Леле да Генера Сум ги забораила нив, едни други памтам беа како во кофички, многу ми паѓаше косата од нив и траума ми оставија за маска за коса за цел живот. Последниве 10 години секогаш кога ќе сум земела маска, сите 3 пати сум користела само неколку пати и сум баталувала. Баш ќе пробам да најдам некоја соодветна.
Јас ја користам маската на Гарниер со овесно млеко и супер ми делува, доста ја омекнува. За да не ја мрси, секоја маска ја ставам од половина на косата кон врвовите, не и на корен
Официјално за прв пат ми ја сј*баа косата на фризер, ме ишиша буквално до образи, па ќе ве молам да ми препорачате спреј/масло/маска за заштита од топлина што навистина е добар. Ќе ме фати може една година додека да добие на должина, а имам многу испрекршена коса што морам да ја пеглам, па ќе мора што може максимално да ја зачувам здрава.
За препарати нека те советува некој друг, но како бе те сјебаа? Те ишишаа толку без да сакаш ти? Вештерки низаедни, како бе се осмелуваат така? И јас имав такво искуство и затоа сега кај и да одам им напоменувам дека сакам 1 или 2цм само да ми скратат а ако скратат повеќе дека нема да добијат пари. Па да видиш како слушаат
И покажав колку сакам да ме ишиша, рече добро и ми ја скрати буквално дупло од што и реков, не ни приметив позади колку многу ме шишала, тек кога дојде предните прамени да ми ги скрати видов, до образи буквално. Ми се плачеше На Џим Кери личам во dumb and dumber филмот. Препорачувајте препарати за побрзо растење успат.
Витамини за коса. И масажа на скалпот, тоа е клучно за да се активира растот на влакната. Можеш да го прскаш темето со оладен чај од рузмарин и да масираш. Масла, Б-витамини и време...
Да и мене к18 почна да ми ја масти косата и го баталив. А додека бев плава стварно помагаше да биде косата по мека и да не се разлетува , ама мојава коса е таква со тенко влакно и слабо па може и тоа има врска. Јас веќе не купувам извикани шампони маски и сл , задоволна сум од Apivita ем се океј цена , особено тие маските во мало пакување им се топ. А третмани некои мислам немаат. Како третман пред миење на пр во нивниот фризерски салон во Атина ставаат во маската масло и ја (јојоба или есенцијални масла на пр) ги мешаат заедно и нанесуваат на коса. Имам една познаничка што има одено таму.
Дајте ми совет. Косата ми е frizzy и освен ако не отидам на фризер да ме исфенираат асално, дома не можам да постигнам да изгледа мазно. Особено па кога ја виткам со фигаро или витлери, ептен се истакнува и локните не ми ни личат на локни туку на нешто трето. Е вака како на сликиве ми се прави. Спојлер Што маска/шампон е убаво за ваков тип на коса? Користам регенератор, масло, маска...ама ништо не ми се чини дека делува. Кои брендови да ги погледнам? п.с. се фарбам со години, така да имам и оштетување + природно посува коса
Истото масло го користам и го препорачувам. Феноменално. Косата личи ко да е фенирана на фризер, а јас одамна веќе ниту се пеглам, ниту се фенирам којзнае колку често со четка. Кога ја користам ротирачката четка, изгледа како свилена. Клучот за коса без frizziness e употреба на емолиенти, односно масло некакво или да се употреби емолиентна маска. Макадамија е топ производ за вакви проблеми. Видете да не користите премногу хидратори ко шампони и маски на база на алое вера, хијалуронска киселина и слично, затоа што премногу хидратори ја прават косата преразлетана и може да делува суво и дехидрирано ако не се користат масла. Исто како што после употреба на хијалуронски серум треба да се намачка крем на лицето за да се "зароби" хидраторот да не ја извлече влагата од кожа, така е и со влакното, сосем истото се случува и пожелно е да се става некој маслен серум, или да се уфрли повремено емолиентен регенератор или маска. Исто така во регенераторите барајте ги состојките behentrimonium chloride или cetrimonium chloride. Тоа се антистатици и дополнително помагаат со измазнувањето. Ретко кој регенератор ги нема.
Апивита ми се топ, ама не ми се овде достапни во секое време, всушност и тоа што го има е дупло поскапо. Ќе си направам резерви пак летово здравје. @Angie1432 ја го користам маслото од Рузмарин на Веледа. Природно и предобро е за скалпот и по должина на косата многу омекнува. Го чувам околу 2 часа пред миење. Е сеа што ми е подзаборавено периодов е друга работа. Иако масло, многу лесно се измива и не ја остава масна косата.
Ставам некогаш пена за виткање пред да се навиткам и мислам дека е полошо. Ама ако има и други видови пена треба да пробам.