Мислам дека фигаро или преса премногу ќе ја оштетат косата, особено ако напред ти е скалеста (според описот од претходниот пост добив таков впечаток, ко да имаш шишки/степен од страните). Можеби четка би бил подобар избор, иако и за неа би ти требало време за да и ја фатиш цаката. Единствено да земеш некоја трака од тие еластичните што ги носевме ко деца, да ја моташ косата околу неа и така да ти стои или да преспиеш, па ќе ти испаднат баш убави бранови. Успева со повеќето должини, барем горните слоеви од косата и страничните делови (тоа што е најупадливо во око) секако ќе се навиткаат со тој метод.
Со овие траките за мотање ако мислиш на истите тие долгите сатенски само јас ништо не правам со нив . Косата кога ја пуштам освен антени ништо друго нема, а кај сите гледам убави локни брановидни, јас катастрофа.
Мојата е долга и џабе, како со две леви раце сум ич не ме бива за вакви некои финти со коса. Пробав неколку пати и се откажав. Џабе 500 ден фукнав.
@anggell и да ја навиткаш со нив, мене ми успева али за џабе одма се отпушта ни лак не ја држи, за разлика од фигаро што кога ќе ја навиткаш си држи
Не мислам на таква трака. Не знам што мислите вие под трака за коса, ама ова што го опишуваш не е тоа што јас го предложив. Најобична еластична трака за коса, мек памучен материјал, ко деца ги носевме. И со неа баш убаво се фаќа навитканото и кај кратка коса. Додека имав краток боб вака ја виткав косата и супер испаѓаше. Не толку дебела како на сликата, малку потенка може да е за полесно да оди префрлањето прамени, има видеа на јутјуб.
Читам за шо сѐ се користи масло од диво оригано, и глеам може да се стаат 2-3 капки у шампон, ако имаш првут и себореичен дерматит. Сте пробале? Секоја есен и зима истиот проблем. А плус сакам следен месец плава да се правам, тек бетер ќе ми е. И мислам од првиот пат коа извадив прамени ми се деси. Предтоа никоогаш. Никогаш никаков проблем освен мрсен корен. Сега дента кога ми е за миење, ме чеша ужасно.
Дали некој ги има користено овие? Кое е најдобро за побрз раст на коса? И дали ги има ни Скопје негде?
Дајте идеја за фризура за bad hair day (дента коа е за миење косата). До рамо ми е, освен реп фатен и со лак да ја залижам да не свети, неам друга идеја ама ми здосади, башка ми штрчат бебешки, од доле, од сегде...
Освен реп нема друго чаре...единствено да ја пуштиш и да ставиш по две дискретни шноли од двете страни на главата...
Исчешлај ја наназад да биде без патец и стави некое помасивно венче. На таа должина нема баш многу начини како да се собере, освен нешто полу-фатено, пола горе во пунџичка или со некоја интересна шнола а другата половина пуштена и благо навиткана. Не изгледа лошо со малку сув шампон на долните делови.
Не бе, уживај. Фала ти на одговор. Имам слушнато повеќе луѓе да го фалат и дека помага за опаѓање на коса, некое време го меркам. Да го дотрошам овој што го иам сега и ќе си го купам
Мајка ми порано го користеше. За против опаѓање можеш и Оливал, ама малечки се, овој на Афродита е литарски, мене ми ја сушеше косата дека бев плава може, мајка ми си го користеше.