@koritsaki и други поискусни со фарби, да препорачате некој добар силвер или виолетов шампон или маска/регенератор за плава фарбана или со прамени коса? Фала
Шампонот на Fanola No yellow Маската на Kerastase blond aboslu Само да знаеш, овој тип на шампон и маска помагаат на претходно бланширана коса
Девојки Косата ми е мн тенка слаба, кога дува вака ветер Целата ми е во воздух разлетана, нема тежина, што шампон користите за ваков проблем?
За тенка коса препорачувате рамно шишање ? Немам нерви ,уште келавам после порајѓај неможам да се гледам во огледало моментално до рамена ми е . Горниот дел келавица...
Рамно шишање до кај ушите Ќе пиеш витамини за коса, гледај и селен да има, не ја фарбај, ке користиш благи бебешки шампони, и здравје за 10 месеци ќе имаш густа и здрава коса Јас чекав 1 година да ми се опорави ми испагаа лани
Има едн лилаков шампон SERI се вика, многу е добар. Јас го користам на шатирана со бланш. Околу 300 денари беше ми се чини, кај фризерот го купувам. Да, и јас со тенка коса рамно се шишам. Немој никако да ти ја ретчат со оние ножицине. Земи масло од рицинус, дали е 100 денари и масирај го скалпот коа можеш и преспивај така. Поттикнува раст на нови влакна, а поефтино е од било кој препарат. Исто имаше шампон што ми ја згуснуваше косата и ми беше здрава, шампон од комприва со АД капки, пантенол, ампули се дробеа итн. Не го памтам точниот рецепт, ама имав пишано некаде низ темиве за коса. Секако има многу варијации на овој шампон, прогуглај, сигурно ќе ти искочи.
Оваа тема е поактивна, па да си прашам и тука: некој предлог за кремаста структура за волумен? Каде наоѓате, како се движат цените?
Здраво, Не знам во која тема би било соодветно да го поставам прашањето, се надевам овде е ок. Пред 2 дена ја правев косата со бланш. Јас не доволно упатена и информирана , а во мизерен период па првото нешто на тапет ми е косата А фризерката не знам дали не доволно спремна или само јас сум си крива , или не се разбравме . Како и да е , јас сакав плави прамени ама не толку многу, пак, не се разбравме баш. Да скратам - Косата ми е уништена. Ај што испаднав скоро скроз плавуша, а нејќев , туку сега се измив и пак ми се кине косата. Се чув со неа рече нормално е , бидејќи пред 6 месеци пак вадев прамени па сега на почеток ќе било така. И така ми беше ретка , сега за никаде. Освен да ја пишам ( а кратка ми е, боб , до над уши), што друго да ставам да ја зачувам бар малку ?! Ова ми беше најголемата грешка , ама касно е веќе. Не знам што да купувам, што да ставам - какви масла, шампони ?!
@flower30 кокосово масло, ама од тегличка (не од оние во пластично шише од по 40-50 ден). Држи ја час време, па измиј. Не ја третирај премногу, прави ѝ некои полабави фризури додека порасне (види на јутуб, инста).
Фала ти. Ќе купам утре. Ги знам тие, во тегличка , од многу одамна имам користено. Ќе ја скратам малку секако наредната недела. Ама не можам многу. Фала ти многу
@flower30 почекај ја малку, не ја крати веднаш. Може пак да ти се куби и уште полошо да биде, па да не можеш ни да ја потфаќаш со шноли.. Едит: смени ја фризерката.
Не е нормачно. Чим се кине..ти ја средила убаво Ставај маски, масла, млека и крати ја секој месец. Среќа што не ти е долга па за некои 6м ќе ја обновиш
Јас па си викав бар долга да е ,да ја исшишав до пола. Вака ем кратка ем тенка. Ама ќе ставам масла, ќе купам . Се надевам ќе ја оправам малку. Фала ти
Исто е дали кратка дали долга изгорена е од бланшот, или е бил многу јак или многу време ти е стоел. Маска и регенератор обавезно плус масло и млеко за после миење. Избегнувај доколку е можно чешлање и користење на фен. Пробај да ја носиш собрана почесто.