Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Женски, абе вчера нешто почна да ми се врти, ама многу малку, како да ме занесува само, шантрам малку.
    Ќе да е од времево или...? Да не е симптом за бременост? :D
     
  2. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Па вртоглавицата може да е предизвикана од многу нешта. Почнувајќи од тоа ако си на диета, па од стресови, нервози, анемија, замор, исто така може и да е симптом на бременост, нене исклучено. Нормално, ако имаш реални причини да се сомневаш дека си бремена.
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Мислам дека имам пишано за проблемов, ајде пак.

    Кога е ладно времето, посебно во декември, јануари и февруари и кога има проклет снег, на очните капаци ми се појавува егзема. Искрено, веќе ме фаќаат живците, не знам што да и правам. Во текот на пролет, лето и есен немам ништо, а во зима... Ужас.

    Откако ќе се избањам станува некако вака
    [​IMG]

    А откако ќе ја намачкам со една мрсна крема на база на прополис, ваква
    [​IMG]

    :envy:

    Пробав со помади, креми, веќе не знам што не направив. Да не споменувам дека се нервирам затоа што не можам да се нашминкам како што треба, многу грдо изгледа. :worried: И најобична пудра кога ќе и ставам, дури се воспалува малкуцка и набабрува, па цели корупки паѓаат.

    Ставив слики со надеж дека некој ќе си го препознае проблемот, да ме посоветува што да правам. Докторката е упорна дека треба да и ставам помада, па ќе се смири сама од себе. Значи не, не се смирува сама од себе. :envy:

    Последно што ќе пробувам, е да го мијам местото со Дав сапун и ќе го мачкам со тоа Здраве кремата. Немам веќе идеи, така да... хелп ми.
     
  4. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ќе да е од времево, зашто мене ми е така од вчера и плус сум во пмс. Ако и тебе ти се тие денови тогаш ете плус причинител. Што да правиме не сме згреани и нема добра циркулација во телото затоа сме ко шантрави. :drunk:

    Имам испиено една гел капсула од странско прозиводство да не конкретизирам од каде ... и толку ми симна притисок да не можев да станам. Мене би беше јака. Е сега ако има капки и имаат помала концентрација на валеријана тогаш ок може. Ама вака чисто само тоа е дејството силно.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Првото око не е твое така? Само второто? Или двете не се твои?
    Е сега јас да те прашам нешто. Од кога е промената, дали има чешање, пецкање, болка, па дури и гноење и крусти некогаш? Дали е само на едниот капак или на двата? И дали имаш некаде слични други промени, вклучувајќи го и скалпот на главата (првут пример)?
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Може да е настинка и плус е период пред мензис така да нема паника. Чај од брусница да пиеш по шоља секој ден не е лошо.
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Не не, не се мои очите. :)

    Имам и на двете очи, а се појавија откако залади повеќе и откако падна повеќе снег... Ме чешаат некогаш, а некогаш и ме пецка откако ќе се измијам или ако ставам помада.

    Инаку да, имам забележано дека имам првут на косата! :o Никогаш порано сум немала првут, а во последниве две-три недели имам... Искрено не ни му обрнав внимание, мислев дека е од фарбата за коса или нешто така.
     
  8. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Абе најдобро ќе беше твоето окце да го ставиш така најдобро ќе ти кажев. Сепак ова мене ми личи на дерматит. Најчесто се од алергиска етиологија. Но може и да се работи за себороичен дерматит кој всушност е главен предизвикувач на првут. Може да даде афекција на горен капак на око. Јас би ти препорачала ако можеш некое време да одмориш од било каква шминка (вклучително и пудра). Значи прва работа во терапија на вакви дерматити е да се отстрани штетната нокса. Таа може да биде ете како што кажа фарбата, шампон, пудра, сенки, моливчиња за очи, па дури и ако имаш нов регенератор. Кожата реагира на нешто што го ставаш. Сериозни форми на вакви дерматити на очен капак се лечат со слаби кортикостероиди, ама според тоа што го кажуваш не е сериозна многу ситуацијата. И како напомена ова ти го кажувам во врска со сликите што ми ги покажа, значи можно е да имам грешка. Имам кажано повеќе пати и кожен специјалист да е без да види, чепни не може точно да кажи за што се работи. Пробај не користи ништи некое време па види дали ќе има подобрување. Или ако ти текнува што си купила во тој период кога се јавило ова, острани го не го користи.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Имам и претходно пишувано за овој проблем ама не добив баш некој поконкретен одговор.
    Чуствувам како да имам некои грутки на грлото. незнам како точно да ја опишам локацијата на која ги осекам ама мислам дека би дошло таму каде е со бело обелажано на сликичката или на тоа делче под него (незнам како се викаат стручно :wasntme: затоа со сликичка објаснувам )
    [​IMG]

