Подолго стоеше Обавезно ќе купам се. Читав и масло од рузмарин било добро за раст. Тоа на скалпот да ставам нели ? За должината , мислев да била подолга ќе ја скратев до уши. Вака треба пикси фризура (а не ми стои таква фризура ). Фала ти. Се ќе пробам
По целата дожина е изгорена, дека обично на неколку сантими од скалп почнуваат прамените така да од корен мора да се обнови, ама малку по малку ќе ја кратиш. Да рузмарин може на корен, другите како чичково, кокосово не, мрсни се ептен. Носи ја сега секако е летен период со шноли нешто собрана и малку по малку ќе се обнови.
Кокосово масло, арганово од поефтината варијанта и olaplex имаш маски, масла, регенератор....али едно е 1800 денари, пробај со 3ката, разгледај на hairshop, али ако е толку изгорена скрати ја пикси, ќе ти се обнови косата и обавезно смени ја фризетката
Арганово баш сакав да земам, барав во ДМ пред некој ден, ама не видов. Сега гледав на Hairshop за олаплекс. Можам за почеток да земам едно . Фала ти.
За изгорена, оштетена коса ништо не помага. За оштетеното само шишањето е спасот. Мене ми ја изгореа во јануари кога сакав да ја осветлам од црна бланшот 2 саата ми го држеа на коса и пак не се осветли како што треба. Пола ми беше како ластик , се чешлав а тоа се кинеше. Такво влакно за жал не се оправа. Потоа ја шишав многу кратка пикси и иако сега само коренот секој месец го бланширам не ми е воопшто оштетена. 100% оштетеното го нема
Исто, на врвовите ко ластик се тегне. Нагоре не е толку страшно. Ќе ја скратам. Пикси фризура многу ми се свиѓа, те видов тебе, прекрасна ти е фризурата. Мене нема да ми личи, имам долгнавесто лице . @FridaodaMk ги гледав тие пред некој ден , ама не земав оти не сум читала искуства за нив. Во hairshop едно е 1950 ден , прашав.
Дали некој има нарачано olaplex од aliexpress? Ја гледав 3кта за 800 денари многу поефтино од кај нас што ја продаваат
Девојки ниту ја фарбам ниту ја пеглам често, имам права долга коса и разлетана. Сува ми е и на крајовите оштетена. Сакав да направам кератинско исправување ама сите се против а читав и ваши мислења. Што третмани би предложиле за подоштетена и сува? Сакам да почнам да се грижам за косава.
Скрати ги врвовите, потоа редовно ставај маска за сува коса, користи и соодветен шампон. Штом ти е многу сува избегнувај фенирање и пеглање. Барем еднаш неделно ставај и кокосово масло она во тегличка што е и држи ја најмалку еден час така па ја изми. Јас кога почнав да го користам имав метла коса целата со искинати врвови, бела на врвовите. Јас го користев 2,3 пати неделно, косата од него ми се препороди. Ама мораш оштетените врвови да ги скратиш.
i jas sum zadovolna od ricinusovo maslo kosata ja pravi meka i sjajna , sega pocnav da koristam i balea hidratantno mleko za kosa od kokos pa ke vidime kako ke se pokaze
Јас кога бев со бланш само кокосово ми ја оправи. Ама ставав на влажна коса пред миење. Односно, ќе ја намокрев косата, ќе ја упиев водата со пешкир, мешав во еден сад кокосово масло со малку регенератор за коса ( во тоа време го користев на Алверде од авокадо), ја врзував косата во пунџа и ставав ќеса на неа. Загревав кратко со фен и ставав пешкир за да ја држи топлината. По саат- два ја миев косата нормално. Но, како и со било кој производ, кај сите различно делува. Доста бев задоволна и со линијата на Schwarzkopf bc, ја купував во еден фризерски салон.