Дали ја има некој користено маскава да ми каже за што е , пред некој ден влегов во дм маркетот сакав да земам ама незнам дали ја бојадисува косата, зошто пишуваше да не ја користат тие што имаат светла боја на косата
Oд овие маски има за црвенокоси, за русокоси, за бринети, така да најдобро да се бираат според бојата на коса затоа што мислам дека содржат пигменти и ништо чудно да ти се јави некое потемнување ако си русокоса а купиш од оваа кафената. И јас сум решена да ги пробам, па ако ја купиш оваа или било која сподели некое искуство, мене во план ми е да си ја барам онаа за плавуши - ако не друго, сигурно барем ќе има некој ефект во однос на обликувањето.
Пред еден месец ја скратив косата во стилот на боб, еве иста ваква...ама баш иста должина... Прашањето ми е за точно една година колку ке ми порасне косата со оглед на тоа дека ми расте на месец отприлика 1 сантиметар значи најнормално, не ми е оштетена, ако може некој да ми прати слика одприлика колку ке ми порасне? Сега пијам и едни апчиња со 27 витамини мн се здрави и ги има сите потребни витамини за телото, ке почнам да ставам и рицунисово масло за да ми се забрза растот на косата и ке се обидам да внесувам што повеке витамини преку храната...
И јас ја носам таква ,кога не ја шишам подолго време како минатиот пат околу 10 месеци ,ми дојде по рамениците.
Купив чичково масло за коса, кажете ми како го нанесувате вие на сува коса да стои еден час или на мокра коса?
Јас цело лето користам масло за коса, и кога имав прилика си седев на сонце со косата (го затоплува маслото и поубаво делувало демек) и верувале или не, косата многу ми се осветли. Сите ме прашуваат дали сум фарбана, и не веруваат кога ќе им речам дека не сум. (Само да потенцирам, дека во коренот е потемна, а надолу посветла, но убаво се преливаат боите, а масло редев обавезно 2 пати неделно)
Луѓе како можам да ја отемнам фарбаната коса, плава ми е скроз (омбре) и сакам да ја направам потемна.. како можи?
Маслиново и понекогаш кокосово. (Ама сите масла кои имаат боја, како ореовото би дале ист ефект) Со фарба за коса.