Мене маската од Стокомак ми е супер. Сум пробала и доста поскапи и оваа ми дава ист ефект. Ако сакаш пофенси види ги маските на Гарниер. Користи ги на секое миење и чувај ги колку што пишува, не една мин и миење.
Не се разбирам многу па сакам да прашам дали има некоја разлика меѓу нијансирање и балајаж и ако да, што е тоа?
Имам и јас ваква Задоволна сум , ама сама ако ја правам сигурно не ми изгледа баш како на сликата што ја постави ти. Ама локните се тие...
Знам дека кератин е за исправување на коса, мене ми е права, ама дали помага за оштетена коса на врвовите, ја шишав ама пак се оштетени. Или препорачајте некој друг третман и во кои салони сте правеле, како сте задоволни и цена.
Да, со пресата таква ќе ти биде како на сликата, има 4ри нивоа, па со најкрупното ќе го постигнеш ефектот. Техномаркет. Одлична е
Дали користите и маска и регенератор или само едното? Јас до сега само маска користев ама некаде читам дека требало и двете а некаде дека тоа било истото