Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Девојки, некаде околу 3-4 дена имам како остра болка на левата страна од тораксот. Не е на едно место, туку на 2-3 места. Не е околу срцето, а не е ни баш на градата, околу неа. Болката како да пецка, не е константна туку се јавува одвреме на време, особено кога мирувам или лежам. Некако ја чувствувам како да е подлабока, на пример од мускул или ребро но не сум сигурна. Многу ми е страв дане е нешто на градата. Дали некој искусил нешто слично или знае што може да биде? И каде би се упатила?
     
  2. L-a-d-y-Bug

    L-a-d-y-Bug Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    60
    Здраво, дали има некој искуство со Центарот за биоинформатика Revit во Скопје? www.bioinformatics.mk
     
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    11.233
    Пол:
    Женски
    Ноктот на прстот на ногата ми е до пола, т. е одоздола ми порасна нов а стариот ми е до пола веќе, многу бавно додека испадне. Има ли некоја крема за побрзо да падне?
     
  4. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.307
    Пол:
    Женски
    Бев да ми зимаат крв за да ми испитаат алергија и бактерија во желидник и не ми протекува крв од вената и ме враќаат за друг ден во друга лабараторија да ми извадат крв.Дали на некој друг ова му се случува,те буцкаат и крв нема ,страв ме фаќа,а не ми е прв пат:worried:
     
  5. Feniks7

    Feniks7 Нов член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Во декември минатата година почнав да осеќам константна болка во градите и пазувите, на што веднаш закажав ехо на гради. Докторката ме прегледа, ми кажа дека имам циста од 7мм и дека не е ништо страшно. Болката не ми поминуваше, па бев и на второ мислење, каде што докторот ме прегледа абдомен и гради и ми кажа дека се е во ред, дека болката ми била од стрес. За кратко време, имавме систематски преглед од работа (срце, абдомен, гради - се беше во ред) , кадешто ме испратија на дополнителни испитувања за тироидната. На крвната слика, тироидните хормони ми беа во граница, но имав антитела и докторот ми дијагностицираше Хашимото. Во тој момент најдов објаснување за страшниот умор кој го осеќав и уште мн други симптоми си реков, а добро сигурно и болката во градите ми е од тоа. Во меѓувреме на неколку пати имав воспалено грло, до степен да не можам да голтам и почна да ми отекува и жлездата од левата страна под вилицата. На крај ми потече и жлезда на вратот од десната страна (не веднаш под вилица, туку на средина од десната страна) и бев кај матичната. И ги кажав сите симптоми, повторно ме прати кај ендокринолог, којшто пак ми кажа, во ред имаш Хашимото, но тоа не е поврзано ни со грлото ни со болката во градите, и ми посочи дека може да биде проблем со лимфните жлезди или некоја инфекција, да барам преглед или на уво, нос и грло или кај инфектолог. И пренесов на матичната, таа ми рече ајде да направиме крвна слика, каде што испадна дека железото ми е под граница и MCH, RDW и MPV малку под граница. Докторката ми препиша капсули да пијам за железото, а за болката во градите и пазувите не ми даде нов упат, туку да се мачкам со гел.... Болката сѐ уште не ми поминува, градите ми се преосетливи на допир (во текот на целиот месец, само стануваат поосетливи кога имам добиено) а многу често во текот на денот од нигде никаде осеќам болка. Истотака, нешто што најмногу ме плаши, кога ќе легнам на стомак, односно се потпирам на рацете, осеќам голема болка повторно во градите и под пазувите. Други поизразени симптоми ми се многу често заврзано биење на срцето (претходно сум немала), изгубив доста килажа во однос на тоа на претходно и никако не можам да ја вратам старата килажа, постојано ми се појавуваат афти во устата, скоро секоја вечер се будам, имам честа болка на левата страна на стомакот над јајниците секогаш на истото место, и ми се појавија и лишаи кои веќе ги немам, но специфично беше што беа на симетрични места, на бутовите на исто место, на препоните на двете страни на исто место. Имам 26 години и претпоставувам дека е некаков системски проблем, но веќе не знам кај да се обратам. Би ви била благодарна доколку сте имале слично искуство или имате некакво медицинско познавање да ме посоветувате.
     
