Znaci vaka ovoj produkt samo go imalo po stranstvo dokolku nekoj zivee germanija avstrija bilo kade da ne znae kade moze da se nabavi
Вака имам пишувано и предходно за совет за косава. Проблемот е тоа што ја бланширав во јануари и крај на март. И од тогаш до сега користев syoss шампон и керастас маска. Ама косата ми дојде до стапен да се кине цело влакно каде што почнува бланшот. И морав да се шишам вчера пикси. Пошо беше жално за гледање. Користам масла секојдневно. Дали сега на мојава коса да ставам Олаплекс или некој друг шампон?? Маска мислев плус. Ама ако некој има искуство со многу сува коса, нека предложи. Масла секако планирав. Само ми треба некој совет за да мојава коса како расте да не ми се оштетува. Нема да ја бланширав веќе.
За сува коса најмногу ми помогна шампон и маска од rossen. Јас пред еден месец ја бланширав 2 пати во една недела, бидејќи вадев црна боја. Косата ми е неверојатно мека, плус и нон стоп ја пеглам
Кокосовото масло е доста добро, подобар ефект има и од маска. Ако можеш преспиј цела вечер со маслото, па следниот ден измиј. Покрај тоа што ќе ти биде мека, ќе добиеш и сјај, а нема ни да ти биде разлетана. Ама користи го она од стаклено тегло.
Зависи каква боја, ако е потемна со 6, ако е плава со 9, сооднос на Keune е 1:2. Исто и маслиново, рицинусово, Чичково, бадемово, се остава најмалку 1 саат, најдобро е од вечер да се преспие со тоа, ставав ќеса на косата да не измрсам.
@Selena01 јас Олаплекс ги користам 3, 6 и 7цата и сум презадоволна , мислам дека овие производи највеќе ми ја спасија косата, а бланширано ко бланширано што и да ставиш косата ќе е таква сува, сепак одземен е пигментот на влакното. Мене со производиве иако 2 год ја бланширам косата ми е мека и сјајна. Ако продолжиш со бланшот, би ти предложила колку може помалку да користиш фен , пегла и косата нема да се кине толку.
Нема да користам веќе ич бланш ниту фарба. Имав преубава коса и сега не можам да се гледам дури. Ќе пробам со овие што ги пиша и плус маслава од погоре, за да ја одржувам мојата коса, да не се оштети додека да потпорасне
Шампон знае да ја суши косата. Зборам за виолетов шампон. Подобро (за зависност од твојот буџет) земи ја виолетовата маска на керастас. Јас погоре пишував дека косата ми се уништи. Да, реално бланшот гори. Ама маскава барем за момент ми ја правеше косата помека и го неутрализираше жолтото
Пробај, јас мислам ќе бидеш многу задоволна како и јас што сум. Ако го прекинеш бланшот ќе се подобри квалитетот секако @GirlLove јас сега на,Лореал профешионел силвер шампонот го користам добар е, ама како што кажа Selena силвер шампоните доста ја сушат косата, земи си маска таа на Керастас е супер и јас ја имав
За фарбана црна коса не ми е оштетена ама некако сувкаста немам сјај, шампон и маска да ми препорачате