Од каде купувате убави, квалитетни штипки? Ама да може да збират поприлично густа коса. Сè што сум начекувала од продавници, 2 пати користена, третиот пат на делови е.
Правев кератински третман и сега кога поминаа веќе месеци, косата ми е некако како пајажина, незнам како да објаснам долниот дел како цела разлетана дури и откако ќе ја испеглам она јесда е постисната ама не е така мазна како што сакам туку како да има воздух меѓу влакната незнам дали ме разбирате. Како збуфната. Што можам да и ставам за да го немам тој ефект ?
@koritsaki , ти мислам дека беше шо користеше Kerastase Планирам да купам после шампон од нив, па незнам кој да го одберам. Имам нормална накај сува коса. Дали да го земам белиот со портокалово капаче? И дали убаво мириса?
Ми се прават мозолчиња на главата (претпоставувам од еден серум против опаѓање), кој шампон е најдобар за ваква ситуација?
Препорачајте ми спреј за заштита од топлина и капки за секојдневно нанесување на коса што не ја мастат
Јас се враќам со искуство . Шампонот ми е и така и така. Задоволна сум шо ми ја прави помека косата и не ми се суши брзо. Не сум задоволна шо има грд мирис и неможам да се исчешлам. Истото можам да го кажам и за Олаплекс. Ги купив 5ката и 7цата, немаат мирис, косата ми е помазна, али неможам да се исчешлам убаво и косата ми се кине. И плус многу електрицитет ми направија. Незнам дали би ги купила пак. Белиот серум од Лореал, ем поефтин ем подобро ми ја негува косата. Да ми препорачаш друг шампон од Керастасе шо нема да ми ја суши косата и бар да има убав мирис. Ќе дадам уште една шанса на таа марка.
Девојки, да ми препорачате шампон за коса која за еден ден веќе е со мрсен скалп? Пробани неколку, џабе.
@Adidas888 уф баш ми е жал. Да те прашам, а можеш ли прво да набавиш тестери да пробаш пред да купиш некои од производиве? Ако имаш доста сува коса ќе мораш да комбинираш шампон со маска или регенератор. На пр. од Олаплекс 5ката ти е регенератор, тој го немам пробано, 8мицата маската ја имав и е доста хидратантна. 7цата не е за расчешлување, туку е масло и од тоа малку се става. 6ката ти е leave in птоизвод за расчешлување и од него бев презадоволна. Јас го комбинирав овие од Олаплекс- 4c шампонот (за масна коса) маската 8, 3ката терапија и 6ката со 7мицата ги мешав и имав баш мека сјајна коса, дури добивав коментари и од др луѓе колку ми е сјајна косата. А јас ја бланширам секој месец. Од Керастас, тој што ти го купи шампон го немам пробано, мене добар кога косата ми беше посува ми беше овој шампон Со маската заедно ги имам користено. Во 2020 тогаш имав екстра оштетена сува коса. Јас пак би ти рекла да пробаш тестерчиња прво , од Еликсир ги купуваш ли? Еве јас од пред некоја недела што купив нешто од Керастас ми дадоа тестерчиња (ова од фризерница во Грција) и тоа јас си одбрав , зелениот тестер десно е шампон за масна коса воопшто не ми се допадна среќа што го пробав вака. @KiT шампонот Jumping juniper на Lush го имаш пробано? Имам пишано за него на неколку членки тука па не се сеќавам дали и на тебе сум ти пишала
Од Даглас ги купив. Нема тестери, ги прашав дали може да ги мириснам шампоните и ми рекоа не може. Ќе пробам ќе го зеам и олаплексот 6ка, и шампонот од Керастасе шо ми го препорача. А мириса ли убаво? Белиот Керастасе шампон ич не ми мириса добро .