Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    девојки,ај ве молам Хелп,
    деновиве забележав неколку модринки по нозете, не сум се удрила тоа сигурно, на допир на ме болат, се мачкав Хепатробин како да се намалуваат, ама сепак ме јаде црвот што може да биде, да не е нешто сериозно, читав нешто по Интернет, покачени тробоцити, знаете вие нешто околу ова?
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да прашам за нешто слично. На татко ми пред 3-4 дена му се појави модрица на окото (на горниот капак). Како некој да го тепал, а не знае од што му е, не се удрил. Црвено е, не е модро :^)
    Од што може да се појави така модрица?
     
  3. ilcepek

    ilcepek Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ergotil kapki nikako sama na svoja raka.pri takvi sostojbi najdobro resenie-GINEKOLOG sepak tie se tie sto znaat sto treba a sto ne.

    [mod-kirilica:3m2kzx23][/mod-kirilica:3m2kzx23]
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Појавата на модринки без претходна траума на местото не значи секогаш некој проблем.
    Меѓутоа, ако тоа трае подолго време (особено на нозете), може да укажува на некој проблем со циркулацијата и крвните садови, па затоа е пожелно да се направи комплетна крвна слика со посебно внимание на протромбинското време и времето на крварење.
    Исто така, може да биде последица на подолготрајно земање на лекови кои го намалуваат згрутчувањето на крвта, но и недостаток на витамини (вит. Ц, фолна киселина - особено ако има изразено крварење од непцата).
    За да се открие за што конкретно се работи, дефинитивно е потребна анализа на крв.
     
    На Saki15 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Може да асоцираат на проблеми со бубрезите. Направи си рутински преглед, на чисто да си.
     
  6. izaaaaa

    izaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    46
    devojki vaka.....Nastinata sum veke 5,6 dena i imam mn problemi so nosot zatnat mi e.Prethodno stavav kapki operil znaci na sekoi 2 saat i ne mi pomogna vcera bev na lekar mi dadoa benil so nekoj rastvor ama i toa ne mi pomaga mi go odzatnuva 2,3 saati i posle tolku pak zatnat .kazete nesto sto da stavam za da mi se odzatne :doh:

    [mod-kirilica:zaj6f4zh][/mod-kirilica:zaj6f4zh]
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Епа не може одеднаш да ти се одзатне, нормално дека капките привремено дејство имаат, ама прочитај во упатството пишува дека со повеќедневна употреба носот ќе ти се одзатне скроз.Сепак е настинка.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Купи си и физиолошки раствор и испирај го носот. Најубаво со шприц ако можеш, така се чистат носните патишта. Капките содржат деконгестиви и не се препорачуваат да се користат подолг период, а физиолошкиот раствор е подобра опција. А исто така можеш да правиш инхалација со етерични масла на база на ментол и еукалиптус.
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Имам некое многу чудно чувство во стомакот деновиве. :(
    Знаете она, како кога си прејаден, (но всушност не сум), или имаш чувство дека мочниот меур ти е преполн (а не ми се оди во вц).
    Значи проблемот со белото прање ми помина, чекам резултати од пап тестот, ама ова нелагодно чувство не ми поминува, ме боли во пределот на јајниците и кај слепото срево, де на едната страна, де на другата страна...

    Многу чудно, поим немам ме мава ли на психолошка база нешто, или можно е јајниците да ми се настинати, нешто со стомакот навистина или пак имам некој уролошки проблем?
    Од што може да потекнува тоа чувство во стомакот, ќе пишев се чувствувам како трудница (но, само фраза на изговор ми е, поим немам како се чувствуваат трудниците), и btw - си правев и тест за бременост.
    Не е ниту тоа.
    Чаре?
     
  10. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    На мајка ми кожата и е премногу сува. На рацете и пука, дури има и ранички со крв. Од што може да биде и со што да ги мачка... ниеден крем не и помогна...
     
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мене за истово ова ми помогна кремата на Неутрогена со црвено капаче (се појавува како реакција од средства за чистење,за миење садови,ладно ....)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски

    Да не си во фаза после овулација, пред добивање? Ова што го опишуваш, кај мене е честа појава пред да добијам (барем така беше пред да останам бремена). А може и гасови да имаш, едноставно некоја храна баш и не ти годи. А да е некој посериозен здравствен проблем, не верувам. Тоа што чувствуваш како болка во пределот на јајниците, може да ти е од настинка, затоплувај се повеќе, а за превентива на мочните патишта попиј чај од брусница некое време, ама не од филтер ќесички, туку од оној на Виталиа што содржи баш брусница.