    И неможам нормално да ја голтам плунката, мора некако да правам некои чудни движења со јазикот кога стигне плунката таму кај тие грутките, мора некако како да го подигнувам јазикот за да помине инаку ке се заскокнам.
    И ми предизвикуваат лош здив, што ужасно ме нервира, при здрави и чисти заби со лош здив :doh:

    Истото прашање го имам поставувано и на друг форум за здравје, на кој одговараат лекари специјалисти и добив одговор дека тоа се остатоци од храна кои се собираат во шуплините на гркланот или како се вика точно тој дел незнам. И дека треба со хируршки зафат да се отстранат :worried:

    Има ли некоја помош за мене? Некоја течност, некои апчиња што и да е.
    Ова станува неподносливо веке. :sweat:
     
  10. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    а да не ти е третиот крајник слуцајно потечен па тоа да ти е?
     
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Можно е да се крајниците,ангина да имаш,таа такви симптоми има,убаво е да ти го прегледаат грлото,се забележуваат тие ако се потечени и со налепи бели на нив или без налепи само зацрвенети .Убаво е на лекар да одиш,да те прегледаат,ако не сте сигурни дома,можи ако е нешто друго и на ренген пример да те пратат.А за нив иначе,антибиотици се пијат.А температура дали имаш кренато?
     
  12. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Немам температура. Всушност ова не е скорашно, така ми е веќе цела година.
    Мислам дека не се крајниците, затоа што некогаш како да се кршат тие „грутките“ и кога кивам искарувам мали делчиња од нив. Тврди се, светложолтеникави.
    И ги осекам подоле по хранопроводот, не горе кај крајниците.
     
  13. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Штом е подолго време и имаш такви проблеми треба да одиш да ти направат ренген.Вака не можи со сигурност да се кажи,а и ако има нешто,подобро побрзо да се лекува.Не се плаши да одиш,не е страшно.
    Според симптомите помислив и на дивертикули на хранопроводот пошто кај нив има некои од симптомите што ги кажуваш.
    Сепак,тоа е и хируршка болест и подобро да одиш да те прегледаат.Можно е па и да не е тоа.Најубаво би се видело на ренген.
     
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Тоа ти е локација на тироидна рскавица од ларинкс, т.е баш просторот каде што се наоѓаат гласните жици. Симптоми од ларинкс се диспнеа ( отежнато дишење ), дисфагија (отежнато голтање), и дисфонија (зарипнатост), глобус сензација (чувство дека постојано имаш нешто во тој простор како грутка). Ако не си зарипната тогаш проблемот е во горен дел на ларинкс над гласните жици, кај епиглотисот. Не е ангина сигурно. Ова е симпотоматологија на ларинкс. Мој совет упат за на оториноларингологија и да ти го видат ларинксот. Не е инвазивна постапка, исто како грло со шпатула што се прегледува, само ова е со огледалце кое е свртено кон долу.
     
  15. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    Да имам некои од симптомите, отежнато голтање, чуство дека постојано имам нешто во тој простор како грутка. Не ми е зарипнат гласот.
    А тоа како се лекува? Со некои медикаменти или..? :|
     
  16. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Поради фактот дека немаш температура, не е веројатно дека се работи за воспаление. Ако си пушач откажи ги цигарите. Во овој дел има џепови во кои навистина би можело да се собира храна. Не можам вака да ти кажам, мора да се види. Ете прво направи обична индиректна ларингоскопија ќе се знаат многу работи. Третман без дијагноза не можам да ти кажам. Ова ти е само патоказ каде да се обратиш.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  17. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    2-3 дена пред да ми дојде менструација ми паѓа притисокот, ми се лоши, се гушам чувствувам недостатокот на воздух и главата премногу ме боли.Како ги надминувате овие мачнини доколку ги имате?
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Одмарај повеќе, пиј течности, јади лесна храна, најдобро некое овошје. Јас секогаш пред да добијам имам главоболки, и така ги надминувам. :)
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054

    Тоа се места позади крајниците каде се собираат делови од храната. Да, предизвикуваат лош здив, и самите лошо мирисаат, кога ќе искашлаш повторно некое од нив, пробај да го згмечиш со прстите ќе видиш колку лошо мириса.
    Го имам овој проблем, прво мислев дека е гној , меѓутоа не е тоа, туку баш остаток од храната. Може да го снема доколку ги оперираш крајниците. Пожелна е повремена гаргара со хидроген и хексорал.
    За поточни онформации можеш да се обратиш кај лекар за грло, ќе ти објасни се.
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.131
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден приметив дека доле палецот на ногата ми е малце отечен , и тешко го виткам, и малце на средина ми е како црвено, како каснато од нешто :?: ама што може да има зимно време, се намачкав сега со Декотал една маст што ми ја има препишано докторката оддамна за каснатини, друго нешто што може да ставам има? :(