Хелп Имам корузи во главата, не цело време но околу челото и на долниот дел кај вратот знаат да ми се појават. Ве молам доколку некоја има сличен проблем да ми каже што можам да пробам да користам, вода пијам многу, не е од течности сигурно
И јас го имав истиот проблем, ама јас изгорев на море и затоа се лупам целата. Не знам кај тебе која е причината, ама за секој случај иди до аптека и побарај им да ти дадат нешто. Мене ми помогна арганово масло, ама гледај да не е парфимирано, без мирис треба да биде. Можеш и кокосово ама не ставај многу, само 3 до 5 капки на местото кај што се лупиш и полека протриј со прсти и остави да делува некое време, саат време поседи така и после измиј ја косата со некој благ шампон. Ако си изгорена од сонце, користи и некој чист алое вера гел да ти ја смири и хидрира изгорената кожа.
немојте грундинг, јас ја имав таа ротирачката со 4 глави, не помина ни година откако ја земав ми се запали поарно филипс
Да споделам на некој можеби ќе му се најде моето искуство како корисно. По подолго лежење (во болница) без да си пружам адекватна нега на косата добив туфки замостени. Како чворови заплеткани. Не можев никако да отплеткам и да се исчешлам. Мислев ножиците, друго чаре нема. Се јавив на фризер, ми рече да одам да видиме. Сакаше ножиците да ми ги удри на степен да ме шиша. Ама некако огромен степен тоа ми доаѓаше. Станав од стол и реков дека сакам прво да размислам, да видам повеќе можни фризури. Од таму одма кај друг фризер влегов и се молев да ме спаси некако. Се изнасмеа фризерката и рече дека нема потреба од ножици. Три часа седев во салонот значи ме среди и требаше само 2-3 цм израмнување на крај. Ме среди со голема количина на производи за коса како масла, регенератор и маска. Потоа третмани за хидратација и омекнување. Брендови кои ги користеше беа Cotril, La Gomme, AlfaParf. Значи со регенераторите и маските лежев а она отплеткуваше рачно, па со посебен чешел како боцки за отплеткување, па со широк чешел и се така додека не го отплетка и последниот чвор.
Кај се продава тој чешел, знаеш? И мене некогаш страшно многу ми се плетка, саат време ми треба да ја отплеткам.. добро би ми дошло такво нешто.
Јас немам таков. Ама го загледав, беше виолетов и пишуваше TangleAttack. Побарав на интернет и на Реддит читав дека го има во Англија во продавниците Hairspray и биле ефтини. Ама јас таму не сум одела. Може следен пат да ја прашам фризерката од каде може да се купи.
Колку ви земаат во Ск за шишање? Во помал град само за шишање без миење и фенирање ми земаа 500 ден за врвовите. Дали одамна не сум се шишала, (досега сама се шишав), ама многу некако ми се виде без миење и фенирање. Само ножиците што шкрапна 10 минути
Јас кадешто одам ми зима 800 денари за шишање + фенирање, во Скопје. Може да биде и 1000ка, а имам читано некои членки дека плаќаат и многу повеќе од тоа.
450/500 ми зема и мене, со фенирање. Од Скопје сум, ама ова зборам ,,маалска" фризерка. До пред некоја година наплаќаше 300. Кај Станче и слични на него, може и до 2000 да биде, читајќи ги членките тука.
Некој дали го користел ова и дали е добро за измазнување и смирување разлетана коса? https://hairshop.mk/product/style-prime-smooth-cream-150-ml/
Каде можам да најдам квалитетни ножици за шишање? Купував едни ама таму веќе нема а ми требаат веќе нови. Само немојте од Тему да ми препорачувате, порачав катастрофа квалитет. Поголеми се шансите прст да ми летне отколку коса да скратам со нив. Не сечат ни за жива глава, мислам дека ни хартија не би исекле од толку што се тупи