јас користам витамини Б2,Б6 и Б12 си ги земав од аптека во мали шишенца стаклени и ги ставам во шампонот го мешам убаво оти витамините (течноста) останува на површина и така ги користам и има мн подобрувања,косата ми расте побрзо .
За што,мислам како го користите бекутанот? o.O Инаку јас користев апчиња Б комблекс и шампон од копирава.Имам слушано дека и некои 3Д капки ( ако се викаа така) помешани со Б комплекс апчиња и шампон од корпива многу го забрзувале растот на косата. Моментално јас терам само со шампон од коприва,и забележувам резултати па така и ќе продолжам.
Сакам да се фарбам црвена, ама пред околу 6 месеци последен пат имам ставено кафеава фарба, дали сега ако и ставам црвена би ми фатила? Лани летото ставав плава фарба на кафеавата, да ја осветлам, ама ништо не фати.. Инаку сакам некоја ваква боја Спојлер
Нема да ти фати. Јас кога бев на фризер за да ме прават црвена се немав фарбано долго време па прво ми ставија бланш и тоа бојата одвај излезе и потоа ми ставаа црвена фарба
Оваа нијанса нема шанси од прва да ја добиеш.Од неколку фарбања да, инаку од прва никако не иде нијаансата како на паковката на фарбата. Јас би избегнала бланш и би одела постепено. Која нијанса на кафена боја ја имаш ставено? Со оглед на тоа дека и пред 6 месеци последно си се фарбала, нема ни Ф од Фарбата.
И јас сакав црвена да се направам..а сум црна, па фризерката ми препорача да си купам деколорант т.е отсранувач на моменталната боја што ти е, воопшто не ја гори косата јас го купив и околу 60% црната ми ја отстрани...после тоа по 1 недела се намачкав со најсветла нијанса на црвена фарба и ми фати најмногу во коренот но и цела коса доби црвен отсјај...после 2\3 фарбање веќе добив убава црвена нијанса
Имам голем проблем со квалитетот на косата,многу ми е слаба,со слаб квалитет,ретка,не ми е воопшто густа и многу ми отпаѓаат влакната,па затоа морам да се шишам на кратко еднаш годишно.Исто и многу бргу ми се масти и имам многу првут,а и рано ми се појавија бели влакна во косата.Дали стресот е причина за слабиот квалитет на косата и како можам да го подобрам нејзиниот квалитет?Фала ви однапред на помошта!
Мој совет ти е да испиташ хормони и штитна жлезда на лекар. Онака чисто информативно да видиш дали овие промени во квалитеот на твојата коса не се предизвикани од здравствени причини. За подобар квалитет на косата мора да се пијат втамини од б, е -групата и се разбира соодветнен шампони и соодветен третман за потхранување на косата. Маслата за коса како: маслиново, кокосово, чичково, кантарионово, арганово, невеново и др... Имаат многу убаво и делотворно дејство врз косата и самото влакно. За густина на косата се користи домашен лек од рузмарин и лук. Меѓутоа, прво види си на лекар што како, ако е се во ред можеш слободно да пробаш и со домашни лекови, а има многу во комбинација со витамини. Совет од лекар да побараш, прво. Тоа е мое мислење.
Темно кафена, таква е и мојата природна. И да, веќе ми е паднат голем дел од фарбата, не се баш 6 месеци, сега сфаќам дека е всушност крај на јуни, а се фарбав околу почеток на октомври крајот на септември така нешто. Имам така некои црвени прамени, црвени нијанси, зошто се фарбав црвена една година. Се мислев да одам на фризер, ама па тука во еден салон е изгор мислам дека е околу 600 со твоја фарба да те прави, а со нивна околу 1000 ќе ме фати. А во друг салон немам одено и не знам како ќе биде, последен пат бев кај една друга, од коса до половина ми ја скрати до над гради и се разочарав многу Колку го купи тоа и од каде? Мислам дека има во ДМ ама не знам колку е.
Можеби си во право.Немам осетлива кожа ниту првут ама со хеденов најубаво ми мириса косата. Ќе го сменам некое време па да видам каков резултат ќе има. Ти благодарам
Девојки, другарка ми од Америка ми донесе FULFIX против опаѓање и за побрз раст на косата, меѓутоа ми донесе повеќе отколку што и нарачав. Затоа 3 шишенца ги продавам по многу поволна цена т.е многу поефтина од оваа што ја нудат во Македонија. Ги продавам и сите заедно, но и по едно. Кој е заинтересиран очекувам порака во inbox. Линк за да видите за што станува збор http://www.fulfixcomplex.com/nz2BXazdF/ FulFix® - Нair growth product with Biotin. Get rid of hair loss www.fulfixcomplex.com
Моментално косата морав да ја скратам бидејќи ми беше никаква, ненормално оштетена а на ја ни пеглав ни виткав ни ништо ама многу ми е сува и покрај тоа што користам силиконски капки и на секое второ капење и ставам масла, сега користам шампон од лук на афродита во него ставив две капачиња пантенол раствор, и ампули б1, б6 и б12 по една дали мислите дека би ми се вратила косата во нормална или треба да го сменам шампонот? Некој предлог за убав шампон?
Чекај малце, дај му некое време на шампонот и немој да ги мењаш многу често, нема тоа веднаш да ти даде резултати, треба да бидеш трпелива.
Итно ми е Здраво луѓе ке ве молам да ми помогнете прочитав на кафепауза за осветлување на косата ќе ве молам да ми кажете дали со миење ќе се врати истата боја на косата не знам дали има ваква тема ама ве молам помогнете ми фала http://www.kafepauza.mk/zivot/napravete ... na-kosata/ тука прочитав
Штом се користи хидроген, тоа ти испаѓа како фарбање, значи не, нема со миење да ти се врати, туку со растењето на косата.
бојата ќе паѓа од косата ама целосно нема да излезе , пготово нели ако е темна бојата црна,кафена , кога ќе порасне само , ги кратиш тие делови полека полека и тоа е