Го има некој користено ова..зошто служи ?? На мајка ми и го подарила колешката како подарок и таа мене ми го даде. Па сега девојки .. која го има користено нека каже искуства и примена
ги има ли некој користено колор шампоните на Палете? барем јас мислам дека се колор шампони, може грешам, еве на овие мислам јас го купив баш овој и се мислам дали да си ја направам косата, се немам фарбано долго време па несакав одма со фарба да се лупнам да не ми е криво после
Јас ги имам пробано добри се но не ми фатија многу.Имам кафеава коса и зедов црн ама бидејќи ми е долга косава само ми ја затемна малце .Но и да не ти фати не бери гајле бидејки косата ке ти ја направат мека и свиленкаста
Што треба да се користи за здрава и убава коса освен шампон и регенератор? Дали доколку користам регенератор треба да користам и маска или намената и улогата им е иста? Дали доколку користам некој спреј за ксоа дали на глис или лореал треба да користам и силиконски капки? Кога се ставаат силиконските капки, пред сушење или пеглање на косата или после? Колку пати неделно треба да се употребува масло за коса и дали е доволен еден вид да се користи пример бадемово масло или може пример доколку во понеделник имам ставано бадемово масло во среда да ставам чичково масло?
Ќе ти одговорам тоа што јас го знам и практикувам Порано многу користев регенератор, но разговарав со многу луѓе, а и сама забележав дека кога користам регенератор - многу ми паѓа косата. Затоа сменив и почнав да користам маска и сум презадоволна, а и ниедно влакно немам изгубено Значи за мене лично е подобра маска. Јас исто така користам спреј за коса (Глис) после бањање на мокра коса (и пред пеглање). Силиконски капки немам никогаш користено, ама мислам дека се нанесуваат на истиот начин - на мокра коса после миење. Масла за коса (бадемово, чичково) одамна немам користено, најчесто ме мрзи затоа што се става пред миење, па се чека и сл. Не би знаела да ти кажам колку често се нанесува Баш и не ти дадов некој продуктивен одговор, освен за маската и регенераторот, ама се надевам ти помогна и тоа
Како што знам, реченераторот се користи секое миење, за полесно расчешлување и помазна коса. Спрејот се нанесува на полусува коса, има со различна намена, а јас сум задоволна од Глисот, а тие што се како за исправување, пред пеглање и слично, ми ја прават косата како тесто. Маската препорачливо е да се користи еднаш неделно. Сите тие се нанесуваат од средината некаде, па надоле, во спротивно ќе ти се мрси често косата. Маслата се нанесуваат околу еден час пред да се измие косата, за убаво да се впијат во влакното и ја прават посјајна. Јас ги нанесувам исто од средината некаде, па надоле и ја врзувам косата во пунџа. Силиконските капки се нанесуваат на врвовите и не знам колку навистина ја заштитуваат косата од фен и пегла, но ги измазнваат врвовите убаво. Добри ми се покажаа природните маски http://ilike.mk/zivot/ubavina/subcategory/maski-za-meka-i-sjajna-kosa/ Нормално, косата се презаситува од сите препарати, така што комбинација од две од сите овие можеби е најдобра. Секој си има различни ритуали, а и се во зависност од времето и обврските и финансиите
Некоја да ми препорача добар спреј за исправување на коса... или воопшто само добар спреј за коса, освен на Глис тие шо се, пошо нив веќе ги знам.
Најдов дома неискористена ампула на Strucktur Fort,арно ама сум заборавила дали се одмиваше или не,некоја да ме потсети
Девојки, што би ми препорачале за убав облик на локните? Значи кога ја оставам косава да ми се исуши природно се навиткува убаво ама локните се ептен бушавки некако, т.е ја сум бушава Како да ги скротам? Инаку силиконски капки не помагаат, дури полошо прават мислам.
Јас еднаш ги пробав колор шампоните, купив две пакувања од боја како мед,лешник, односно неколку нијанси посветла од мојата, ама после немаше ни малце разлика
Мене ме интересира Дали некоја користела спреј за коса (како лакпакување незнам која марка) од кој не се познавало дека косата е мрсна (не до степен на зејтин и редови да се прават при чешлање туку почетна фаза ) се ставало од него и пошто косата е во почетна фаза на мрсењето не се познавало
Пак јас со мојата смотана коса. Значи прво да прашам едно прилично глупаво прашање, ако се мијам секој ден со шампон против мрсна коса ќе ја пресушам ли главава до првут или ќе направам спротивен ефект уште повеќе да се мрси? И исто така, дали ќе може некој да ми препорача шампон за секојдневно миење на коса која се масти на секој втор ден? Само да не е Дав, бидејќи не ми се исплаќа.
1. Со секојдневно миење ќе постигнеш само спротивен ефект и ќе ја влошиш ситуацијата. 2. Шампон од комбинација од коприва и пантенол на Afrodita. Поисплатливо решение не можеш да најдеш - 1l - 100ден. (просек, +/- 10 ден.). Само ти препорачувам да го користиш во комбинација со балсам или маска за коса бидејќи без нив, ќе ти ја разлета косата.
Спојлер Се измива или не? Не можам да прочитам на опаковката, македонската деклација ми е скината, само на француски пишува, а не разбирам. Се става на мокра или на сува?
Од каде го купи и која цена е? Сум купувала производи за коса на Лореал Елвиве, ама вакво немам видено досега. Ако е за оштетена коса одлично би ми дошло.