Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Didajo

    Didajo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Каде правевте тест за нетолеранција на храна ?
     
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Пред неколку години проверував, на Државна, на Институтот за хумана генетика проверував за глутен, лактоза и фруктоза. Испадна 100% нетолеранција на лактоза.

    После прележана корона ми се појави многу бурна реакција на глутен, знам дека немам целијакија но нетолеранција официјално немам проверено зошто за да тестирам антитела треба две недели да внесувам храна што има глутен а тоа едноставно не е опција (од тоалет нема да излезам :D На страна што ужасно ме кине стомак со саати). Едноставно го избегнувам во целост.
     
    На Cosmic Girl и Didajo им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa Значи навистина било од тоа, болката ја снема откако избегнуваш млечни производи? (претпоставувам дека избегнуваш)
     
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @Srckata28, кај мене како што престанав да јадам млечни ствари, во рок од две недели ја снема болката. Баш онака школски пример :D
    И стомакот ми спласна, отеченоста ја снема, одењето во тоалет ми се нормализира.

    Штом ќе почнев повторно да бутам лактоза, после некое време ќе се вратеа болките и притисокот и одма почнував со пробиотоци (конкретно Провен со авионот) и скроз исфрлав лактоза.

    Знам дека е индивидуално, секој организам е различен, ете кај мене е со 100 % нетолеранција, па и сладолед јадев и нескафе со млеко пиев без проблеми, само кога ќе претерав почнуваше нелагодноста.

    Јас би ти кажала да си провериш, за мирна глава, да не го мислиш а додека чекаш термин (или реагенси :D) две недели исфрли лактоза и види дали ќе има подобрување па после истото повтори го со глутен (макар што, целијакија си влече и други, посериозни симптоми)
     
    На Didajo и Srckata28 им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.659
    Допаѓања:
    39.517
    Пол:
    Женски
    Имаш нешто друго, на пример да ти касни циклусот?
    Ако имаш и други вакви гинеколошки симптоми побарај си второ мислење.

    Ако мислиш дека ти е нетолеранција на храна, тогаш би требало да имаш и други знаци после јадење на одредена храна. Тешкотија, нелагодност, подуеност и сл.
     
  6. Pincpanter

    Pincpanter Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Дали е нормално кога правете вежба со рацете да ги допирате стапалата рбетот да се познава? Не целосно но на одредени делови, а кога стојам право се е нормално.

    * Исто така имам еден пршлен во долниот дел од рбетот кој на допир го чувствувам како подаден, но на изглед е се нормално и право. И кога стојам наш право како што треба ептен малку се познава на допир само. Нормално е?
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Циклусот ми е секогаш до ден редовен, но имам проблем со екстремни менструални болки до повраќање и инекции, за кои гинекологот не ми верува дека се некој симптом (баш пошто сум редовна), ми вели дека имам ниска толеранција на болка. Мислам, ако ми е во ред се на ехо, разбирам зошто не би се сомневала, но сакам да одам и кај друг и ќе одам.

    Искрено, не се сомневам во нетолеранција на храна, ама ете да видам од што може да биде. Да не знаеш случајно дали може да биде од проблеми со слепо црево, зборев нешто со тетка ми, она ме убедува дека од слепо црево болело толку ниско?
     
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.659
    Допаѓања:
    39.517
    Пол:
    Женски
    Па најчесто ако е слепо црево во прашање тоа ќе биде напад што се развива за неколку саати. Мислам дека многу ретко е хронична болка што се провлекува неколку недели или месеци. Ова твоево во комбинација со екстремно болни циклуси повеќе асоцира на гинеколошки проблем. Ама сепак види си со матичен лекар дали ќе те насочи и на други испитувања.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.487
    Пол:
    Женски
    Фала за инфото. :hug:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. RebelliousGirl

    RebelliousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, веќе повеќе од 1 месец имам чешање само на едната града (реонот на брадавицата)
    Чешањето варира од мало до интензивно. Инаку правев самопреглед, пошто се истрипав (знаете од што) Немам никаква грутка, исцедок или нешто слично. Мачкав канастен, не помага.

    Ќе патувам неделава, немам време за на лекар, ама се плашам и ќе ми биде во мисла. Некој со слично искуство?
     
  11. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Види да не имаш реакција на градник или нешто што носиш што е во допир со градата или нешто евентуално да не реагираш на детергентите кои ги користиш. Ако добро разбрав имаш само чешање а немаш ниту црвенило, оток, мозолки?
     
  12. RebelliousGirl

    RebelliousGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не, апсолутно ништо, само чешање.
     
  13. Fraxinus

    Fraxinus Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2021
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Не би требало да е нешто сериозно, исчисти го местото со борна киселина и види дали те иритира нешто од тоа што пишав погоре. Ако пак те чеша, после патувањето појди на дерматолог. Но немој да се плашиш, најверојатно е некоја мала иритација.
     
  14. nancyyy

    nancyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    389
    Ве молам може некој да ми одг брзо
    Тука пишувам што е поактивна темата
    Имам упат за тироидната жлезда тсх, ф3 и ф4 во јане сандански
    Сега дали се реални таму резултатите
    Или да одам во авицена
    Ве молам некој ако знае и поверувал да ми каже
    До 9 ми е упатот денес
     
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.659
    Допаѓања:
    39.517
    Пол:
    Женски
    Малку покасно ти враќам ама да реални се. Зошто не би биле?
     
    На nancyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. your-girl.-.friend

    your-girl.-.friend Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.496
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Дали некоја има пијано чај од сладок анасон за надуеност. Не знам како да го решам тој проблем. Сѐ имам испробано. Ништо не ми помага. Некоја да сподели искуство со нешто што и помогнало? Благодарам.
     
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Дали пиењето кафе пред крвна слика без шеќер може да резултира со покачен шеќер во крв?
    Минатиот пат беше над границите а сега е 5.6 а нормален е до 5.8?
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Шо вирус хара бе низ Скопје?
    Со години не ми било вака лошо.
    Спијам на рати од ноќеска. Сѐ ме боли, сила немам до тоалет да отидам.
    А се спушти темп, заспивам, ќе станам. Пак се качува.
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Не, бидејќи не си внела шеќер.
    Не верувам нескафето само во себе да има шеќер.
    Или што и да си пиела.
     
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Пиев еспресо пошто не знаев дека ќе правам крвна слика исто ко минатиот пат, ама ова два пати по ред више ме загрижува