Да не ти е до шампонот или да не имаш ставено многу маска/млеко за коса? Не верувам дека е до пеглањето, ма да пеглана коса побрзо се мрси од виткана. Исто и зависи какво влакно и колку ти е густа косата. Ако ти е поретка и ја пеглаш побрзо ќе се измрси, исто и ако ти е потенко влакното. Кога ја пеглам веќе на 3-4 ден ми се познава дека е мрсна, морам да ја измијам, се дели, а ако ја навиткам тогаш може 5-6 дена да ја носам и нема толку многу да се познава дека е мрсна.
За жал косата побрзо се мрси кога е пеглана отколку кога не е третирана (плус ако имаш тенко влакно уште побетер).Пробај да не се пеглаш. А евентуално ако толку сакаш права коса фенирај ја така нема да ти биде сплескана и без волумен како кога ти е пеглана.
Сте слушнале за овој Dyson Airwrap со кој се прават совршени локни? Дали може да се најде нешто слично а поевтино на македонскиов пазар?
Здраво девојки. Кој шампон на балеа според вас е најубав, за сува и оштетена коса? И ми треба препорака за спреј за расчешлување. До сега не сум имала потреба од таков, но бидејќи вадев црна боја на фризер, ја оштетив малку и тешко ми се чешла. Исто така барам нешто за заштита од топлина бидејќи ја пеглам. Или препорачајте ми друго било што, да ја оправам малце.
Шампон на балеа немам користено освен еден во лилаво паковање кој шо беше за волумен,и не беше лош.Лично јас од спреј за разчешлување сум задоволна од спрејовите на глис(моментално го користам еден бледо розов со масло од грозје) и го имам користено спрејот на калос кој исто така беше добар а со пониска цена од тие на глис. Ти препорачувам да си земеш арганово масло или било какво масло за коса (јас ко користам од гарниер bothanic therapy) го ставам на водена коса пред сушење и исто така после користење на топлина ,најчесто после пеглање. Веќе некој период го користам и балзамот на гарниер sos repair портокаловиот, и сега за сега сум многу задоволна.
Девојки има ли на балеа некој восок, капки, нешто за после пеглање да ми ја смирува косата бидејќи ми е малце надувана дека ја измалтретирав со прамени, фарбање.. Имам моментално на дове нешто и убаво изгледа ми дава сјај но за брзо време се губи..
Женски се надевам ќе добијам одговор. Пред неколку години правев balayage,и многу бев задоволна на изглед, ама косата ми се направи пуфка, ужасно сува ако не ставам еден куп препарати и да ја испеглам/свиткам. Е сега комплетно ми е здрава и сјајна, ама многу сакам пак да вадам прамени. Ве молам поискусните споделете производи кои ќе ми ја одржат колку толку здрава... Без разлика на цена. И, дали помагаат Olaplex производите? Фала ви многу
Јас користам масло од балеа, мириса преубаво а не ја мрси косата баш онака сe упива, околу 200 денари е
Го имам ова, како се користи правилно? Јас го ставам на мокра коса. Може на сува после пеглање? Иначе се од оваа линија oil repair ми е преубаво
Ке го пробам денес така. Не знам што да ставам веќе да не ми биде надувана косата. Ја пеглам и за пола саат ми се надувува. Земав восок тафт видов тука го фалат ама кај мене врска нема..
Здраво косата ми е веќе пожолтена од балјаж што имам правено, дали може некој да ми каже дали ехотон би помогнал за да ми испадне по неутрална? Или треба прелив да ставам?
Дали само мене ова ми се случува? Кога ќе ја измијам косата и не ка сушам со фен ниту пак ја пеглам следниот ден ќе ми биде мрсна, спласната, препрелоша, а ако ја исушам со фен и ја испеглам следниот ден ми е како свила и нормално малку измрсена... Дали да сменам шампон...
Колор шампон со сина нијанса односно шампон за тонирање. Го оставаш да делува според упатството (сите се различни, на некои им треба неколку секунди на некои неколку минути) и темелно плакнеш. Зависи што ѝ треба на косата. Речиси се исти (регенератор и балсам се секако едно исто со различно име). Маската потхранува повеќе, затоа се држи повеќе време. Регенераторот е полесна верзија и е повеќе наменет за коса што нема потреба од толку потхранување туку повеќе е за омекнување и полесно расчешлување.
И мене ми е исто. Кога не ја сушам со фен побрзо ми се мрси. Нз баш дали ако смениш шампон ќе ти помогни, пробај со некој за волумен
Го имам видено на yt предобар е ама и прескап видов има копии негови на Алиекспрес околи 60 евра се. За кај нас немам сретнато. Јас ја барам оваа четка-фен ама ја нема ни неа кај нас.
смени шампон можеби коста ти презаситена од тој шампон го имав истиот случај и јас како тебе користев еден шампон предолго и ми беше одма мрсна го сменив шампонот и се виде разликата
Дали некој пробал да ја плакни косата со лимонов сок? Читав по интернет дека добро било за мрсна коса, за првут, го чистело скалпот, ја правело косата поздрава и посјајна. Постапката беше да измешаш исцеден лимон во вода (отприлика 1:4 сооднос) и кога ќе ја измиеш од шампонот да ја исплакниш со лимоновиот сок, па пак само со вода. Сакам да пробам бидејќи во последно побрзо ми се мрси и првут ми се појавува, ама да не ја запустам.