https://www.temu.com/mk-en/one-pack...ng-transparent-texture-g-601099618916897.html Нема покорисно нешто
Имам многу густа долга кадрава коса, и веќе неколку години не можам да си најдам соодветни производи за стилизирање. За жал, и се вратив повторно на пеглата. Но за да ја испеглам ми треба најмалку 1ч. Препорачајте ми некоја добра четка-пегла ...
Дали во ДМ е стигната колекцијава на гарниер? И дали некој користел нешто од неа? Ме интересира шампонот, балзамот и спрејот diamond sleek?
Немам одговор на ова прашање погоре, па ај тебе да те прашам нешто @koritsaki Дали го имаш користено ова? За сув скалп и суви корени бил, па се мислам дали да го зеам. Од шампоните на керастас не бев нешто задоволна.
Има во дм некои за залижување, ама не бркаат работа. Сепак види има повеќе производи, има едно како стик и сега земав како со четче за маскара. Јас цела сум антени, само ми расте нова коса, 3 слоја имам бебешки влакна со различна должина
Земав к18, потоа и олаплекс. Прв проблем ми е што ни првото ни второто не ја омекнуваат косата онака професионално како што очекував за тие пари и за извикани брендови. Обични балсами вршат подобра работа. И втор поголем проблем ми е што претерано ми ја мастат косата. Дали има некој третман за коса кој не ја масти? Е сега и едното и другото ми се пробани неколку пати, па ме интересира искуство при подолгорочно користење. Сеедно, ако постои друга опција за третман на коса, што истовремено не ја масти би дала предност.
Заборавив да напоменам за третирана коса, нешто за хидратација и одржување. Не ми е многу оштетена, ама по должина ми е посува, плус редовно користам фен па сакам нешто професионално. Коренот природно ми се масти, ама со олаплексот не ми издржува ни 2 дена и тоа цела коса и по должина… не знам како е можно.
И мене олаплексот не ми помогна нешто, но барем не ми беше толку сува. Јас иам проблем со сува коса. Сега го зедов редкен, ставам од него после миење, пред сушењето. Ок е за сега, ќе видиме за понатаму. А иначе, во право си дека не вредат за тие пари, еве јас се вратив на Лореал регенераторот со хијалуронска, шо го има по маркетите, косата преубава ми ја прави. Ставам и на коренот, оти и таму пресува ми е, и стварно делува, косата ми е премека до следно миење.
Фарба на лореал си користела? Тие мали регенераторчиња што доаѓаат со фарбите се предобри. Колку за споредба ме интересира дали и голем регенератор е така добар.
Можно е, ако е премногу емолиентен третманот, косата натежнува и за брзо се мрси. Не мораш којзнае какви професионални продукти да користиш, туку набави три работи за нега, маски кои ќе ти бидат третманот во суштина. Битно е да имаш хумектант, протеин и емолиентен производ. Ќе ги ротираш најизменично и на тој начин косата си постигнува рамнотежа, гуглни за ПЕХ рамнотежа и како да ги читаш знаците. Личи комплицирано, но воопшто не е. Кај тебе конкретно, штом станува мрсна по третманот, би требало да значи дека има overload на емолиенти. Јас имам купено две Garnier hair food маски за коса (алое вера како хумектанс, бананата како емолиентна маска) и Ziaja со козјо млеко ми е кератинскиот производ, односно протеин. Ротирам, на едно миење мачкам една, па друга на следното, па трета. Како ми дојде така, не е дека се водам строго по листа што сум користела и кога. Само гледам да не заредам ептен со една иста маска. Убав шампон што е пријатен за скалпот, еднаш у месецот масла мачкам на скалпот и чат-пат користам некој појак шампон со сулфати за да ја исчисти косата од продукти. Тоа отприлика. И мојата коса е третирана, не ми треба ни олаплекс ни Керастас со ова. Ми се препороди косата.
@Mishela имам кератински шампон од кој сум задоволна како измива, користам масло од рузмарин на Веледа за скалпот и по должина 3 пати месечно во просек, некогаш помалку некогаш повеќе ама презадоволна сум од маслото, скалпот е многу убав и косата надолу исто ја омекнува, го земав регенераторот од истата линија ама не бев задоволна. Верувам дека би одговорал на нетретирани коси, за мојава си треба хемија. Мислам дека поради шампонот косата ми е по оштра и по дива, ама секој кератински продукт така ми се покажал што знам.. и обавезно ми треба нешто многу добро после тоа. Маска немам користено многу одамна, некако така ми е останато дека ми паѓала косата по користење маски. Може е целосно погрешно убедување, не велам не. Ама отворена сум да истражам за ова што ми пиша.
Точно, поради шампонот е. Тоа е ефектот на зачестено користење протеински производ, ако почесто се миеш со него косата станува подива и некогаш frizzy. И маска со некаков протеин да користиш повеќе пати, истото би се случило, ја подисушил протеинот. Ко јас, пошто мене вчера ме мрзеше што живеам буквално, па ради реда измив коса со протеинска маска (сигурно трет пат по ред) и во косата бев ко лавче, буквално нит се тера, нит се води денес. На следното миење ќе се балсамирам, па ќе се нормализира. А тоа за маските за коса нема врска искрено, на времето не ни имаше некој избор, па којзнае и што сме ставале на коса. Генера беа хит, да отвориме да прочитаме состав, којзнае што ќе ископаме. Можеш и регенератори да си најдеш наместо маски, заборавив да спомнам. Имам правено и исто такво комбо од три регенератори користени по ист терк и се покажаа исто толку ефикасни како и маскиве. Па ете ти идеја плус.
Не ми текнува, ама да, добри се тие регенераторчињата, ама тој на лореал со хијалуронска, љиљаковото шише, е многу подобар.