    Викторија, сувата кожа обично се поврзува со дефицит на витамин А. Ако мајка ти на зима постојано го има овој проблем, тогаш веројатно и е реакција некоја, како што пиша AIT. И навистина помага тој кремот на Неутрогена, мислам дека е посебно правен за сува кожа што се јавува поради студот.
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ана душо , едно прашање до тебе од озбилна, ако си тука се надевам ќе ми одговориш затоа што мразам да одам по болници .
    Утрово здрава и права тргнав за на работа а сега сум крива и во оток благодарение на мојата брзопотезна сестра .Ете така ми ја залупа вратата од автомобилот јас се уште не излезена а таа некаде занесена и сега глуждот ми е во оток.Прво почувствував страшна болка а сега отокот како што седам на работа видно е зголемен.Едно глупо прашање , те прашувам како да си до мене и ме гледаш па мора дијагноза да дадеш ,но тоа е тоа. По мое како што гледам мислам нема скршеница но болката нек иде до ѓавола е голема ... ме боли.Кажи да испратам некого што лек да ми земат против болки , баш денес до 7 часот сум на работа имам гости , а јас крива и неспособна... бог нека ми е на помош како ќе ги дочекам , се напив само еден аналгин тука го најдов во фиока . Го барам мојот братучед доктор да го прашам но него го нема ... доктори кога ти требаат никаде ги нема :) На макава и насмевка се надевам мојава докторка ќе ми одговори . Поздрав душо.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Извини што доцнам со одговоров Озбилна Жена, ама дури сега отворив тука. Против болки земи нешто од типот на Кетонал, Ибупрофен или Волтарен - а на отокот ладни облоги. Ако можеш да ја виткаш ногата, нема скршеница, ама веројатно нешто ти е изместено. Може да отидеш кога ќе можеш на болница, поточно на хирургија, евентуално ако познаваш некој што мести вака изместени зглобови, подобро. Ама не кај било кој, туку кај проверен човек. Ладни облоги и мирување плус таблети од тие што ги спомнав погоре. Би требало отокот да се намали од ладното.
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Да мраз во шамивче и на отокот. Било кој аналгетик, само немој на гладно. Значи се што кажа Анатх и да ти напоменам да не креваш паники, сабајле кога ќе станиш од спиење, ќе имаш големи болки, а можно е и да не можеш да ја мрдниш ногата. Немој да се плашиш, легенче со топла вода, и мала масажа и ќе осетиш како попушта, и полека раздвижувај ја ногата. Тоа сама утрото, а потоа кога веќе пак можеш да стапниш на ногата, пак си продолжуваш со ладните облоги. Најверојатно се работи за поместен или истегнат лигамент, не е страшно, само е болно и незгодно. :)
     
  16. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Мене веќе 2 месеци ме боде нешто од десна страна. Значи не постојано, на моменти ама почна многу често. Од надворешна страна на градата како некој со нож да ме боде, цела се наежам и многу боли но за 1 минута поминува. Дали може ова да е нешто посериозно или пак од што се појавува? :worried:
     
  17. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Силна болка, опишана како бодеж со нож во градите, еднострано или обострано се вика масталгија. Најчесто е поврзана со циклусот и може да биде циклична или нециклична. Цикличната најчесто се јавува предменструално и е обострана и се јавува поради хормоналните промени кои се јавуваат за време на предменструалниот синдром. Во твојот случај најверојатно се работи за нециклична која се јавува само на едната града и може да се јави во било кој период од циклусот. И една и другата се разултат на хормони. Понекогаш масталгијата може да биде симптом на циста или фиброаденом во градата. Овие болки не подлежат на третман, бидејќи не се нешто сериозно. Најчесто престануваат при користење на контрацептиви бидејќи со нив го регулираш нивото на хормони во организмот. Мој совет, пред циклус 2 недели да внесуваш повеќе Магнезиум (земи си шумливи таблети 200мг), да намалиш со масти и сол, и одбегнувај ги градниците со жици. :)
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.456
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена правев анализи на крвта и имам многу ниско железо. Докторката ми рече дека не сака да ми препиши терапија, туку да го внесувам со исхраната. Покрај другите работи ми рече дека треба и семе од коприва да земам. Дали некоја од вас има слично искуство и на кој начин се приготвува семето од коприва?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Imorena, провери тука, ова е цела тема за анемија, па го има неколку пати и тој рецепт со семето од коприва.
     
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Иморена ако е многу ниско железото јас искрено би препорачала таблети. Немаш наведено колку биле параметрите во крвната слика. Иначе семе од коприва се приготвува заедно со мед бидејќи има лош вкус. Во тегла со мед, ставаш околку 50г семе од коприва, или па за уште подобар вкус се прави комбинација од пола тегла мед, пола тегла сусамов таан и 50г семе од копрвива. Во зависност од колку е паднато железото се зема 1-3 лажици дневно. Со ова се препорачува и зголемен внес на Ц витамин бидејќи ја подобрува апсорпцијата на железото. Само морам да напоменам дека мора редовно да правиш крвна слика и кога ќе достигниш нормални граници на железото треба да се престане со конзумација на семето.
     
    На Annath и imorena им се допаѓа ова.