Ако сакаш да ја промениш само на фризер, зошто црвената остава еден грд сјај што освен со бланш никако не се вади. За оштетување, се оштетува па затоа треба често шишање.
Ме интересира искуство од членки што сте имале кратка коса (пикси и сл) како сте ја пораснале косата , не сакам долга, ама ете кратка боб фризура , а при тоа ја бланширам секој месец на фризер? Не дека вака не ми стои убаво ама ете некогаш да сменам. Сега на 18ти имам закажано за фарбање на корен , па да и кажам воопшто да не ме шиша.. Првата слика е од 12/7 , втората 10/8 @wannaBeMomma за колку месеци ќе можам да достигнам некоја таква должина
Сега гледам, не сум добила нотификација. Едно 9 месеци минимум. Па ако не и повеќе. Еве мене позади ми е супер предниот дел ми е ко степен и ја носам врзана. Септември се шишав
Вчера баш ја прашав и фризеркава и ми рече единствено да не се шишам ни фарбам наредните месеци па така ке ми порасне. Вчера кога се шишав ми направи фризура за "растење" да не ми биде чудна формата на косата кога ќе расте, па се надевам ќе издржам до пред нова година малку да ја пуштам
Изнакупи шноли и само со машинка кај вртот крати да немаш опашки. И спреми се на тетка период, јас тогаш морав надградба да ставам ужасно беше
Порано користев спреј со кератин на Ice cream, добар беше. Исто и ревлон uniq one спрејот е многу добар и го препорачувам.
Јас обично кога сакам да купам нешто од ДМ што не сум го пробала читам рецензии на нивната страна. Исто и цените се исти што значи 150 денари би бил кај нас. Ако имаш аутотранслејт провери, рецензиите ти се најдолу од страната. Добро е што пишува и каков тип на коса има тој што пробал. https://www.dm.de/ebelin-cosmetics-...5633.html?bvroute=Reviews/showHelpfulCritical
Bev 4 meseci skoro na more,i kosata mi se napravi mnogu suva.. edvaj ja rascesluvam..? Resenie? Sprej nekoj dobar?
Мене ми е премногу оштетена косата со бланш плус од сонцево.. моментално оваа маска ја користам и сум презадоволна
Имам брановидна малку виткана коса, користам шампон и регенератор за виткана коса, ја чешлам додека ја мијам и потоа е супер. Но, доколку плус не ја исчешлам откако ќе ја пуштам од крпа насекаде има влакна и ми паѓа, па морам да ја исчешлам. Откако ќе ја исчешлам ми се споделува и не ми е веќе виткана туку бушава. Совет? Имам користено и пена на Тафт ама само ми лепе иако малку ставам и ми се заплеткува како жбун.
Какви шампон и регенатор користиш? Инаку и јас имам слична, после капење ќе ја врзам во пешкир околу 10/15 минути и после тоа на влажна ставам регенатор што не се измива за виткана коса па ја сушам со дифузер со главата надолу и поубава форма и волумен добивам. После капење воопшто не ја чешлам бидејќи секогаш ја чешлам пред, а и мене имам заприметено влакна ми паѓаат ама не сметам дека е нешто страшно.