1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи прашања за коса

Дискусија во 'Коса' започната од butterfly33, 30 август 2012.

  1. Lelebre

    Lelebre Нов член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2024
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    @koritsaki прочепкав низ темите некако ми е скапичка оваа, а некако сум запната за таа што ја постирав погоре сега е на намаление, косата ми е пепел искината оштетена лом... Затоа и прашав ако некој ја користел стрикно таа дали е како на реклами или сепак со пегла го постигнуваат тој ефект на "стакло" коса...
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    Подобро земи едно кокосово масло (стаклена тегла), буквално не ти треба ништо друго. Директно на корен никако, ставаш надолу по должина на косата. Секако, нема да претераш и држи ја ако можеш барем час. Да не зборам колку ќе ти трае, плус ти е некоја најсолидна евтина опција. @Lelebre
     
    На Lelebre му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    584
    Јас можам д ати го препорачам и ова од Зегин. Јас го ставам на влажна коса, го држам едно 20 мин и после класично миење. Свила ја прави.....


    [​IMG]
     
    На eliesaab и Lelebre им се допаѓа ова.
  4. krissssss

    krissssss Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Zdravo imam 18 godini i izminatiov period premnogu se nerviram za kosava zatoa sto e prilicno dolga do gradi ama celata mi e izgorena suva i ispukana od peglanje.Da napomenam deka se nemam farbano nitu nesto slicno samo od pegla i fen .Sto bi mi preporacale da koristam nekoj masla samponi.Jas gi gledam rosen imaat prozivodi za vakva kosa i si velam od kaj niv da poracam.Vaka mi izgleda isto ko na slikive
    upload_2024-11-27_22-22-4.jpeg
    i vakvi ima niz cela kosa zatoa nema smisla da ja kratam
    upload_2024-11-27_22-25-54.jpeg
     

    Прикачени фајлови:

  5. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    7.444
    Пол:
    Женски
    За оштетеното само ножици и пеглање ретко. Да не речам никогаш
    Е сега искрено за масло можеш од Авон, Лореал или рицинусово ама тоа е масно и тешко, така да ќе мораш само пред миење од него.
    А за маска немам засега предлог и јас сум во потрага, бидејќи таа од Керастас ми е моментално скапа.
     
    На koritsaki, eliesaab и krissssss им се допаѓа ова.
  6. krissssss

    krissssss Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    Znam deka treba da se itrizi ostetenoto no taka treba cela kosa zatoa sto cela mi e od temeto do kraevite,zatoa mora da ima i da najdam nakoe resenie
     
  7. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    7.444
    Пол:
    Женски
    Тоа што е уништени нема маслото или маската да го врати. Нека не те лажат рекламите ;(
    Мораш барем малку да ја скратиш, а секогаш ќе останат влакна кои се погоре и се расветани, бидејќи ќе дојде до степен да треба да ја шишаш бидејќи ќе се кине самата
     
    На koritsaki, Puellapulchra и krissssss им се допаѓа ова.
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    7.455
    Пол:
    Женски
    Испуканиве врвови само ножица може да ги спаси. Пегла некое време, дур не ти се опорави косата, не смееш да помислиш. Фенот е ок. А за целата коса, тебе можно е да ти е виткана и да не знаеш како да се грижиш за неа. Пробај рутина за виткана коса. Имаш таква тема на фемина, таму можеш да најдеш добри препораки за продукти.

    Од масла имам да кажам рицинусово, кокосово и маслиново. Тие мене ми се топ 3.

    Од шампони пробај бебешки, тие не се јаки, поновите варијанти ја смениле рецептата и не ставаат сулфат.

