можело да помогне би била благодарна. Ми се укочува целиот дел од карлицата , со некое чудно чуство на голема болка и вкочанетост од отворот на анусот до дебелото црево не можам да се мрднам ни лево ни десно целата сум укочена неколку секунди до минута и потоа поминува, вчера имав неколку напади со многу јаки болки и за карко поминуваа, и порано сум осетила ваква болка али не било со толкав интезитет и не сум испаничила.Повеке сум испалеша што сега сум во 8 месец од бременоста.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Почнав да те читам и си помислив ,,боже свашта,, ама на крајот кога прочитав дека си бремена веднаш ќе ти кажам дека е ок. Така се шири карлицита бидејќи бебето расне во матката. Единствено би ти препорачала повеќе пешачење. Не е страшно и мене ми се така случувало а во никој случај не се породилни болки ;)
     
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Горната уста ми е потечена, ова ми е втор ден.
    Од што може така да отече?? Дали има некои други причини освен алергија?
    Со заби немам проблем никаков.
    Како силикон да имам ставено ми е, и не ми спаѓа.
    Се напив Лоратадин лек, но не спаѓа, сабалје дури и повеќе потечена.
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.798
    Допаѓања:
    100.545
    Пол:
    Женски
    Едно прашање.На вагината ми излезе нешто како чирче,на на премин од внатрешен кон надворешен дел . Со големина на зрно грашок,и ме боли.Навистина не знам од што може да е.Другарка ми вели дека е од депилација и ако одам на гинеколог можно е да ми го истиска. :tmi: Некое друго решение???
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Женски да ве прашам нешто.
    Вчера и денес после јадење ми се гаде, повраќа и ми е лошо. Јадам по 2 пати на ден и тоа по ептен малку, не можам повеќе, а ми се гаде од јадењето.
    Од што може ова да ми се случува, која е причината?
     
  13. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас така реагирам со повраќање кога сум нервозна, или под стрес.
    Тогаш не јадам редовно, и тоа малку што ке го каснам го повраќам.
    Односно имам развиено гастритис од нередовни оброци најверојатно, па доколку немаш труење од храна, многу веројатно е од нередовно јадење така да ти се лоши.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Имам неподносливо ладни нозе.Не чувствувам студ, но кога ќе ги допрам ми се премногу ладни а исто и дланките.Ми рекоја да ги чувам во колку што можам пожешка вода и во неа да има јадра сол, но ми се топли само додека да ги извадам и после пак по старо.А водата што ја ставам кога ќе ја допрам со рака е млака, но кога ќе пробам да ги ставам нозете во неа неможам да издржам од што ми е жешка.Некој нешто слично да имал, и како си помогнал? :)
     
  15. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Баш сега ја отворив темава за да прашам и кога гледам Starbucks веќе го прашала тоа што го мислев.
    Се мислев, мислев, се немам прејадено... Го немам преоптоварено желудникот.
    Чувството е ужасно, и после повраќање пак ми е непријатно, мачнина.
    Пиев чај и уште толку ми се слоши...
    Starbucks, ќе да е некој вирус? Или си носиме бактерија во желудникот :(
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Јас веќе имам хеликобактер, ама до сега ова не ми се случувало.
    Не можам да повратам, колку и да ми се повраќа. Не знам до што е.
     
  17. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    36
    Феминки ајде малку помош!
    На мое големо жалење утврдив дека имам кандида.Досега тоа ми се нема појавено,ама ете и тоа се случи. :sweat: Моето прашање е:Дали од надворешниот дел на вагината може да се мачкам со канестен,ама не таа вагинал,туку обичната,и второ-која цена е таа канестен вагинал маст.? :?:
    Дај просветлете ме,ви пракам бацки :*
     
  18. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Девојки да ве прашам нешто.
    Дечко ми пред неколку денови се закачи со едни луѓе па го удрија на градниот кош, кај градите таму. И од тогаш не може добро да јаде, не може да дише убаво, не може да се искашла убаво, не може да спие и слично. Беше на доктор и му рекле дека нема лек за тоа само по себе ќе си помине, а него ненормално многу го боли. Жал ми е да го гледам таков. :worried: Дали знае некој што може да е тоа и дали има некаков лек? :?:
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    женски едно прашање: капакот на десното око ми потече и мн ме боли главата :(
    ама денес мн плачев и се нервирав(заради една лоша вест) можно е да ми е од тоа???
    се мислев да ставам камилица или само ке си помине? :?: :(
     
  20. nitokris

    nitokris Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Здраво !Ако сака некој да ми каже колку кошта лапароскопска операција на циста во приватните клиники?