После миење, ставам на дланка 3-4 капки, и ги распостранувам низ врвовите на косата, низ прамени, додека е влажна косата
Дали можеш да ми кажеш каков шампон користиш? Го имам истиот проблем и салам да го пробам ова со маските..
Balea MED ultra sensitive го користам, нежен состав има и супер ми е за често миење на косата. Кога ставам масла на скалпот, се мијам со Аlverde со кофеин, затоа што поубаво ги измива маслата, појак е од Балеа. Еднаш месечно се мијам со класичен шампон со SLS, за да се исчисти скалпот и влакното од build up. Крадам од шампонот на маж ми, најчесто некој од Афродита оние од литро, или Илирија бреза, коприва, нешто такво.
Јас имам масен скалп, а тенка хемиски третирана коса што е сува и склона кон расцветување и кршливост. Од неодамна си најдов соодветна комбинација, барем засега ми е топ погодена. Шампон гарниер од алое вера, ептен ми ја хидрира косата и не ми се масти брзо, а во исто време не ми ги пресушува врвовите, две миења маска за коса од гарниер фруктис со кива и ментол (наменета за сува коса со масен скалп) и едно миење гарниер фруктис со масло од марула и кератин (потешка е, помалку време ја чувам, полесно ми ја масти косата). После миење на влажна коса нанесувам крем исто на гарниер со алое (има глицерин во составот и стварно убаво ја хидрира косата) и после сушење со фен на врвовите нанесувам балеа плекс серум. Еднаш на две-три недели пред миење ставам пилинг со аха на балеа. @Mishela дали сметаш дека треба да вметнам уште една маска за коса? Јас ова сама си го изведив од тоа што читав на страната на златокоса, ама не сум сигурна дали ми треба нешто плус?
Ми личи дека ти е сосем доволно ова што го имаш во рутината. Ептен ако некогаш ти се експериментира, можеш да и дадеш шанса на Garnier hair food со папаја, да видиш како би можела да ја вклопиш и како ќе реагира влакното. Добар емолиент е, поточно измеѓу некаде на средина помеѓу "тешка" и лесна, ама ќе треба малку проба-грешка за да видиш каков ефект ќе даде после сушење со фен. Јас после маскава ставам само спреј за расчешлување, а после сушење со фен, од истото Балеа масло што го користиш. Не ми е сплескана или мрсна косата, ама треба да се види како би реагирало влакно што природно е посклоно кон често мрсење. Ова ако некогаш ти се пробува нешто ново, инаку според мене сосем доволно е вака како што ти е пишано.
Дали некој правел шампон од орев и да ја измие косата со такво нешто ? Знам дека за плава коса не е шампон од орев бидејќи се полни со јод и е наменет за кафена или црна. Некако ми е страв да пробам со лушпи од орев или..? Ако некој пробал нека сподели искуство
Девојки, препорачајте ми нешто за на море да користам за нега и за полесно чешлање, премногу ми се плетка од солената вода. Вака си користам маска на Гарниер или Лореал, спреј или leave in и масло/капки за коса, ама проблемот е што ќе патувам со авион и не можам да носам цели пакувања. Ќе морам да купам или травел сајз или да ги претурам.
Каде во Скопје прават кератинско исправување на косата, и која е цената и колку месеци трае откако ќе го направиш?
Да се самоцитирам, денес нешто слично зедов на Тафт за волумен. Како за прв пат преге на брзинка пробав ама не сум нешто воодушевена Прво го зедов на Балеа спрејот за волумен, па ми текна дека скоро ништо немам од Балеа од кое сум задоволна го вратив и овој го зедов. Навистина за коса од Балеа немам ништо што ми се погодило. Сите креми за виткана коса и спрејови за коса ми завршуваат во канта. Од нив освен косата што ми опага нема друг ефект.
Дали спрејовите за волумен само мене косата ми ја сушат? Ај што нема волумен, нема. Него и како метла ми ја прават. Криво ми е што фрлам пари за глупости.
Изгорев цела на море и почна да ми се лупи главата, на скалпот изгледа ко првут да имам, одвратно. Кажете што да користам да исчезне побрзо, кокосово масло би вршело ли работа?