Па, јас би рекла не со лимон. Лимонот ја суши косата, сигурно и скалпот ќе ти го исуши, а со тоа и ќе ти се појави повеќе перут.
И јас мислам контра ефект ќе има. Ќе ти ја пресусши, долниот дел крут ќе стане а скалпот, ќе се ,,труди" да ја надомести изгубената мрснотија, со што ќе дојде до повторно мрсење, ако не и повеќе од нормално. Мене што ми помогнува за мрсна коса е чичково масло. Го хидратираш скалпот со што нема потреба да ја надоместува изгубената мрснотија која природно се создава. Дали каj секој има ефект ова, не знам, мене ми помогна периодот кога го користев. Нанесував пола саат пред туширање, со масирање на скалпот, некогаш и цела коса.
Девојки ,помагајте Имам природна коса ,констелива Но неколку месеци користам шампон кој се вика "Здраве" за против мрсен скалп и против првут но овој месец имам премногу првут , ја сум задоволна што не ми се прави мрсна коса освен првут.. Кој шампон да користам?
Јас би ти препорачала органски некој, со поубави состојки, маж ми го користи на Конопка и е задоволен, кај него претходно ептен беше изразен.
Здраво во последно втеме косата мо е пресува ко оштетена, што да користам да ја управам? п.с. не сум ја пеглала 3 недели секако нит фигаро сум користилА
Денес во маркет видов масло за коса, шишенце пластично околу 50 денари. Што е тоа всушност и како се користи? Интересно ми изгледаше, но не сум сретнала до сега. * Не беа силиконски капки.
За какво масло станува збор? Дали пишуваше на амбалажата? Инаку, јас користам кокосово масло, ореово, чичково, некогаш и бадемово, а денес си купив и рицинусово, ги нанесувам на косата пред миење, потикнува раст на коса и го зајакнува влакното. Често со нив и правам маска на коса, и ги мешам заедно со јајце и мед. Доста сум задоволна, само малку ќе ставаш, зошто сепак е мрсно. Туку да прашам дали некој го има користено шампонот од лук од Афродита? И дали има резултати за раст на коса? Користев еден, ама имав многу првут поради него а не можам да се сетам од која фирма беше, мислам не беше од Афродита.
Не се сеќавам точно што пишуваше. Имаше две врсти и едното беше бадемово мислам. Конкретно во Стокомак видов. Беше проѕирно шишенце и на него лепенка со пишаното. Ама сигурно е тоа што зборуваш ти, за пред капење. Дали го редиш на целата коса или на скалпот? Ти благодарам на деталниот одговор!
Да да, за пред капење. И го чуваш пола саат, саат време. Го ставам скоро насекаде но по малку, но ко што кажав го мешам со јајце и мед некогаш за подобар ефект. Нема проблем со тоа. Не се плаши да го употребиш.
Немој со шампонот, катастрофа е, ќе си уништиш косата, ќе ти биде залепена, мрсна и почнува да пага, јас пред неколку години го имам користено, одамна беше, не би пробала пак.
Ти треба само ременот на бањарката и два стегачи за коса. Јас веќе пола година така си ја правам косата и е предобра, сите ме прашуваат какво фигаро имам.
Ако збориш за шампонот од лук на Афродита, мене ми беше топ. Ама јас имав оштетена коса. Во него ставав ампули и ги добив очекуваните резултати. Само тој што е од коприва ми правеше првут и ме чешаше коренот од него.
Имав едно млеко за коса со мирис на манго. Во исто пакување беше со пумпица, претпоставувам дека и ова е нешто со многу слична формула само различен мирис. Прекрасно беше, тогаш имав многу долга коса и не можам да опишам колку ја омекнуваше, навистина ми беше фино ова. Не ја мрсеше косата ако ја погодиш дозата, но можеби ќе ти треба време малку да видиш која количина тебе би ти била добра за твојата коса. И мирисот беше прекрасен, се задржуваше во косата. Отприлика ова, друго не ми текнува, навистина одамна го користев.
Што мислите за оваа линија шампони, регенератори, маски, се? Цените им се височки, не сум сретнала некој да ги спомне овде, а сакам да ги пробам, но дали вредат за цената.. Ги има во ДМ, а за други места не знам.
Јас го користев пред неколку месеци.Често се лажам со скапи шампони а испаѓаат најлоши.Едвај ја чешлав косата многу ми се заплеткуваше.Не би го препорачала. Ако сакаш кератин шампон ти го препорачувам од Фармаси заедно со маската.(не сум член на Фармаси ама таа колекција ми е баш омилена).
Одлично! Единственото нешто што ми се допаѓа од фармаси.Цела колекција да ја испробаш ти ја препорачувам.
Косата веќе 2 години не ми е фарбана и скоро 90% е израснато моето влакно. Ама уште на допир и на изглед е како оштетена, мртва. Воопшто нема сјај. Не ја пеглам, ја мијам еднаш до два пати неделно и не ја сушам на најтопло. Не знам што да направам веќе за да ја оправам.