Здраво Кој знае да ми каже каде прават КЕРАТИН ТРЕТМАН со којшто косата 3-4 месеци се обновува а и не треба да се пегла. Една девојка рече со овој третман ке немам потреба од пеглање на косата, само се суши и се чешла Барам во Скопје а и цена ако некој знае
Феминки која е разликата помеѓу лак за коса и пена за коса? За што се употребува пената а за што лакот?
Лакот ти е за да ти се зацврсти косата, а пената за коса ти е за формирање кадрици. Мислам дека има и за исправување, ако не се лажам. Нека ме поправи некоја.
Ај и јас да си ја кажам мојата мака, може ќе ми помогне некој. Имам долга (до пола грб) и густа коса, но не е ни виткана ни сосем права, туку некако искршена само. Никогаш ја немам фарбано, пегла, фен, фигаро ептен ретко користам. Редовно ја негувам со масла, маски, благ шампон, ама горните слоеви како да ги кажам ми се посуви и расцветани, а косата одоздоле не ми е. Фризерката ме среди убаво последниот пат, ама гледам дека пак почнал по малку да расцветуваат. Е баш тие горни слоеви не можам да ги средам, ставам силиконски капки, ама после некое време пак почнува косата да се прчи и да се дува, а посебно на врнежливо, влажно време како што е деновиве. Некој совет како да ми изгледа помазна, полегната да кажам косава, да не се дува, бушави толку позади?
Не знам дали те сфатив убаво. А како ти е шишана косата? Може и тоа да е причината. Ако ти е направен некој степен одзади многу голема е веројатноста да ти се крева цела и да ти се разлетува со оглед на тоа каков тип на коса имаш. И мојата е таква, густа, ни виткана, ни права и знам како мојата коса се однесува кога ќе направам некоја промена. Таквите коси не трпат степени и многу експерименти. Или пак ти се гори горниот дел од што ти е третирана со фигаро, фенови или пегли. Можеби не користиш често ама па баш од тие неколку пати може и да ти се оштети косата зависно од влакното. Мене единствено на тоа ми текнува како причина за твојов проблем.
Да, може да е од тоа како што викаш оти последниот пат кога бев на фризер ми направи благи степени одзади. Немаше друг начин да ми го исчисти метилот, тоа мораше да се скрати. Инаку и јас не експериментирам многу, ама сега така излезе и стварно не знам како да ја средам.
Ако ти е степенесто истрижена да знаеш дека заради тоа имаш метил. Да и кажеш наредниот пат дека не сакаш степени и само метилот да ти го отстрани за да може да си расте нормално косата. Мој совет е да одиш на фризер само за метилот да ти го отрстани и да користиш шапмон за исправување на косата зошто ако ти е прекршена личи како да е повеќе сува и метилот ти доаѓа до израз. Пробај со јајце ако не ти е гад, во комбинација со некое масло за коса. Тоа што ти лета така значи дека е оштетена мене цела ми леташе и ја скратив 10цм, па таму каде што имав степени ни масло не помагаше.
Ме интересира дали фарбата за коса кога ќе и помине рокот на траење станува токсична и мора задолжително да се фрли во ѓубре или нема врска рокот на траење,може и со таква да се фарбам?Благодарам однапред!
Штом е изминат рокот на траење на фарбата се знае во корпа за отпадоци одма. Никако на глава да не се става, постои можност од алергиска реакција и штетни последици по здравјето. Значи во никој случај со таква фарба да се фарбаш, не е случајно напишан на паковката рокот на траење на производот. Со оглед на хемијата внатре во самите фарби задолжително е секогаш пред фарбаењто да се прочита упатството и да се тестира бојата на мал дел од кожата.
atala зависи колку време и е поминат рокот. Неколку дена или недела па и две не прават голема разлика. Веќе ако се работи за поголем период, подобро не ја користи за да не си створиш проблеми.
Сакам за време на летниот распуст врвовите на косата да ги направам сини, как омбре да дојде. Што мислите за тоа? И со што е најдобро да го направам тоа, колор шампон или...??
како да ја оретчам косата освен со степен има ли некој начин, имам плаво-смеѓа долга коса виткана ми е и мн е густа муслам дека поубава ке биде ако ми оредчи малце Некој да ми помогне ?
Единствен начин за да се намали волуменот на косата е да се изретчи на степен со специјална ножица во фризерски салон.За друг начин не знам.
Значи вака.. Јас косата кога ќе си ја измијам, и откако ќе ја исушам, ја пеглам.. Е сега пегланото не ми стои, само првиот ден, вториот ден одма ми се виткаат врвовите. Дали некој знае што да и ставам, за да си остане пеглана како што си е ?
Стави малку силиконски капки и помини низ врвовите откако ќе ја исушиш со фен, па потоа пеглај. Јас понекогаш ставам восок откако ќе се испеглам, сум приметила дека така подолго ми трае.