Луѓе, оваа е мојата природна боја на коса, дали има шанси да фати некоја посветла фарба на неа ама без бланш? И знам дека ми е унаказена, лом ме направи таа самопрогласената фризерка. Утре пак ќе одам кај друга да ме среди ама сакам и да се исфарбам.
Јас немам убаво искуство со ниту една пена, секој пат ми ја сплескуваше косата ко ќе ставев. А може и ја не знам како правилно да ја нанесам. Или премногу ставам? Или па толку не ги бива пениве? Не сум задоволна од ниедна. Еве ако некоја знае, нека каже што правам грешно со пенава. Или па да препорача марка.
Знам за тоа гелови и онакви стикови се користат. Пена не знам дали е за таа намена. Ако е за фенирање, волумен и подолго време да ја држи локната од фенот. Ако е за виткана коса, дефиниција на локни. Но мене ми ја праеше косата тешка и слепена, иако ми беше тазе миена.
Сум користела за оформување на локни во летниот период. За моментален ефект е добра, другиот ден е веќе ужасна косата. Ако ти треба за волумен со четка и фен далеку подобро ќе ти излезе.
Јас пена одамна не користам. Од нив пола коса ми пага, ја прават како тесто а никаква функција. Плус па кога ќе почне да се лепе на нерви ми оди, после едвај раце измијам. Според мене многу ја уништуваат косата. Веќе одамна се мислам да правам бајлаж или како и да се вика таа техника. Моментално имам остатоци од фарба, не сум фарбана од септември, не ми е оштетена косата. Дали со ова бааги ќе ми се оштети, знам глупо прашање, ама се плашам слама косата да не ми стане. Гледам кога ги направат убави се ама после миење немој да ми стане метла.
Здраво, имав густа коса и долга но ми беше многу оштетена и ми опаѓаше па ја изтрижав и со користење на шампони против опаѓање преќина опаѓањето. Сега сакам повторно да ја пораснам долга, да ја згуснам но и да ја чувам здрава посебно врвот кој брзо ми расцветуваше. Имам проблем и со тоа што многу брзо ми се мрси после 1 до 2 дена после миење. Сакам да користам масла но не знам како па затоа барам тука совет, како ги користите за да ви помагаат? Читав за кокосово масло и рицинусово дека помагале, но како ги користите за да не ви ја измрсат косата а да делуваат? Читав и за рузмарин и коприва, можам да соберам и од двете но што со нив? Да ги сварам како чај и да ја прскам косата само? Исто така се мислам и за маската Pantene Keratin да ја земам. Ги користев шампоните од коприва и од лук од Афродита но ми создаваа првут и прекинав а знам дека делувале за раст на коса. Се ќе ставам на коса само да ми порасни побрзо бидејќи не можам да се гледам ваква. Доколку сте користеле од ова нешто, на кој начин сте ги користеле? Или доколку имате друго нешто користено а делувало за брзо растење на коса кажете ми.
И мене ме интерисира за масло, препорачајте ми масло кое можам да го ставам на скалпот и да се масирам.
Рицинусово. Мене ми е најдобро за растење коса и против опаѓање. Само од тоа имам приметено разлика. Другите масла биле ок како маска за коса. Кокосово ставам пред секое миење по должината на косата, а рицинусово на темето. @Matea^_^ Ова со рузмариновата вода го имам пробано еднаш, но не приметив разлика. Веројатно не му дадов доволно време, оти го фалат на социјални мрежи. Во дворот имам цела грмушка, ќе си направам можеби во скоро време
Да ќе фати можеш постепено да ја осветлуваш со фарба. На природна боја фаќа, на фарбана НЕ. Но не очекувај да станеш плавуша преку ноќ.
Се враќам после толку време да кажам. Ги купив зелениот керастас и олаплекс 6ката и ги користам веќе некое време заедно со олаплекс 5ката и 7цата. Меѓу зелениот и белиот керастас, искрено ми нема некоја разлика, и двата ми се исти. Мирисот ни на едниот ни на другиот не ми се допаѓа, али ми ја хидрираат косата колку толку. Е сеа, тогаш не бев баш многу задоволна од сите овие производи, ама после некој месец користење одма гледам разлика. Косата ми е побујна, погуста, има убав сјај.... Па богами и расте ко ненормална . Дефинитивно ќе ги користам овие до крај на животот.