Речиси во сите фризерници почнаа да виткаат коса, ама штетно е. Сега повеќето користеле некои овошни киселини, ама имај на ум дека е штетно. И не секоја коса излегува убаво виткана. Една другарка ја извитка и изгледаше како разбарушена, станата од спиење. И други девојчиња се жалат од крајните резултати. Ако толку имаш мака со косата, има еден спреј од Каротен (во црвено шише), околу 400 ден, 150мл. Специјално е направен за заштита од сонце, хлор...
Девојки може да ми предложите некој шампон што ја прави косата мека и многу мазна? ви благодарам однапред
^Веќе некое време користам шампон на Wash & Go, со естракт од мед. Премногу сум задоволна, ми ја прави косата мека. Препорачувам.
Навистина ли шампонот треба да се менува многу често? не било убаво да користиш еден ист долго врме...
Имав долга коса и си ја шишав до рамења, но сега ми порасна едно 10 cm и незнам дали да одам да ја шишам малку колку за распуканите врвови или да ја оставам така пошто сакам пак да си ја растам долга
Head & shoulders дефинитивно..било кој,сите се подеднакво ефикасни.Jас со години си ги користам и до сега не сум ги сменила..
мајка ми купила еден регенератор за коса, се вика Арис, дали некој го има користено и добро ли делува на косата?
планирам да ја правам омбре косата со колор шампон, е сега кога ќе ја пеглам ќе паѓа ли бојата на пеглата од топлото?
Од самото миење на косата бојата паѓа, а од пеглото мислам дека не. Една моја другарка ја фарбаше косата со колор шампон, притоа честопати ја пеглаше, речиси секој ден, и бојата и беше иста, без промени. Додека пак, со самото миење бојата си паѓа, и по неколку недели мислам дека речиси сосема исчезнува (сепак, зависи и тоа колку често ја миеш косата).
Нека ти ги шишнат само врвовите. Не е убаво да ја оставаш со распукани врвови. Кај што не изгледа убаво и не е толку практично зашто потешко се одржува и стилизира поради оштетените и крути врвови. Подобро за косата, освежи ја малку, макар минимално.
Девојки да ми препорачате некој спреј, маска било што за заштита на косата при пеглање, ја пеглам често и приметив дека почна да ми се оштетува, крута ми стана, демек пеглава со јони заштитува, како не а не можам без пеглана коса, ептен ми е виткана како буф сум на ништо не личам
Каков сакаш спреј или маска купи, никој нема да ти ја заштити косата од пеглата. Да ја заштитуваа, супер ќе беше... Малку ќе и дадат душа, ама пак ќе си гори...тоа е.
Ставај масла редовно, маслиново, кокосово, било какво, и за да не бидеш како був, пробај плетенки да плетеш, прави пунџи, чисто да одмори малку косата...Нема да е тоа тоа, ама сепак ќе помогне малку.
ех да имав убави уши али морам пуштена да ја носам Зар нема никаков спреј за заштита? Имам чуено негде не знам каде да се напрска пред и после пеглање и ја заштитува тоа, али не знам под кое име да го барам, не знам фактички ни што да барам
Купи си GLISS спреј. Тој можеш да го ставиш на косата веднаш после бањање - на мокра коса, ја смирува и и дава сјај. А исто така може да се користи и како заштита пред пеглање или виткање на косата. Е сега, не ја заштитува којзнае колку, пеглата пак ќе те изгори, ама колку толку не е директно, а и дава сјај. Јас го користам жолтиот за долга коса со раздвоени врвови, кој истовремено многу ми помага, гледам огромни подобрувања