А како правиш за после пак да си се вратиш на одредениот производ? Користиш некое време друг или скроз го откажваш?
Со четка за фенирање се обидувам, ама не е баш успешно Со пегла кога ја пеглам права да е, нема проблем, трае со денови Ама ако сакам да ја навиткам со што и да е (пегла, четка, фигаро),трае 15 мин мах
во последно време многу ми се заплеткува косата, до сега никогаш не сум имала таков проблем, сега мокра не можам да ја исчешчам... има нешто што помага да ми препорачате? и од што може наеднаш ваков проблем почнав пред година дена да се фарбам... да не има тоа врска?
Можно е од фарбата, евентуално од некој продукт да не ти се презаситила. Јас го земав шампонов и ептен е спас, само мојата коса е плус сува.
Имало некој крем за сува коса во кит го. Дали некоја членка знае за кој крем станува збор и дали помага?
Вие што имате густа коса, а тенко влакно што користите за да не ви биде разлетана на сите страни, поточно за ,,бебешки" влакна? Кога ја носам врзана, обавезно ми штрчи некој прамен. Со гел не сакам да ја залижувам, не ми се свиѓа како изгледа.
Јас ништо, така си ги оставам, ако одам на некои прослави, фризура да треба да направам лак за коса ставам, ама после неколку часа пак си се исправуваат.
На фризер еден тон лак ставаат и тогаш нема гајле, цел ден не мрда. А ја сама што и да ставам, џабе, пак со антени си се шетам. Исто и пуштена кога ми е, не знае да седи на едно место. Мислам, помагаат тие кремите за коса ама кратко, после пак си е разлетана. Боде очи. Некој ако знае некоја цака нека ни каже, ама изгледа ништо не помага.