Ајде пак да прашам предлог шампон за премногу сува коса. Само да не на Конопка, нешто уште толку ми ја суши не знам зошто инаку многу ми одговараше.
Што е лекот за frizzy hair? Или некој трик? Особено за тие здодевните на врвот т.е темето така кога ќе се направат. @Ketchup Можеби знаеш и за ова про совет, па затоа те тагирав Однапред благодарам на сите одговори.
Некој конкретен продукт да ти препорачам немам, само еден трик, а тоа е после миење на мокра коса пред расчешлување ставам силиконски капки на врвовите, така со чешлањето ги разредувам накај корен и после сушење не е толку бушава, а не е ни мрсна.
И двата ги имам користено , тој на Керастас 3/4 дава поголема хидратација од тој на Лореал, погуст е и се става ептен по малку. И на Лореал беше солиден. Оштетеното сепак мора да го скратиш како и да е
Од кога те прочитав ми остана во мисла, па секако, чим ги најдов кај нас ги земав. Маска, млеко за коса и регенератор земав. Преубаво мирисаат вака како мешавина, многу подобро од тоа што беше само со кокос, а и тоа беше преубаво. Значи врв.
Ги донесоа шампонот и регенераторот кај нас? Готово идам да ги пробам и јас. Само тоа млекото го имам и косава ми мириса преубаво дури сама си ја осеќам. Леле од пробај ова и пробај она 5 шампона паралелно користам
Да да, ги има и кај нас. Иста сум, но брзо ми се трошат па не е проблем, ќе се потрошат, нека си стојат залихи.
Здраво. Ве молам ако некој знае да ми препорача некое средство за отстранување на деколорант од косата? Значи моментално ми е шарена косата а сакам да си ја вратам природната боја; ( костенлива)... Еве го деколорантот @koritsaki можеби ти знаеш нешто.
Јас имам користено деколорант , овој поточно, мене ми извади црна фарба, имсм поставувано слики многу оддамна тука на форумов, ако сакаш можеш да пребараш. А тоа горе ти што си ставила е бланш, дома бланш да ставаш не ти препорачувам