Што е најдобро да се користи за ретро фризурче? Има ли некои креми или само со преса ќе го постигнам тоа? Јас имам полу права, виткана на врвовите. А колку многу сакав да ми е кадрава.
Има еден шампон и регенератор на Creightons, околу 200 денари, Anti frizz розев со сино. Во ДМ го има. Мене есен многу ми помагаше, имам густа и груба коса и ја смируваше колку толку, заедно со Пантен маслото.
Го купив прајмерот пред некое време, но всушност незнам како да го користам, го ставав на влажна коса пред фенирање и некако ја сплеснува. Дали некоја членка го има користено да ми даде идеја како да го користам?
Јас го имав само за виткана коса. Исто и јас го користев на мокра, влажна коса, не бев задоволна затоа што имав ефект на мокра коса кога беше исушена, а локните не ми ги оформуваше и го баталив. Да не ставаш многу па ти ја сплеснува. Пробај од пола надолу да ставаш, ама не многу количински, ако и така ја спласнува, значи има спротивен ефект од она за што е. А баш се мислев и овој да го пробам..
Го користев баш така, од пола надолу на последните 4-5цм коса, и мислам не ставав многу, и кога ја фенирав со четката, како мокра да беше косата, и некако се делеше….
Баш таков ефект и кај мене даваше, изглед на мокра коса и косата поделена некако во прамени, мене ич не ми се допадна. Моите дома еднаш ми искоментираа каде сум тргнала да излегувам со мокра коса
Imase na loreal anti-frizz oil. Drugarka mi go koristi i mi kaza deka e zadovolna epten. Cenata e okolu 400 denari vo dm go ima. So liljakovo kapace e a tubickata mu e zolta. Se stava na mokra kosa, ama nemoj premnogu proizvod da trupas, po malce, zatoa sto ke ti izgleda kosata kako voopsto i da ne si ja miela. Jas go koristev samo za vitkana kosa
I dvete , bukvalno isto ti se faka, mozebi feniranjeto e za nijansa poblago od peglata no kako sto kazav isto e
Не знам зашто претешко ми се суши косата. Главата ќе си ја запалам ама пак после кога ќе расчешлам пола ми е мокра. Ви се случува вака?