Значи од кога се фарбав нема ни 2 недели, а веќе коренов почнува пак да ме чеша и тоа не ненормално многу и да ми се мрси уште првиот ден после миењето, ко воопшто да не ми била миена 100 дена. Мислев дека е до шампонот ама го сменив веќе, сега се мијам со Рецепт за мрсна коса, значи дефинитвно не е до то проблемот. Help me
^^ можеби ти е иритирана кожата на главата од нешто незнам што, дали фарба дали шампон сеедно...пробај со некое масло на пример маслиново или кокосово да си направиш масажа на скалпот. Нанеси го на скалпот само не претерувај малку по малку и нежно масирај си ја главата. Остави го пола саат па измиј ја косата. Пробај со некој бебешки шампон или оние на природна база. Или пак можеби те чеша ако користиш доста лак или гел за коса, суви шампони и некои други работи кои се трупаат на скалпот. Мене ми се случува ако сум користела лак за коса 2-3 дена по ред ужасно да ме чеша главата, па тогаш кога ја мијам косата, ставам шампон на дланката и додавам пола лажичка сода бикарбона за темелно да ја исчистам целата коса и скалпот.
Незнам дали прашањето ми е на соодветно место,но сепак тука ке пишувам.Користам балсам за коса скоро половина година на LongBeauty..веке неколку дена косата почна да ми се мрси одма на вториот ден по миењето,инаку си имав нормална коса 2 пати во неделата ја миев.Незнам дали е до балсамот,а шампоните често ги менам затоа неможам да кажам дека е од некој шампон? Некој со сличен проблем,помошш ?
Сакам утре да си ја сплетам косата со повеќе плетенки, но, за да ми стојат повеќе време плетенките сакам гел но ГЕЛ кој Нема да ми прави Првут,Лушпи... Или некој трик да ми стојат барем 2-3 дена "плетенки" ?
^^ Пробај со восок, не е толку штетен како гелот а и поубаво мириса.Ти препорачувам да си земеш од KEUNE, прашај си ја фризерката сигурно има.Или крем гелот на taft.
Да,можно е да ти се мрси од шампоните.Јас имам забележано дека доколку ја мијам косата со потешки шампони веднаш ми се мрси,па избегнувам агресивни шампони. Почни да користиш некои понежни,не толку агресивни шампони и би требало да немаш проблем со мрсење на косата.
сакам да ја направам косата ombre како на овие слики за да ја направам косата вакваа треба со bleach ама јас не сакам да ја оштетуам оти bleach многу се оштетува ако ја направам со боја за коса имам пробано ама не ми фаќа и не излага како тоа на сликите единствениот начин е со bleach . дали знае некој како можам да ја направам без да ја оштетувам многу ?
Бебешките шампони, а најчесто и тие кои имаат проѕирна формула, барем според моето искуство. Јас би ти препорачала да одиш на дерматолог, можеби имаш некој проблем од фарбите за кој не си ни свесна.
Ве молам кажете ми како да ја направам косата денеска не сакам да ја пеглам зошто кога ќе ја испеглам па и на времево надвор како був ми е. Освен врзувањето со репче нешто друго?
Плетенка рибина коска, многу убаво изгледа, а и лесна е за правење. Ако ти е за искачање денски можеш поедноставна да jа направиш, а ако ти е за вечерно излегување тогаш од едната страна можеш некоја интересна шнола да ставиш.
Балсамот и регенераторот се едно исто, а маската има подлабински ефект во однос на регенераторот кој е ефикасен, но послаб.
Ako имаш мрсна коса посебно многу многу маска не ти треба, зашто маските се за регенерација на сува и безживотна коса. Маска нема а да не е мрсна и да не ја подзамрсува косата. Уствари некоја гооолема разлика меѓу нив нема, освен што балсамот или регенераторот обично служи да ја омекне острата коса да се разчешлува полесно и да не се плетка. Маската обично се става на врвовите за да не се сушат и да не расцветуваат. И двете служат за заштита на косата, и реално мислам дека треба да се бира или едно или друго. Посебно ако имате мрсна коса, никако и маска и регенератор па и силиконски капки како шлаг никако. Јас со мојава мрсотија, после миење ставам или само маска или само регенератор или само силиконски капки. Многу многу ставање на косата по мене се виде неефикасно, само безпотребно мрсење.
DigY, најдов неколку туторијали,разгледај ги,се надевам дека ќе ти помогнат. http://www.youtube.com/watch?v=GRzAcnhS53c http://www.youtube.com/watch?v=i2JqhRGJLro http://www.youtube.com/watch?v=PYIbXdYiB1U
Jaс ваква иста фризура си правам со пена за коса. И мојата коса е многу права, не ја држи ниту лак ниту ништо, но кога нанесувам пена на мокра коса исушена само со пешкир е друга прикасна и имам преубави брановидни кадрици кои не се растураат и слободно можам да кажам дека ми траат до наредното миење.