Јас како што знам не е препорачливо секој ден да ја миеш косата дури ни со најсофт шампон. Така само се побрзо ке ти се масти. Немам го користено тој шампон, но можеш да пробаш преку ден да ја миеш со некој благ шампон, после одредено време на три дена. Јас имав така проблем и бев почнала секој ден да ја мијам, но мајка ми (фризерка е) ке ме утепаше кога ме примети што правам и ми кажа да почнам така преку ден па на три. Пробав и беше супер бар за мене со добри резултати, но резултстите не беа приметливи после две недели туку после 4 или 5 месеци.
Драга од чиста љубопитност може ли да сликнеш декларација? Инаку колку е иритиран скалпот? Дали се лупи, те чеша, има црвенило?
Шампонот заврши во канта. Ова го најдов на интернет Water/Aqua, Sodium Laureth Sulfate, Cocamidopropyl Betaine, Sodium Chloride, Glycol Distearate, Cocamide MEA, Laureth-10, Lauryl Glucoside, Cocamide DEA, Styrene Acrylates Copolymer, Coco-Glucoside, Polyquaternium-10, Fragrance/Parfum, Allium Sativum Bulb Extract, Panthenol, Methylchloroisothiazolinone, Methylisothiazolinone, Tetrasodium EDTA, Citric Acid, Butylene Glycol, Dextran, Acetyl Tetrapeptide-3, Trifolium Pratense Flower Extract, Hydrolyzed Corn Protein, Hydrolyzed Wheat Protein, Hydrolyzed Soy Protein, Benzyl Alcohol Инаку ме пецка и е црвен по патецот. Што да користам за да се смири. Многу сум уплашена не знам што да правам, можеби кокосово масло да ставам или некок друг предлог?
Девојки препорачајте ми некој продукт за обликување коса за подолго да стојат локните, имам тешка коса и брзо ми се исправува.. Пена и лак не доаѓаат во предвид, ми треба нешто да не ја прави косата сува и леплива
Драга пред сское миење ставај масло (маслиново, кокосово или некое друго). Остави да делува околу 15 мин. и измиј. Како шампон земи го овој кој ќе го смири скалпот оментално е на попуст. https://www.bellina.mk/p/932/no-per...lna-kosa-i-senzitiven-skalp-250-ml?category=4 Инаку шампонот кој ми го покажа е агресивен и многу е можно да предизвикал проблем особено доколку имаш чувствителен скалп.
Која фризура е најлесна за одржување? Имам долга коса до гради, ама повеќе ми е фатена во пунџа, па сакам да ја скратам. Се мислам како да ја шкрапнам. Многу сакам кратка ама до толку ми е страв.
Според мене, боб. Буквално пери-носи, повеќе волумен.. но, ако не се замислуваш така, сечи ја рамно пократко од тоа што ја имаш. Евентуално степен, ама не ти препорачувам баш..
Многу зависи од квалитетот, јачината на влакното за фризура. Ја со мојата преслаба коса, прекршена, се' беше само боб не. Ете на мојата слаба коса, само рамно шишана ми одговара, без степени и чуда. Евентуално асиметрично, ако ти е "досадна" рамна.
Отсекогаш ми е долга и степенесто пишана, имам природна коса на благи локни, средно густа коса, ни многу тенко ни многу дебело влакно, леле ама ти објаснив Искрено ми здосади вака, а и постојано сушење со фен, многу тешко ми се суши, па ајде кремови за виткана коса, преку еден ден ја мијам и ми одзема време средувањето, да е пократка барем побрзо ќе се суши ама и да личи на нешто барем Се мислам за вака..
Како ја одржувате пегланата коса? Ја измив, утрото ја испеглав, до вечерта беше скроз сплескана, па гледам денес да поминам со сув шампон. Не ми се мрси пребрзо, но огромна разлика гледам помеѓу состојбата кога е пеглана и веднаш се сплескува и кога е само фенирана/навиткана без топлина, па треба подолго да се сплеска и измрси.
Подобро да ти ја сплетат како слонова коска или да ти направат бранови, сама што и да правиш тешко ќе ја скротиш.
Така и направив, вечерта ја киев, утрото ја пеглав, веќе до вечерта се сплеска скроз. А никогаш толку брзо не ми се сплескува или мрси(ако е само исушена со фен или навиткана без топлина)
Како мислиш се сплескува? Самото пеглање ја сплескува косата, барем јас ја пеглам за да ми е „сплескана“. Не можеш од пегла да очекуваш волумен, барем ја така мислам. Едино пробај кога ја пеглаш прамените што ти паѓаат на лево да ги пеглаш нагоре и на десно, во спротивна насока, а да не ги влечеш надоле, така можеби ќе успееш да постигнеш поголем волумен во коренот. Не знам, јас ја пеглам зашо сакам да ми е сплескана а и можеби не разбирам на што мислиш поточно.
Можеби не одбрав точни зборови за да се изразам. Како слепена некако, не знам како да речам, падната надолу, ни волумен ни ништо, како да е 3 ден миена, а не свежо. А ја миев ноќ пред да се пеглам и баш свежо изгледаше.