    Последна измена: 30 август 2022
  6. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Си направила ли рентген на граден кош?
     
    На Feniks7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feniks7

    Feniks7 Нов член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Не, немам правено. Дали според симптомите би можело да има некоја поврзаност?
     
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.694
    Допаѓања:
    7.996
    Пол:
    Женски
    Оди на интернист. 50 евра на приватно ти е сегде и ќе ти каже што ти е.
     
    На Feniks7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feniks7

    Feniks7 Нов член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на предлозите, ќе побарам рентген на граден кош и ќе одам на преглед на интернист, па се надевам дека ќе дознаам што ми ја предизвикува болката
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    106.736
    Пол:
    Женски
    @Kallias2

    Правев крвна слика и испитав урина, се ми е во границите на нормала.
    Стварно чудно од што може да имав температура...:?:
     
    На buba4e89 и Kallias2 им се допаѓа ова.
  11. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    3.896
    Некој пролазен вирус можеби
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Darling.

    Darling. Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Како се употребуваат капсулите МАКМИМОР. Дали се ставаат во вагината или може да се пијат?
     
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    9.263
    Пол:
    Женски
    Се користат вагинално, не се пијат.
     
    На Darling. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Girls night

    Girls night Нов член

    Се зачлени на:
    1 септември 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Ве молам кој знае да ми каже подетално за мононуклеоза веќе петта недела лимфните жлезди кај вратот ми се потечени, многу сум испаничена, ми е страв премногу.
    Дали е нормално и после петтата недела да имам потечен врат од вирусов?
     
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    16.509
    Пол:
    Женски
    Се случува ова, може да се работи за некоја вирусна инфекција, организмот успеал да се избори со инфекцијата без да се појават други симптоми, па си поминала само со покачена температура. Мислам дека не постои засега причина за загриженост, но доколку почесто се случува можеби ќе треба да се направат дополнителни испитувања, да се види од што се јавува покачената температура.
     
    На buba4e89 и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    1.440
    Пол:
    Женски
    Незнам дали прашањето ми е за тука или за совети за вежбање.

    Почнав да вежбам, поточно скокам јаже и десната нога пред 4-5 години ја имам повредено кај скочниот зглоб. Инаку скокам јаже скоро 2 месеци на почетокот знаеше некогаш да ме заболи така малку и брзо ми поминуваше и необрнував внимание на тоа, а последниве два дена премногу ме боли еве сега скокав ама неможев да си ја постигнам целта пошто почна да ме боли, незнам дали е од промена на времето или треба да престанам со ваков вид на вежбање. Нормално е така да ме боли?
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    16.509
    Пол:
    Женски
    Не е нормално да те боли толку, нема врска со промена на времето. И јас имам скокано на јаже, скочните зглобови ме имаат болено после тренинг, ама не е нешто што не поминувало. Доколку имаш голема болка треба да прекинеш, може е повреден зглобот.
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.780
    Допаѓања:
    11.233
    Пол:
    Женски
    Какви капки за уво можам да ставам, ме полудеа од чешање :@
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Дали може на своја рака да си купам Риностоп
    Без рецепт? Или кажете алтернатива за затнат нос и премногу кашлање..
    Не сум болна ама умирам
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.760
    Допаѓања:
    16.509
    Пол:
    Женски
    Може да се земе без рецепт Риностоп но тоа е за ако ти тече носот, а ако ти е затнат не знам дали ќе ти помогне. Ако ти е затнат носот Септаназал спреј за ворасни, мене ми помага секогаш, можеш и Оперил спреј има и многу други јас овие ги преферирам. За затнат нос добро е да се прави и инхалација. За кашлица сируп, зависи каква е дали сува или продуктивна, ама и сирупот делумно ќе помогне, каплицата може да перзистира и до еден месец. Добро е да се пие салеп, ја обложува слузницата на грлото и ја намалува кашлицата.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.