Пробај следниот пат да не го масираш скалпот, т.е. не ставај маска таму. Нека биде само на 2/3 од должината на косата.
сакам дас прашам како се користи кна за фарбанје (бојадисување на коса ) во што и во колку се раствора колку време стои и се за тоа ве молам ако знаете пишете
како тоа со фолија си е извиткала јас е имам виткано со крпчина и изгледа како да е природно виткана некој се повиткани некој не со крпчина не треба мн време да стој и не треба да биди косата водена само крпчината се ставаат во вода и се натопуваат ама не мн да бидат водени а како е со фолија објасни ми
Па нз како да ти објаснам .Сечеш поголемо парче од фолијата и го виткаш па после го виткаш на косата исто како со крпчиња што правиш па после крајовите од фолијата што ти останале цврсто ги превиткуваш заедно.Се надевам ке ме разбереш
Да прашам нешо дали има некоја тема за оштетена коса?Или ако нема пишете каков шамппон користите,или сте користеле за оштетена коса?
Сакам да ја осветлам малце косата со хидроген, дали нешто да ставам во хидрогенот или само да ја поминам со него ?
дали знаете нешто како да постигнам волумен, косата кога ќе ми се исуши во коренот ми е сплескана, а надолу како буф? зашто се праи вака, не ми е јасно, и сакам да прашам дали ако на мокра коса ставам малку лак за коса на корените и ја исушам со фен, ќе постигнам волумен? зашто ептен глупо изгледа слпесната во корен, надолу како буф..
Јас кога бев последен пат мене фризерката ми рече ако ја миеш косата 2 пати недело по 1 шампон, ако ја миеш 1 недело - 2 пати шампон. Мене малце ми беше многу 1 недела да не ја мијам со оглед на тоа дека после 3 ден е веќе видливо мрсна, така да си ја мијам по 1 шампон, и немам никаква разлика од тоа кога ставав два пати. Во смисол дека не ми е измиена добро или слично. Сакам да прашам за нијансирање од прилика колку пари земаат?
Мене нешто не ми е јасно во врска со мојава коса, се шишав пред месец дена РАМНО ама не разбирам како може од ништо да ми се промени формата на косата? Значи од никаде ја гледам дека е станата надолу како во шпицови, врвовите не ми се рамни туку баш како да сум ја ретчела намерно во шпицови... имам другарка што така ја шиша и баш како нејзината ми стана по две недели, а јас се шишав рамно... зошто се случува ова, како може туку така формата да ми се промени?
Веројатно е дека ти се кршат влакната, можеби од пеглање или фенирање. А и да не се пеглаш толку често, ако ти се суви влакната и оштетени, се кршат.
Никогаш не сум користела восок за коса! Ве молам кажете ми некои општи работи околу восокот за коса пример: -Зошто се користи? -Кој е поубав? - Што и прави на косата: итн итн....
Ми треба помош бидејќи неможам веќе да ја трпам косата затоа што имам ужасен проблем но ми изгледа на нерешлив. Имав црна коса но долго ја немав фарбано и ја сменив во црвена. Убаво пробав се да направам како што треба, и не е само во тоа проблемот но веќе долго време имам сува коса без сјај крцка кога ќе ја допрам и фатам убаво, секој ден личи како да не е миена со недели ни сјај има ни се гледа убаво како сум фарбана личи како да сум ставила црвена боја пред 5 месеци Ниту можам да ја средам само се плетка, земав шампон за сува коса и најдов еден што беше за да не ми паѓа косата и да нема проблеми да не се кубе и собираат влакна на четката но уште бетер како да стана..Што да правам? Ниту можам да ја пораснам ниту сакам да ја кратам. Решение?
Ставај маска обавезно. Можеш да земеш чичково масло и да го нанесуваш на водена коса како силиконски капки , значи не многу една-две капки, зависи колкава ти е косата. Мене ова ми помогна, имам долга коса и многу суви врвови, посебно сега на ладново уште повеќе ми се суви.
MorbGoth666 Пожелно е да пробаш со чичковото масло.Но,не очекувај голем ефект веднаш,ако ти е премногу сува косата.Ти го препорачувам балзамот на Loreal Total Repair 5.Го користеше една пријателка и имаше добар резултат.После миење на косата користи го спрејот за сува и оштетена коса на Gliss.Нанесувај го од ушите надолу,не на целата коса.Не знам колку ти е оштетена косата,но производите на Loreal не се за потценување и би требало да ти помогне.Доколку го прифатиш мојот совет,пиши за резултатот.Љубопитна сум.Поздравче
Девојки исто и јас си ја правев со вакво трио и косата ми беше преубава но сега кога ја измив ми мириса на киселина ко минивал да сум правела ( ко Veet крема) а на изглед ништо не ми е, се избањав си се исчешлав убаво ама осетив мириса, а на изглед исто ми е супер, сјајна мазна ко ништо да не е (чекав да ми се подзасуши за да видам дали сум ја изгорела) ама беше све супер. Сега ставив маска, две јајца маслиново масло и канатарионово масло. КАКО ДА НЕ МИ СМРДИ?!