Предлог некој производ што дава сјај на косата? Здраво Сакам да купам еден од овие шампони. Кој би ми го препорачале вие? Кој е најдобар против првут? Ве молам помогнете ми. Можеби и @Biodevojka ќе може да ми одговори. Фала ви најмногу
Ве молам предложете ми некоја маска за ептен сува коса. Досега користев регенератор ама некако не е доволно. Цената не ми е важна, само да ми овозможи лесно расчешлување и мекост на влакното.
За расчешлување само ова од балеа ми помага безболно да се исчешлам А за маска ја кпристам на калос но можеш и гарниер лореал се убави исто но малце поскапи. Бидејќи ти е сува можеш и масла да ставаш
Gliss спреј за коса од Schwarzkopf (или било кој друг ама тие се најдостапни). Околу 200ден, +/- 20ден зависи каде. Има различни видови, ќе прочиташ кој за што е и ќе одбереш оној кој најмногу соодвествува со твојата коса. Сите помагаат при електризирање. Се препорачува да се користи на влажна коса. Одбегнувај да ја сушиш косата со фен или на најтопло и најсилно ниво на фенот зошто и тоа предизвикува дополнително електризирање. Не знам зошто не можеш да ставиш ниту маска ниту масло ама е препорачливо. Имај во предвид дека и храната влијае на косата. Повеќе витамини, овошје и зеленчук. За коса се препорачува Б6 или пивски квасец па информирај се околу нив. Точно, премногу користење на производи може да направи косата да стане премногу зависна од нив. Полека, полека намалувај од тие производи, некое време остави ја само на најмалку колку што можеш и види дали тоа ќе направи некоја разлика. Исто и третирањето со топлина (ако користиш премногу јак фен или пегла или фигаро). Спреј за расчешлување. Погоре го спомнав Gliss. Има различни па разгледај кој најмногу ќе ти одговара. Почни да користиш масла на врвовите од косата - 1-2-3 капки (може ќе промашиш првите ставања ама ќе регулираш после некое време колку капки ти одговараат). Се нанесува најчесто на влажна коса. Не мора да е некој скап за почеток, Danai имаат неколку видови, кокосовото најубаво мириса па можеш да пробаш со тоа за почеток.
Какво средство користите за убав сјај на косата ама косата стварно да сјае не како мрсна. На интернет постојано гледам коси со убав сјај и тоа третирани што се. Еве мојата не е третирана и пак го нема тој сјај. Маската што ја користам е ок за штитење на врвови ама не и за сјај на косата. Предложете маска, спреј, за сјај на коса со колку толку добри состојки.
Јас ја користам маската за коса на лимес. Не само што дава сјај на косата туку ја штити од првут, исто така и не се мрси косата. Можеш да ја порачаш од интернет ке ѓи најдеш на фејсбук страната Некаде околу 650 ден беше.
Маска GAIA (ќе ја најдеш во жито маркети) и кокосово масло (од тегла). Презадоволна сум од сјајот на косата.
Кокосово масло ставав пред неколку години, супер е за косата, само што треба да стои минимум саат време пред миење а јас со мало дете сум, не се знае кога ќе ме изнесе надвор па не сакам да сум како зејтин во косата
Пред 4 5 часа ставив кокосово масло. Во план сум утре да ја измијам. Често правам така и воопшто немам проблеми.
Драга секако еден производ не може да даде ист ефект кај сите, сите сме различни. Може некој друг да пробаш на пример на лавера шампоните се преубави или ако проблемот е зголемено опаѓање на Бабушка Агафија. Поздрав.
Има едно во жито маркети, зелено шише (спреј за волумен), не се сеќавам точно дали беше на гарниер. Дали некоја го пробала?
Драга мене лично не ми се допаѓаат. Освен фактот што содржат мал дел силикони, имаат голема измивачка моќ, Воопшто не се природни. Ова е секако мое мислење, ти имаш право на избор.
Здраво. Пред скоро време го купив шампонот од Farmasi од лук бидејќи многу ми го пофалија за мрсна и слаба коса. Од премногу мастење на косата ја мијам секој ден. После една недела од кога го користам почна да ме пече скалпот и да ме чеша. Претпоставувам ми ја исуши косата? Што ми предлагате да правам и што да користам за да се смири?