Шампонот ми се потроши пред 1-2 недели, па во меѓувреме користам некој рандом, ама пак истиот резултат го добивам. По сушење косата е мртва ко да ја бланширам секој втор ден.
Да пробаш со некој друг шампон, можеби е до тоа. Алверде со авокадо со виолетово капаче го фалат доста, можеш да го пробаш. Маската на Гарниер hair food е многу добра. Не знам од што друго би можело така да ти се случува, имаш ли прашано некој фризер?
Не, се немам консултирано затоа што дома се шишам . Ќе ја пробам комбинацијава што ми ја пиша, фала ти.
@KittyAgnes здраво Ми имаш одговорено дека ги имаш користено фарбиве. Ме интеррсира дали се агресивни. Сакам фарба која нема да ми ја изретчи косава горе во скалпот. Од многу менување фарби не знам точно од која марка, но еве косава горе почна да ми се ретчи... затоа сакам поквалитетна фарба бидејќи имам бели влакна и морам да се фарбам.
За Биокап фарбите станува збор нели? Да, супер се нешто најквалитетно што сум користела, НО најнајискрена препорака бидејќи спомна дека косата почнала да ти се ретчи на скалпот, те молам остави било каква фарба иако имаш бели влакна. Глеј фарбиве на Биокап ми се нешто најприродно и најнежно што имам пробано со одлични реузлтати ама пак содржат хемија во себе иако не толку агресивна. Но бидејќи вашата коса особено скалпот е во мнг ранлива состојба сега, ти препорачувам да мируваш. Белите влакна не се проблем верувај ми. Имав период на страшно ретчене и отпаѓање, тогаш не користев ништо, пиев витамински апчиња, и користев специјални шампони и имав мнг бели влакна но не ми сметаа. Плус сега е лето, имаме додатно горење на косата од УВ зраците и сушење поради топлото време....
da mi dadete nekoj sovet imam mnogu dolga kosa,do strukot dosega se nemam farbano,bojata mi e kostenliva ima li nesto so sto bi ja osvtlila malku a da ne e farba
Дали има некој спреј за заштита од топлина од кој сте задоволни? Дали воопшто помага, сте забележале промена со негова употреба или е само некој друг производ за кој ќе дадеш пари за џабе? Многу тенка коса имам, горе се мрси за брзо, долу врвовите се суви, барам нешто што колку-толку ќе спречи да се сушат дополнително при сушење со фен, пегла ретко користам.
Масла ставаш? Јас а осетам дека ми е посува ставам комбинација од 3 масла (кокосово, ореово и чичково), држам највеќе што можам, па дури и спијам со маслото. Многу убав сјај и мекост имам после тоа. Не го правам често дека ми се заситува косата брзо од све, по потреба. Често менувам шампони, маски, дека ми заситува косата.. ама убава ми е пак, цврста и имам сјај. За @Hellobeautiful беше ова, по грешка сум цитирала.
Што ќе ми се деси ако косата ја поделам на два дела напред и така ја скратам? Ќе личи на нешто отпосле?
ау не подобро речи на мајка, тетка нека те скарти отколку ти сама да изграваш фризер ќе бидиш цела скали, подобро некој друг немора да одиш на фризиер, ама да те скрати некој друг, оти ти сама неможиш
Девојки користите чи нешто за волумен на коса? Значи немам волумен воопшто и ептен се нервирам. Единствено кога користам сув шампон тој ми дава малку волумен