@Ketchup Да прашам доколку знаеш Однапред благодарам на одговорот Како е професионалниот термин за вака шишана коса? Кога не е на степени и од позади, туку само напред е вака од пократко горе па надоле слеано.
Нема некој конкретен термин. Ќе кажеш само напред степен, позади да не ти ја чепка. Ако ја покажеш сликата и некој се разбира од степен, ќе ти ја направи ко што треба.
@Ketchup Така ми е шишана, ама фризерот кога ми објаснуваше тогаш, мислам спомна конкретен термин/израз, ама ич не запаметив Чисто сакав да си знам за следен пат, ама ќе си објаснам визуелно, со раце Ти благодарам секако на одвоеното време за одговор
@Ketchup На македонски го кажа, but my brain Следно кога ќе идам баш ќе прашам како го викаат на нашки, па ќе пишам тука Сега барем знам дека на англиски е framing, а layering мислам е со се степени и од позади.
Девојки, денес го земав овој шампон од Дм Се мислев и за овој Претходно го имав лилаковиот и ич не сум задоволна. Дали овој е подобар?
Јас многу време го користам ова и дефинитивно е најдобро што сум пробала. Најбитно ми е што ми ја омекнува косата и ја прави лесна за расчешлување, а притоа не ми ја мрси. @Dream-Girl сега имаш комбинација кокос + манго од млеково, не знам дали е уште стигнато во Македонија, ама во странство го има, видов кај нас тој шампон го донесле, ваљда ќе го донесат и млеково
Од ова чудо и јас сум многу задоволна. Го нанесувам на влажна коса, оставам малку да делува после сушам и расчешлувам. Косата сон На крај, на веќе сува коса ставам малку на врвовите за финиш
Исто и јас, најдобро пријателче ми е, не се двојам од него Секаде буквално го носам со мене, преубава ми ја прави косата. А ова новово што зборам со комбинацијава мириса уште поубаво иначе, денес прв пат го пробав Ако го видите по ДМ, еве чисто да споделам искуство сосема е исто како старово, само мирис има поубав.
Да да, некоја комбинација e. Јас мангото никогаш не сум го користела, но оваа комбинацијата е иста по текстура и дејство како кокосот, ама мириса многу тропски убаво некако Инаку вака си е истото како тоа од кокос.
Ни јас не сум го користела тоа од манго, а го немам видено кај нас во Дм. Вчера последно бев, и тоа новото го немаше. Само од кокос стоеше на рафтот.
Да, јас само шампони и регенератори видов денес такви со кокос и манго заедно, а млекото уште го нема овде. Јас го земав од Србија, сигурно ќе донесат за скоро и тука, барем мислам.