Мене за првут многу ми помогна на Advanced Techniques од Авон со плаво капаче, другите сите ми одмагаа.
Дали има некоја поефтина варијанта (друг производител сеедно) на ова? Претеруваат со цената значи, се сеќавам 215 денари беше, сеа 295.
Ми треба мислење! Сакам да купам некои производи за коса на L'oreal, ама се мислам од која колекција. Elseve Total Repair 5 или Elseve Dream Long.? Мене косата ми е долга, со расцветани врвови и сува, со еден збор оштетена. Мислам дека Elseve Dream Long повеќе ќе ми одговара. Не можам да приметам разлика помеѓу двете колекции, освен ова Dream long за долга коса што е...
За сува коса, суви врвови, најмногу помагаат масла. Природни некои, без додатоци. На пример, кокосово од тегличка тоа што е. Или арганово (моето е од The Ordinary, 100% арганово масло е и навистина е одлично). И маслиново или ленено се топ. Меѓутоа, ако морам да бирам тогаш кокосово ми е најомилено, најмногу ми се свиѓа ефектот од него. Еднаш неделно, неколку часа пред да ја мијам косата нанесувам отприлика на 4-5 прсти од краевите на косата. Прво ја навлажнувам малку косата - ја поминувам со влажен чешел, ставам масло, расчешлувам и оставам да делува неколку часа. После пред да измиеш, убаво ќе ги поминеш тие делови од косата со регенератор (полесно се вадат остатоците од маслото со помош на регенератор или малку маска за коса) и си се поминуваш со шампон. Огромна разлика ми прават мене маслата, косата е пожива, станува bouncy, а и далеку поздраво изгледа. Од претходното шишање има поминато +3 месеци, а воопшто немам оштетени врвови. Знам дека не ти беше тоа дилемата, ама некако се надоврзав со моево искуство зашто откако почнав да ја растам косата ептен се намачив со суви врвови и еве ова ми е спасот. Самиот шампон не ми прави некаква голема разлика. Од Алверде користам јас, наизменично тој со кофеин и тој со пердувчето, sensitive мислам дека беше.
Како да го неутрализира портокаловиот сјај во косата? Од сонцето ми се осветлува и не ми се допаѓа какваа се фарбам лешник кафеава.
Sto koristete za izmaznyvanje na bebeski vlakna pri sobrana kosa. Na insta ( niz balkanot i svetot hahah) postojat svasta. Jas nemam najdeno nesto stvarno korisno. Samo nemojte predlog cetka za zabi i lak za kosa… ko preparirano nakostrezeno mace ke sum
Не знам дали сега постојат производи кај нас кои не ја прават косата крута, а помагаат локните да држат подолго? Не мислам на природни локни, туку коса извиткана со фигаро, пегла… Не сакам лак, а пена не сум користела од тинејџерски денови кога ја “гужвавме” косата Гледам по тик-ток девојки користат пена, мус, креми за таа намена…
Јас користам фиксатор за коса, кој ја држи формата на косата, без разлика дали е виткана или пеглана. Намената му е како лак, но не ја прави косата цврста, само ја одржува формата и вечерта не мораш да ја измиеш, следниот ден само ја потсредуваш, прскаш повторно и си со тазе фризура. А како мириса косата...преубаво и долготрајно: https://elloxy.mk/?product=sumhair-natural-volume-hair-fixer-green-grape
Поставено е прашањево и погоре но нема одговор, па ај јас може ќе добијам. Што користите за измазнување на бебешките влакна при врзана коса, а тоа да не е лак? Се осеќам ептен залижано со лак, а и некако неубаво ми изгледа. Некои други предлози?
Mene ne mi e nisto posebno , no jas imam netretirana kosa , pa mislam deka uste tolku nekako mi ja spleskuva , no majka mi na farbana kosa bas i odgovara ..meka i ja pravi i lesno se rascesluva.. Dali ima nekoj iskustvo so samponite Olival od piskavica ili na Dr Konopka protiv opagjanje na kosa ..dali nekoj od niv e dobar?
Малку лак за коса и потоа со густ чешел поминувам нежно на местото кај што сакам да изгледа вака како на сликата. Ако има потреба, ставам уште малку лак. Внимавај само со количината лак, постепено прскај кај што имаш потреба и тоа е отприлика.
Не знам дали веќе си го пробала производов, ама да кажам. Јас ич не сум љубител на производите од Гарниер, ни за лице, ни за коса, ама ова многу ми одговара и можам да кажам дека дури и поубава ми е косата, отколку со она на Ревлон all in one. Инаку косата ми е фарбана.