Здравоо јас многу си сакам коса до раменици арно ама еве вака ми се виткаат врвовите дали пошто паѓаат врз рамена а тоа не го сакам а повеќе од до рамената не сакам да се шишам, чаре??
Само убаво фенирање, не знам колку често миеш коса и каков ти е начинот на сушење после тоа, ама мораш да ја исфенираш и после наредните денови исто по малку после спиење. Инаку се витка секогаш така кога е до рамења.
Здраво, имам долга коса ама танко влакно и ми е прилично ретка. Многу ми се плетка дека е долга и мека па ми треба нешто да ми предложите, шампон, маска, спреј, капки, било што за разчешлување по можност да не ми ја мрси и сплеснува дополнително.
Гледам оваа тема е по активна од таа за шампони, па да прашам овде. Што мислите за шампониве во Стокомак "Он лине" што се 85 денари, од зелен чај, а демек се органски? Не ми е јасно, 500 мл, а 85 ден? Дали некоја ги има пробано? Ова со квасец во шампон незнам, ама знам дека ставаат квасец на коса, да одстои неколку часа и мијат после, за згуснување на косата и за раст. Имам блиска, кај неа имаше ефект. Иначе @Feminka22 да се едитирам, гледам имаш поназад пишано дека имаш проблем со опаѓање коса, мене ми помогна од "Рецепт" на Субрина, со просо. Околу 300 ден е, го имаат во аптеки и поголеми снабдени маркети, значи косата ми стана многу густа и јака. Маана му е што често мрси коса, на 2/3 дена, ама и првутот ми се исчисти со него. Бебешки влакненца шо ги викаат, после 1/2 недели ми никнаа одма.
Со години бев балајаж/омбре/шатирана значи некоја таква техника, светла. Можно е белите влакна да ми останувале бели, ама дека светла косата, да не сум приметила воопшто дека не фаќаат боја? Последното третирање на фризер ми беше месец дена пред да останам трудна, и тек после 6 месеци од пораѓај сама се фарбав. Односно, еднашка трудна се фарбав ама бојата не ми фати воопшто ни малку. Е сеа, се фарбав пред околу 2 недели и белите влакна не ми се покрија. Дали може да е нешто хормонски ама нели е доволно 6 месеци да се средат хормоните? Или можно е некои бели влакна воопшто да не примаат боја? Има некој искуство? @wannaBeMomma тебе ќе те тагнам пошто често сум дискутирала околу коса со тебе па ако нешто знаеш околу оваа проблематика да споделиш, или кој и да знае да препорача фарба некоја што ќе ми покрие бели влакна. Одење на фризер во прва прилика, ама моментално не ми е опција и ми треба некое брзо решение до тогаш.
Ако фарбата е без амонијак големи се шансите белите влакна да не се покријат. Исто има врска (од искуство) за време на циклус да не фати добро бојата
Не. Со амонијак беше и немам воопшто циклус сеуште, ако тоа има некоја врска…. А оти со техники дома не ми се експериментираше, земав чоколадна нијанса некоја за колку да ја изедначам. Подобра е од што беше каде каде, се изедначи, сем белите влакна. Тие си останаа бели и сеа не знам што да праам со нив.
Чим немаш циклус значи уште не ти се средени од она што е “нормално”. Што знам следен пат земи друга фарба а у меѓувреме прскај спреј во боја
Прашање за поискусните феминки, јас имав црвена коса и вчера ја бланширав и ми ставија прелив. Сега ми е многу светло кафена и Имам црвен отсјај нормално. Но прашањето ми е со кој шампон да ја мијам? За фарбана коса? Силвер шампонов? И прелив на колку време го обновувате? Може се малку глупави прашањава ама буквално прв пат бланширав коса и сакам да ја одржам што е можно повитална