Да Ровента салам ја платив, еве веќе цела недела не ја користам во надеж дека ќе помине мирисот ме бре водена кога ќе ми е смрди на подгоренаведените не знам што да користам очајна сум
Косата ми е фарбана со кана и откако се офарбав многу ми е кршлива и наелектризирана. Помош!!! Не можам да ставам ни маска ни масло премногу ми се електризира? Како да го средам проблемов? Знам дека недостаок на влага доведува до електризирање, и?
Косата ми е премногу сува, како вештачка. Никогаш не ми била ваква не знам што да и правам веќе. Користам маски секогаш. Од гарниер хаир фуд моментално. Спрејот на ревлон црвениот и конопка шампонот против опаѓање (некогаш мислам дека од овие два производи почна да ми станува олку сува). Помош!!!
Пробај со кокосово или маслиново масло. Пиј повеќе вода, здрава исхрана овошје зеленчук Внесувај б комплекс омега и витамин е Верувам дека за еден месец ќе имаш резултати
Каде можам да најдам прелив за коса темно кафеав, ама со добар состав, преливот и овие колор шампони исти ли се? Имаше ехотон понапред кој се нанесува на измена мокра коса, ама сега кафеав никаде не можам да најдам.. Да одложам фарбање колку повеќе можам, ич ама ич не сакам да се фарбам
Купив Пантенол спреј од Силк, но потоа забележав дека содржи Metylparaben, а сакав да го користам за скалпот против првут пред миење, па дали има некоја искуство со спрејот?
Здраво девојки Како го користите дифузерот ако може да објасните постапка? Гледав видеа на YouTube но секаде на различен начин го користеа. Дали треба на мокра коса после бањање или да се засуши малку?
Со ровента е така, да убава е пеглата врв пегла ама пред пеглање да ја испрскате косата со средство против горење. Има во дм и не е скап, конкретно не ми текнува на името но има повеќе видови.
Да го користам тоа на Ревлон црвеното доста е фалено тука по темите ама џабе.. Можеби дека имам тенко влакно и брзо ми го гори. Ја немам испеглано скоро месец и кога ја мијам и ми е водена сеуште има мирис на изгорено, не ми е јасно како е можно
Џабе , ако влакното ти е тенко џабе се што ставаш, и моето влакно е такво, што не користев лосиони за заштита од Kerastase ,масла од Moroccanoil , ништо не помага се е џабе фрлени пари. Помалку користење фен, пегли , виткачи тоа е спасот за косата наша
Јас го користам на мокра... претходно ставам или од глис спрејоте или малце пена за са бидат поубави локните
може да пробаш но да ја измиеш после 30тина минути а потоа добро со шампон само на скалпот не на краевите кератин третман смени го шампонот и провери во сите прдукти што ги користиш дали има силикони бидејќи ако има многу ја оштетуваат косата,ја сушат и се таложат на влакното
Третман кој треба да се прави на фризер? Може нешто подетално околу ова? Најдов тема на форумов, ти благодарам.
Рицинусово и кокосово масло пред миење на косата можеш да ставаш саат време пред миење да постои. А по миење и сушење можеш арганово масло.
Девојки помагајте затоа што пукнав веќе. Имам ретка коса, ја кратам по малце на 2-3 месеци ради врвовите но имам голем проблем со туткањето. Значи ќе ја исчешлам и за пола саат е целата туткава. Не знам што да направам веќе. Дајте некој совет што да користам дали маска, спреј или нешто друго. Поздравче
Да би требало на фризер а имаш и во depieleve нешто слично што би ти помогнало 370 денари е на kaypro, другарка ми е многу задоволна