    А за маски, само гарниер. Овие три ти се препорака од мене. Оваа од ананас ја користам моментално. Преубаво мириса. А другиве порано ги имам користено.
    images.jpeg
    Pineapple Conditioner.png
    botanic-therapy-ricin-oil-almond-balzam-1350x1800px.jpg
     
    На eliesaab, Selena01 и krissssss им се допаѓа ова.
  9. krissssss

    krissssss Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2024
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    5
    A za ovie rosen sto mislis da ne gi imas koristeno pa da mi kazes mislenje sum vo plan so niv da pocnam i ke zemam i nekoe maslo mozebi kokosovo
    upload_2024-11-27_22-43-14.jpeg
     

    Прикачени фајлови:

  10. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    7.455
    Пол:
    Женски
    Го немам пробано. Ако некоја друга од тука го има пробано, слободно нека се надоврзе. Јако шишенце, бар ако не се покаже, можеш друго масло да си стаиш унутра:D иако вакви има на интернет еден куп, да не се мрсат раце.

    Али за сите овие масла од попознативе брендови имам да кажам дека се природни еден дел, но им додаваат и еден куп други вештачки ствари. Косата можеби ќе ти изгледа подобро за момент од силиконот, али јас си стојам на мислењето дека природно масло е подобро 100 пути за коса, отклолку некое со 300 состојки унутра.
     
    На eliesaab, SummerGirl и krissssss им се допаѓа ова.
  11. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    7.455
    Пол:
    Женски
    @Selena01 Сакав и прееска да ти пишам, али ми летна мислата. Пред неколку години на интернет се сретнав со техника на шишање која се нарекува дастинг. Ќе ви пуштам и видео подоле за да ме сфатите. Поентава на ова е да се елиминраат цветаниците, а да не се загуби на должина. Јас вака се шишам скоро 2 години и немам моментално никаков проблем со расцветани врвој. А косата ептен си ја сакам. Над половина и не планирам скоро време да се шишам. Ми ваља техникава:D

     
    На Skorpija25 и $ophia им се допаѓа ова.
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.983
    Пол:
    Женски
    @krissssss оштетеното шишај, не постои производ што ќе ти ја обнови косата.
    Јас би ти ја препорачала линијава од Балеа

    Screenshot_20241128_071836_Chrome.jpg

    Супер е за сува коса, маслото ќе го користиш пред сушење со фен на полумокра коса. На врвовите ќе ставаш.
    И пегла никако користење.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Каде во МК е достапна оваа техника? Сакам да пробам вака
     
  14. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    7.455
    Пол:
    Женски
    Поим немам искрено. На фризер не сум била над 2 години. Можно е и никаде да ја немаш.

    Јас дома сама се шишам кога ќе видам дека имам насобрано еден куп расцветани врвови. И ако планираш и ти ко мене, купи си убави скапи ножици, оти ако сечеш со обични, можеш поише беља да напраиш.
     
    На eliesaab и $ophia им се допаѓа ова.
  15. $ophia

    $ophia Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2018
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    928
    Пол:
    Женски
    Ааааа... Ја мислев на фризер одиш за тоа. Тух. Не не ризик ми е. Ама ќе го прашам фризеров мој да видам
     
    На Puellapulchra му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.551
    Допаѓања:
    7.455
    Пол:
    Женски
    Добар фризер би требало да знае вака да шиша. Да скрати врвови, а да не загубиш од должина. Само не знам колку нашите фризери се расположени да скршнуваат понастрана од она што го учеле во школо.

    Ако дознаеш дека има некаде некој фризер во Скопјево што ја применува оваа техника, пиши:D
     
    На $ophia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DevilsCandy

    DevilsCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Женски здраво :)

    Дали некоја од вас го има апаратов и како е задоволна?

    https://www.topshop.com.mk/wellneo-airtech-pro-stilizator-za-kosa

    Треба да е нешто како Dyson AirWrap, само со поповолна цена. Со оглед на тоа што сепак не е ефтин, дали има некоја од вас да сподели искуство за користење и на деловите за класично фенирање и на деловите за “air” виткање? Би го користела на средна должина на коса, средна густина, фарбана светла (хемиски третирана и сува) којашто е со природна wavy текстура.


    Однапред благодарам :l: