Ги имам користено и двата, од Балеа е поевтин ако имаш ДМ во близина можеш да го земеш, овој од Тафт го има во сите поснабдени маркети.
Девојки, дали знаете некој препарат што би ја исправил косата и би ја направил сјајна и права како на сликава. Мојата коса ни испеглана не е вака мазна и сјајна, па ме интересира дали има некој препарат со кој би се постигнало ваков ефект.
Иста е и мојата коса без волумен. Пробав разни шампони, маски спрејчиња…, со фенирање уште толку ми се сплеснува, уа сушам со фен со главата надолу.. џабе. Едноставно такво ми е влакното. И на фризер имам прашано ми викаат тенко но тешко влакно имам
Мене ми помагаат силиконските капки, но прво ја делам на половина и прво ги масирам во дланките па ги нанесувам, па ја пуштам другата половина и исто. Важно е да биде мала количина но убаво распоредена. И на полусува коса.
Направи си кератински третман за исправување на косата. После миење, само малку ќе ја исфенираш и косата е мазна и права до наредно миење.
Kazete mi farba sto mozam da dobijam vakva boja,zenata sto ja ima nezz sto farba i stavila frizerkata
Мојата коса не е фарбана, редовно ги кратам врвовите и ретко ја стилизирам и пак не е ваква. А бојата ми е баш како на сликата. Ако ја испеглам ќе е мазна како на сликата, но после еден час ќе се надува .
И генетика игра улога зависи какво влакно имаш, и ја сонувам за ваква коса ама исто ми се дува, мислам дека нема чаре
Да те утешам Мислам дека ја имам најздравата коса, долга ми е, никогаш пегла не видела, ја сушам со ладен воздух, користам добра маска и регенератор, немам ниту еден расцветан врв ииии и пак не ми е таква како на сликава што ја имаш ставено. Нека не те лажат сликиве по интернет затоа што голем дел од девојките кератин прават и затоа им косата таква сјајна ама кога ќе помине ефектот е катастрофа и башка е штетно за влакното. Ретко има некои со такво влакно(генетика ваљда) Сите знаеме како изгледа тазе миена и исушена коса со фен.
Баш така, и јас се чудам мојата коса не е третирана, редовно негувана без испукани врвови па ни приближно го нема овој сјај, еден период се изнадавав пари за ампули и џабе фрлање пари. Освен маска ако не ја оправи малце, таков ефект потешко или само со процедури кај фризер кои траат некое време.
Хај феминки Решив да се фарбам утре избрав и боја на фарба Од прилика ваква боја Но се прашувам дали ќе фати бојата од прва (што не верувам) Дали е подобро прво да ги исфарбам прамените со бела фарба па потоа да ги повторам со оваа боја? (Не планирам цела коса да фарбам, само неколку прамени).
Знаете ли дали има некој фризерски салон во Скопје каде може косата да се продаде или донира? Имам долга коса и сакам да ја шишам кратко. (edit: Ја немам фарбано, руса е и права, тенко влакно, не ја пеглам/изложувам на топлина. Не знам дали ќе има некаква вредност но сепак сакам да знам дали има можност )