^^ Мене ми помогна еден германски шампон од Кам Маркет, 52 денари 500мл. Зелено пакување е нешто има како треви нацртано на него. Нема промашај ке го најдеш. Од La ligne фирмата е.
^сега се сетив, мајката на дечко ми ми има кажувано за некој шампон од кам што го зела вели 3,па дури некогаш и 4тиот ден тек ја миела косата. Еее сега ете неа и одговара, инаку знам она маки мачеше нон стоп и се мрсеше. Ќе се чујам со неа и ќе ја прашам како се вика шампонот. Па ете,ако не ти преостане ништо друго,барем пробај,вели дека веќе по 2/3то миење имало ефект.
Восокот се користи за стилизирање на косата и не се мие по нанесувањето. Освен за скротување на разлетаните бебешки влакна, јас го користам и по фенирање/пеглање, за косата да добие сјај и да не се разлетува и електризира толку лесно, бидејќи имам тенко влакно и склона ми е кон разлетувања и ужасии и при најмал ветер. Јас ставам ептен малце, поминувам низ цела коса и одлично е засега. Го имам црвеното кутивче, Тафт чинам дека е. Не претерувајте со восокот, мала количина е ептен доволна, зашто во спротивно се добива тој ефект на мрсна коса кој изгледа многу лошо.
Ако може некој предлог за шампон против опаѓање на косата или било што нешто што ќе ми го спречи опаѓањето бидејќи имам ненормален проблем во врска со тоа косата ми беше премногу густа но почна да ми опаѓа и сега за разлика од претходно имам по ретка коса
Најпрво си купив пантенол ампули за коса од Докторс 50тина денари. Во портокалево пакување, беа 3 ампули во епруветки по 5мл мислам Бидејќи беа малку милилитри за две недели ми се потрошија. Пантенолот за коса го купив од Зегин, 100мл за 85 денари. Колку само повеќе се исплаќа растворот пантенол, отколку ампулите за коса. Памет за друг пат, прво во аптека да си прашвам А, за капките незнам
Девојки, како доаѓа есен мене косата ми станува се посува, па ако може да ми препорачате некој добар шампон за сува коса, не ми е важна цената само нека биде квалитетен. Сум пробала повеќе ама косава брзо ми се заситува од нив. Инаку косата ми е фарбана и не ми е скоро ич оштетена. Само првутот понекогаш ми прави проблеми.
Овој период косата е склона кон опаѓање. Имам приметено секоја година овој период косата ненормално многу ми паѓа. Порано многу ми беше страв да не си останам без коса и купував шампони ова она, ама оваа година ја оставив така. Косата паѓа и доколку често ти е врзана во репче, бидејќи додека ти е врзана неможе постепено да паѓа во текот на денот, туку се паѓа наеднаш и ни стои многу. Иначе мене многу ми помогна Нирел шампонот. 200 мл ти е околу 100 денари. Имам сретнато и пакување од 100 мл ама ништо не правиш со него, ти треба повеќе. Го има по аптеките и поголемите супермаркети. Моја препорака да го пробаш nivea diamond gloss. Јас немав мака со суви врвови со него. Само косата брзо ми се презасити од него. Пробај и шампони за сува коса, незнам да ти кажам кои се добри, лоши, не сум купила таков досега.
Дали смеам да ставам малку пантенол во маската за коса? Или па многу пантенол ќе му дојди на косата ?
Ако прашуваш за купечка маска тие веќе имаат доволно пантенол колку и е потребно на косата, а ако прашуваш за домашна маска можеш да ставиш, не е проблем, не е штетно. Купечките производи од шампони,регенератори и маски веќе содржат пантенол и да додадеш ем ќе биде претерано ем викаат се упропастува содржината на производот и нема ефект.
Немој директо да ставаш парфем на косата тоа ја оштетува,ама стави на чешелот со кој се чешлаш и малку истреси го чешелот и помини по косата...Мене зошто ми беше јак парфемот и после миење ми држеше
Па зависи каква коса имаш. Можеби мене ми е супер едниот шампон, а кај тебе да не е добар. Пробај си со Гарниер, јас имав еднаш Шаума земено и не ми одговараше, ми се направи многу мрсна косата и првут (што не значи дека и кај тебе ќе биде така, бидејќи како што кажав различни коси имаме, па и кожата горе итн.). Ќе видиш со неколку миења дали ти одговара едниот, па ако не земи си го другиот. Или пак почекај некоја друга феминка да ти даде подобар совет од мојот
Овие шампоните отприлика колку пари се? И дали има од ванила ваков шампон? Знам имав како мала, преубо ми мирисаше и сакав да го јадам
Само Гарниер користам шампони, сега го користам од авокадо и никаков е ко метла ми ја прави косава не можам ни нормално да ја исчешлам, иако од овој шампон повеќе ми се витка косата, ама сега друг ќе купам од Гарниер, бидејки сите ми се супер, освен овој од авокадо.Убаво мириса, слатко, но не ми се допаѓа, а и не дава сјај на косата и кога ќе ја измијам, иако добро ја исплакнувам, како мрсно да останува од шампонот.Додека од другите шампони сум задоволна. За другиот шампон, не можам да ти кажам, бидејки го немам користено
Дали знаевте дека циметот може да ви помогне во вашата намера да ја осветлите косата? Еве на кој начин може тоа да го постигнете: Измешајте пола шолјичка мед, чолјичка вода, 2 мали лажички маслиново масло, и 3 лажици цимет. Кога убаво ќе ги измешате состојките, поубаво е да ставите повеќе цимет за поголем ефект, ставете ја маската на целата должина од косата. Оставете ја да делува четири часа. Од оваа маска косата може да ви осветли за две нијанси. (извор boza.mk) Сакам да го пробам ова дали има некој пробано? Моментално ми е темно црвена косата, сакам да ја осветлам малку па да си ставам каефеава боја ми се смачи од црвенава