А зошто мислите на враќање кога не сте ни почнале со мислење за промени. Сите сакате промени, а никој нема смелост. И што ако не ви се „врати“ вашата боја? Башка, не се променува и онаа која допрво ќе порасне, туку само оној дел кој сте го фарбале.
Да си прашам и тука Дали знаете дали за производи за нега на коса кај нас се наплаќа царина? Сакав да ги порачам овие,од Амазон кај фризерката чинат скоро дупло, па ме интересира дали некој има искуства, општо ?
Имам црна коса (фарбана) и сакам да ја осветлам.Сакам да и ставам 3 % хидроген и да ја држам неколку саати..Но дали ке осветли?? Го пробал некој ова??
Не,нема да ти се осветли. Јас исто имав црна фарбана коса и пробав бланш со 9% хидроген и сосема малку се осветли и потоа отидпв во еднам парфимерија и ми рекоа дека црна коса се осветлува само со 12% хидроген. И така ставив бланш со 12% хидроген и тогаш се осветли баш како што треба ти колку сакаш да ја осветлиш?
Абе се фарбам црна неколку години,ама ми здосади и пробав "природно" да ја осветлам со ц витамин и сода (има а нет многу видеа) и успеав ама малку сега ми е како чоколадно кафава ама сакам уште бидејки сакам црвена да се фарбам.. Идејата за да ја осветлам со хидроген е од овде... http://amyboox.blogspot.com/2012/03/hai ... oxide.html нз сега со да правам
Се зависи и од тоа каква црвена сакаш да се фарбаш. Гледам на линкот што си ми го пратила , и се осветлила косата ама не е ипак многу осветлена , ако на таа боја ставиш црвена може само некој сјај да добиеш. Најсигурно ти е да си ставиш 9 или 12% хидроген со бланш , прво на врвовите зашто најтешко осветлуваат па потоа нагоре и кгоа ќе ти осветли ќе се измиеш и потоа дури ќе се исфарбаш Јас пред 2 години црвена се фарбав и тоа на фирзер тогаш отидов ми ставија бланш и од кога ми стана жолта косата,ме изми и тогаш ми стави црвена фарба од црна вака по бланшот ми испадна косата
Бидејќи ја пеглам косата почесто, врвовите ми изгледаат како расцветани ( а редовно ја кратам косата). Не сакам силиконски капки да ставам оти многу брзо ми се мрси косата од нив. Што друго да ставам??
Врвовите на косата може да расцветуваат и од нередовно стрижење.Пожелно е косата да се скратува на 1,5-2 месеци по 1-2 см особено ако е континуирано изложена на топлина од фен,преса,фигаро и хемиски третман.Наместо силиконски капки пред употреба на преса,нанеси спреј за заштита од топлина.
Пред миење можеш да нанесеш маслиново масло на врвовите, малку да ја ревитализираш косата, после миење да нанесуваш регенератор или маска, пред користење на фен или пегла користи спреј за заштита од топлина ... Силиконските капки на каква коса ги нанесуваш? Ако ги ставаш на мокра и само на врвовите, не би требало да ти ја мастат косата.
Ќе ти успее , ама земи 6% хидроген .Само биди стрплива .Земи некое празно шишенце со прскалка и прскаја косата пред да се бањаш , постои на сонце 1-2 часа.1 шишенце хидроген од 100 мл ќе ти има за 2 пати .По 3 недели очекувај резултат.Хидрогенот може да го разредиш со вода.
Јас кога имав првут си зедов Шаума машки шампон против првут,верувај косата ни П од првут немаше.Ама многу ми се мрсеше. Го зедов тој бидејќи несмеам да користам ХендендШолдерс Али сума сумарум задоволна бев
Сакам да ја забрзам постапката (пукнав за да се исфарбам црвена ) па планирав да ставам 6% хидроген и да го држам на глава 2-3 саати.. Се надевам ќе ми успее Сепак ФАЛА
Исто ќе ти биде , и да ставиш 6% хидроген па да го држиш 3 часа и да ставиш 12 % па да го држиш 40-50 мин Слушај ме,јас во моиве 10 год фарбање имам сменето 100 пати боја од црна па така да сум искусна. Можеш да заислиш дури на фризер кога бев за да добијам црвена боја, на некои делови црното остана и покрај тоа што ми ставија 12 % хидроген со бланш црното не излегуваше со ништо тие делови морав да ги скратам подоцна зашто наку шарена ќе бев Црна коса многу тешко осветлува , може да добиеш некоја нијанса посветла ама за да ти фати црвената нема шанса. А хидроген без бланш воопшто не осветлува , така да не се надевај. Не сакам да те разочарам ама само сум искрена. Косата како така и 6% и 12 % да ставиш малку ќе се оштети на врвовите па тој дел ќе мора да го скратиш како сакаш,јас ти дадов совет , со среќа па пиши што ќе направиш
Жени црвен сјај од коса како се вади ? Пола ми е со црвен сјај пола е мојата природна ја пуштав до сеа , сакам да ја осветлам за неколку нијанси ама да не ми дречи доле црвено горе светло кафеаво
Не се вади никако (освен со бланш) јас пред две години се фарбав црвена но дека не ми се допаѓаше како ми стои се префарбав црна и пак ми се познаваше тој проклет сјај. Чекав да ми порасне косата па да ги ишишам тие делови