Девојки, кажете начин на негување и одржување на коса, сега некако ми е период на косопад, косата ми е ретка, без волумен, сплесната? Некоја маска за коса, регенаратор, што може друго? Што ќе кажете за ампули за коса фризерите ги препорачуваат, а скапи се, дали има ефект?
Јас би ти препорачала да си земиш merz дражеи, или jamison, или solgar. Исто така имаш шампони од in sight, konopka против опаѓање, мора да пробаш сама затоа што не е кај сите исто. Да си направиш крвна слика, и од ниско железо паѓа косата.
Девојки бидејќи ми пожолте косата, решив пак во плаво да се фарбам. Користев колор шампон на Лореал љиљаковиот, ефект никаков освен мал осип на кожата на главата Ај препорачајте ми добар силвер шампон, кој ќе ми ја сочува плавата боја после фарбањето, без да пожолтува. Дали од Белина имаат таков шампон?
https://www.bellina.mk/p/1430/ice-p...nde-shampon-za-rusa-kosa-250-ml?categories=68 Има шампон од Белина, добар е јас го користев бев задоволна, но општо гледам да купувам производи што ги има по фризернициве, особено кога се работи за третирана плава коса. И општо ако си бланширана ќе ти помогне силвер шампон, џабе е ако си само фарбана со фарба
Да, прво бланш. Фризерот ми спомна за силвер шампонот, баш ќе го прашам тогаш кога ќе ме фарба за препорака. А овој на Белина дали помага за жолтите тонови, го имаш користено. Јас вака ќе се правам:
Таква нијанса имам јас да да има и маска од истата линија, ама шамонот ми беше најпигментиран. Др производи, силвер маска особено што мнооогу ми се допаѓаше и беше мн пигментирана е на Керастас блонд абсолу маската, ама е доста скапа но одлична беше.. Вчера земав од Лореал профешанел , ќе го пробам па ќе пишам мислење
Мајка ми сака некакви капки или ампули беа, силиконски, за виткана коса биле. Какви се и кај можам да ѝ најдам? Исто било шо за негување виткана коса, да не ѝ била збуфлива? Јас сум со тасма права па ова ми е апла непозната територија.
Во дм има разни. Од Балеа, Алверде, Тафт итн. Види во темата за виткана коса, спомнувани се разни. Еве на пример оваа не е лоша.
Хм од Тафт мислам има нешто користено како спреј бледо памтам. Ама фала, баш ќе отворам, ќе ѝ покажам. Нека одбери па да земам.
Чаре за коса без волумен, залепена и се мрси за еден ден -.- . Ми треба некој шампон/третман за згуснување на косата?
Здраво девојки, На голема мака сум со наогање шампон бидејки имам сензитивен скалп (реагира на доста хемикалии), воедно и мрсен скалп(за два дена светнувам) а суви краеви. Го користам Алверде Кокос сега за сега, ги имам пробано скоро сите на Urtekram, Konopka и Natura Siberica ... Некако никој не ми се погодил, или премногу ми де суши скалпот и ме чеша или останува како мрсен слој како немиена и после доста плавење. Дали имате слична мака да споделите препорака/совет ? @Biodevojka
Да, за жал ми направи иритација поради присуство на парфеми (иако се природни имам алергија на парфеми) Не, фала на препорака ќе му дадам шанса ...
Страшно многу ми паѓа косата И пак почнува да ми се праи првут. се подзамислив да не ми паѓа косата од шампонот што го користев против првут. Овој го користев сеа го користам на Афродита со лук, мислите ќе има ефект? Коа се чешлам после бањање буквално превише ми паѓа. И мајка ми ме примети дека репот ко сиромав ми е
Пробај со медицински шампон, не ја фаќај косата во реп, ставај и масло, не ја пеглај и не ја суши со фен. Можеби имаш сензитивни скалп па со фенот лошо си правиш. Ако мора да ти е фатена подобро во лабава плетенка. И најмногу влијаат витамините. Спојлер: Витамини